Ракомет - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата DuFFy
  • Време на започнување Време на започнување

Дали пратите ракомет?

  • Понекогаш

    Гласови: 145 33,3%
  • Да, обавезно

    Гласови: 272 62,5%
  • Неам Појма

    Гласови: 18 4,1%

  • Вкупно гласачи
    435
Минатата година кога Копенхаген се распадна влезе данска екипа, веројатно и оваа година ќе биде исто, значи влегува Адемар освен ако не одбие.
 
Наместо згаснатиот Атлетико Мадрид, кој е актуелен победник, на “ИХФ Супер Глоуб 2013“ е повикана екипата на Барселона, а Кире Лазаров сепак ќе има можност да ја брани стекнатата титула.
Неофицијалното Светско клупско првенство во ракомет традиционално се одржува во Доха, под покровителство на ИХФ, а оваа година ќе се одржи од 25 до 30 август. Комплетирана е листата на учесници на која се наоѓаат шампионите на Европа (Хамбург), Азија (Ал Рајан), Африка (Етоил), Панамерика (Таубате), на Океанија (Универзитет Сиднеј), како и локалните тимови Ал Сад и Ел Џаиш.
Ждребот ќе се изврши кон крајот на овој месец, а одреден е составот на четирите шешири:
Шешир 1: Барселона (ESP), Хамбург (GER)
Шешир 2: Aл Сад (QAT), Eтоил Спортиве (TUN)
Шешир 3: Eл Џаиш (QAT), Ал Рајан (QAT)
Шешир 4: Таубате (BRA), Универзитет Сиднеј (AUS)
 
ПОРАДИ ЧЕТНИЧКО ЗНАМЕ ИХФ ЈА КАЗНИ РАКОМЕТНАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА БОСНА

18.07.2013 19:25
ihf_logo1-610x457.jpg
Скандал за време на одржување на Светското јуниорско првенство во БиХ.
За време на вчерашната средба меѓу селекциите на Тунис и на Србија, група навивачи ги истакнаа знамето на Рамногорското четничко движење и сликата на Ратко Младиќ. Средбата се одигра во Бања Лука, во салата “Борик“.
ИХФ експресно реагираше и, поради пропусти во организацијата, го казни организаторот, Ракометниот сојуз на БиХ, со 2000 франци.
 
Така и му треба на тепачот! Нека си игра сега со Ловќен у црногорско првенство...
 
ИХФ го избра идеалниот тим на Светското јуниорско првенство.
МВП на шампионатот е левиот бек на репрезентацијата на Шведска Филип Стелмалм.
Најдобар стрелец е Абдулах Алгхарабали од Кувајт, со 65 постигнати гола.
Идеален тим:
Голман: Петер Јоханесон (Шведска)
Лево крило: Андреас Берг (Шведска)
Лев бек: Квентин Минел (Франција)
Среден бек: Пабло Кашеда Гонзалес (Шпанија)
Десен бек: Алекс Душебаев (Шпанија)
Десно крило: Анте Токиќ (Хрватска)
Пикер: Порас Перез (Шпанија)
 
Овај од Кувајт мора да е со Македонски корени, не поминауваме група ама наш е најдобриот стрелец:D
Македонија ни за квалификации не се пријави па група да поминуваме
 
Македонија ни за квалификации не се пријави па група да поминуваме

Не ме свати, на последните првенства во ракомет дали било мажи или жени Македонец бил најдобар стрелец без разлика дали сме поминале група или нес. Не зборувам стрикно за ова првенство.
 
Не ме свати, на последните првенства во ракомет дали било мажи или жени Македонец бил најдобар стрелец без разлика дали сме поминале група или нес. Не зборувам стрикно за ова првенство.
за жени ќе почекаме малку :D
 
Не ме свати, на последните првенства во ракомет дали било мажи или жени Македонец бил најдобар стрелец без разлика дали сме поминале група или нес. Не зборувам стрикно за ова првенство.
Сега и ти ја претера малку....;)
Кастратовиќ беше еднаш најдобар стрелец со 71 гол на женското првенство 97 во Германија...
И Лазаров на два пати беше најдобар стрелец,СП 2009 и ЕП 2012 и тоа е се...
Сме учествувале и на други првенства во двете конкуренции(машка и женска)каде нашите најдобри играчи не биле меѓу најдобрите стрелци...иако биле помеѓу подобрите во оваа категорија...
 
Балиќ ништо со Мешков. Од многу бирање и слава во глава на крајот може и најдобро ќе му е да се пензионира. Според порталиве му нуделе 240.000 тој барал 300.000.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom