Графологија

Член од
8 септември 2009
Мислења
147
Поени од реакции
5
Графологијата се занимава со проучување на ракописот и тој дава психолошки портрет на личноста. Ракописот всушност не е дело на раката, таа само ги следи упатствата кои ги дава мозокот. Поради тоа секој процес кој се одвива во вашиот мозок влијае на начинот на кој ги пишувате буквите. Така ракописот ја рефлектира вашата психологија, вашата сегашна ментална состојба, вашето расположение, чувства и начин на размислување.
Со пишувањето, на хартијата не остануваат само буквите туку се издава и дел од она што се случува во внатрешноста на луѓето.
Графологијата дава информации за сегашната состојбата на авторот како и одредени влијанија од минатото кои влијаат на него, но воопшто не дава одговор за што ќе се случува во иднината бидејќи тоа е невозможно да се предвиди. Единствено ако знаете каква е личноста сега, ќе можете да знаете што можете да очекувате од неа во иднина.
Денес графологијата најчесто ја користат луѓето со цел да се запознаат подобро себеси и луѓето кои ги чувствуваат блиски. Многумина се обраќаат кај графолог за да дознаат дали личноста која ја одбрале за животен партнер е вистинската. Резултатите се вчудоневидувачки и често луѓето и не веруваат во тоа како е можно да се добие толку точна слика за нив и тоа само од неколку напишани реченици од нивна рака.


Дали мислите дека навистина Графологијата може да го открие сето тоа за било која личност?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
...па добро, имало тема да не отворам друга,

графологијата
... има примена не само во криминалистиката и судско вештачење, туку и во медицината, затоа што ретко некој може да примети дека ракописот на луѓето е подложен на промени не само од расположение или стрес, туку воопшто некои здравствени проблеми се согледуваат и во ракописот, како што се ситуација при покачен адреналин при стрес, срцеви болесници, психопатски личности, при хипертиреоза, алкохоличари, наркомани, неурози, хистерични личности, хипохондер, Паркинсон, деменција.
... посебна примена има при психолошка анализа на некоиа личност со анализирање на ракописот укажувајќи карактерни особини на особата која пишала, дали е лажов, добронамерен, штедлив, строг, ладнокрвен, егоист, добронамерен, срамежлив, сексипилен, песимист, брзоплет, фантазер, непопустлив, первезен, слабак, нарцис, алфа личност... околу 40 тина особини.

2_izrazito_nagnut_-histericni-480x138.jpg

...изразит кон десно, кос брзоплетен ракопис укажува на хистерична особина!

5_obrnut_rukopis-480x173.jpg

...изразит кос кон лево наведнат ракопис укажува на затворена особа!

ако ракописот не држи хоризонтален тек, туку „паѓа“ надоле тоа значи особата е посебно љубоморна!

ако ракописот е со многу ситни букви особата е често незадоволна, потиштена и ретко радосна!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom