Ракомет - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата DuFFy
  • Време на започнување Време на започнување

Дали пратите ракомет?

  • Понекогаш

    Гласови: 145 33,3%
  • Да, обавезно

    Гласови: 272 62,5%
  • Неам Појма

    Гласови: 18 4,1%

  • Вкупно гласачи
    435
Нивните таленти ги исплескаа нашите среде Скопје, тоа доволно кажува дека се на вистинскиот пат.
 
Нивните таленти ги исплескаа нашите среде Скопје, тоа доволно кажува дека се на вистинскиот пат.
И во Коридалос еднаш салам во 45 минути како магарина загубивме со некој 10 разлика, иако мислам дека сега ако играме лесно ќе ги победиме.
 

Мислам дека целава ситуација ќе има далекусежни последици врз ракометот како спорт, земајќи во предвид колку финансиски се кревки најголем дел од клубовите низ Европа. Клубови како Мешков и ЦСКА Минск од Белорусија, Чеховски Медведи, ЦСКА Москва, Ростов-Дон и др. од Русија беа редовни учесници низ натпреварувањата на ЕХФ низ годиниве и ќе биде навистина тешко да се заменат. Од друга страна тука се и Газпром, Дело, Норд Стрим како компании кои беа длабоко инволвирани во ракометот последнава деценија (помалку или повеќе). Ништо чудно ова да биде последната сезона за СЕХА лигата барем во оваа форма во која што ја знаеме.
 
Последно уредено:
Тоа значи дека Вардар службено ги добива бодовите со Мешков. Русија во женски ракомет би била елиминирана и остава простор за пласман на или Литванија или Швајцарија на престојното ЕП кое ќе биде во Македонија. Женската белоруска репрезентација исто така би била елиминарана (Германките ќе може да здивнат сега).
Белорусија нема да игра двомеч со Фарските Острови, па така Фарските Острови би играле директно со Германија бараж за СП. Русија требаше да игра со победникот од Словачка и Белгија, па кој од нив ќе победи, ќе игра на СП.
Тоа веројатно е што се однесува до репрезентативниот ракомет во машка и женска конкуренција.
А @Chronysync убаво напиша и за економските последици на клубски план, па и можно исчезнување на СЕХА лигата.
 
Војната е најлошата работа ама незнам зошто спортот го инволвираат во сето тоа кога има еден куп Руси што се против војната.
Ама и Белорусија како експресно ја елиминираа од спортски натпревари...
 
Ова е скроз непотребно малтретирање на руските ракометари и ракометарки. Фудбалот иако не се сложувам, до некаде има смисла, ама ракометот... Дали Путин воопшто знае што е ракомет и дека се игра во Русија. :D Не знам што ќе сменат овие санкции, кои само одат на штета на малиот број љубители на ракомет во тие држави.
 
Ова е скроз непотребно малтретирање на руските ракометари и ракометарки. Фудбалот иако не се сложувам, до некаде има смисла, ама ракометот... Дали Путин воопшто знае што е ракомет и дека се игра во Русија. :D Не знам што ќе сменат овие санкции, кои само одат на штета на малиот број љубители на ракомет во тие држави.
а баш Сара Ристовска и ЦСКА се спремаа да ја освојат ЛШ :place::place:
 
а баш Сара Ристовска и ЦСКА се спремаа да ја освојат ЛШ :place::place:
Реално немаат шанси за титула сезонава, има барем 4-5 појаки екипи од нив. Се разбира, се може да се случи на фајнл-фор, но се сомневам дека воопшто би стигнале до таму.
Од следната сезона во ЛШ ќе им се приклучи Цвијиќ, па со уште неколку засилувања шансите за титула ќе им се зголемат.
 
Белорусија ја елиминрале само од еден екипен спорт - кај што е добра! :icon_lol: :cenzura: Во фудбал и кошарка не се, бар засега.
 
 
Белгија ќе иде на СП! :icon_lol: Која среќа, прво ја добија Словачка во баражот, а дека Русија е суспендирана, па Белгија ќе оди директно на СП. Интересна утакмица и уште поинтересна атмосфера (спикерот во еден момент во стил на Мортал Комбат кажува - Finish him!). Со нив сме играле доста квалификациски дуели и стално сме ги победувале, мислам во една прилика и 44 гола дека им дадовме. Да ја поминеме Чешка, па со Белгија во група би било супер!
 
Каков циркус испадна ова со Русите. Белгија директно на СП и Германија во квалификациите против Фарските Острови наместо Белорусија...

Грците ги згазија босанците, ќе биде интересно против Црна Гора ама не би требало да ги поминат.
 
Овај Малиос каков играч сам ги тепа Босанциве, првиот натпревар имаше 11 гола страшно изигра, а цела кариера се врти во лиги како Турската, Косовската, Трета Бундес и сега игра за Аргос во Грчка лига..свашта.
 
Литванија и Босна кои беа единствено полошо пласирани од нас на последното ЕП се елиминирани од Израел и Грција. Македонија и Португалија добија потешки противници, ама очигледно најлесно излегоа на крај со нив. Словачка, која пак ќе кажам не знам на кој основ доби трет шешир на ЕП, испадна од една Белгија. Естонија немаше среќа со Австрија. Словенија се мачеше во Италија, а дома некако комотно победи.
Израел ми е пријатно изненадување дека два пати ја победи Литванија. А Босна што изгуби не е изненадување - Обрван им откажа непосредно пред баражот, им фалеше плус Терзиќ (Прце им се пензионира), а не го приметив Малиновиќ (не знам дали играше или не), а и сите тие проблеми што им се вртат во федерацијата си го направија своето. Комплетен контраст од нашата федерација и нашите услови. Од друга страна мислам дека Грците го одиграа максимумот од своите можности и ги искористија сите проблеми што ги има во босанската федерација. Имаат и некој нов тренер (тој на АЕК?) изгледа.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom