Ракомет, Лондон 2012

  • Креатор на темата Креатор на темата Види Фотос
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Во групите кога две репрезентации имаат исто бодови се гледа гол разликата или меѓусебниот дуел?
Епа со оглед на тоа дека Бразилкиве се пред Хрватска, се гледа меѓусебен дуел.
 
Се надевам Норвешка ќе отпадне од Бразил, досадни се веќе со тие златните медали;).
 
Епа со оглед на тоа дека Бразилкиве се пред Хрватска, се гледа меѓусебен дуел.

А како тоа Шпанците се пред Данците во машка конкуренција.Шпанија има подобра гол разлика од Данска а изгуби во меѓусебниот дуел.Како тогаш Шпанија е пред Данска?
Ме интересираше за утре Хрватска-Шпанија зошто Хрватска има +36 и 4-0-0 а Шпанија +19 и 3-0-1.Ако би се гледало гол разлика тогаш во тој случај Хрватска би можела да си дозволи пораз и од 8 голови и пак да се први и да влезат многу поопуштено во тој дуел.

Ок најдов,сепак меѓусебен дуел одлучувал па гол разлика.
 
Србија - Унгарија :D

Натпревар за 1/4 финале... Почнува во 10:30 часот, за од прилика 20-тина минути... Сите кој се будни и кој се заинтересирани да го следат натпреварот, нека постават што повеќе линкови... Фала однапред :)

Еве мала помош од мене, тука има три линка, одберете еден :)
http://www.sportlemon.tv/

EDIT: Има директен пренос на МТВ 1 (y)
 
Кој изгуби си оди се надевам Унгарија ќе биде таа.
СТАНИЧ :D

И со нерешен резултат, Србија оди во 1/4 финале, бидејќи има боља гол разлика од Унгарија :)

11-9 за Србија во првиот дел, Станиќ ја спушти ролетната од голот... Се надевам ќе продолжи така и во второ полувреме (y)
 
Ова е некое чудо, не памтам коа сум станал вака рано :D Бар полувреме ќе си фатам, судбина е нема што друго.
 
14-14 е моментално, ќе биде жустро. Искрено се надевам дека ќе тепаат Србиве пошо поштено ни ја дадоја на Европското, а и овие Унгарциве ни го уништија олимпискиот сон :(
 
Тотално фијаско на Србите, како вице европски првак да не се пласираат во 1/4 финале. Треба да летаат глави, ама ако се знае дека истото и кај нас требаше, не верувам дека ќе бидне нешто и кај нив.
 
Тотално фијаско на Србите, европски шампиони да не се пласираат во 1/4 финале. Треба да летаат глави, ама ако се знае дека истото и кај нас требаше, не верувам дека ќе бидне нешто и кај нив.

Вице-Шампиони ;)

Него, катастрофа второ полувреме... Без никаква идеја во нападот, само кружење на топката помеѓу бековите, пикерот отсечен, крилата се проигруваат само кога имаат вишок играч... Станиќ прво полувреме фантастичен, второ немаше интервенција :(

Катастрофа Олимписки турнир за Србите, имаат квалитетни играчи, индивидуалци, ама мора да се средат... Момир Илиќ игра во Европски Шампион Кил, како жена некоја, 15 гола на турнирот за Капитен и најдобар играч од последното ЕП :facepalm:

Да не се лажеме, тоа што беа второ место на ЕП беше поради домашниот терен... Со оваа репрезентација, Србија на едно ЕП би биле максимум 5-6 место :pipi:
 
Тотално фијаско на Србите, како вице европски првак да не се пласираат во 1/4 финале. Треба да летаат глави, ама ако се знае дека истото и кај нас требаше, не верувам дека ќе бидне нешто и кај нив.

Точно е се, ама на домашен терен не знам колку значи тој успех. Судиите судат како луди, а не е нешто да кажеш посебна екипа, мислам дека реално и не се подобри Бог знае колку од нас, ако воопшто се.
 
Точно е се, ама на домашен терен не знам колку значи тој успех. Судиите судат како луди, а не е нешто да кажеш посебна екипа, мислам дека реално и не се подобри Бог знае колку од нас, ако воопшто се.

Гледај, и ние ги кренавме во облаци нашите после едно ЕП кое бевме да се рече ко-домаќини... И ние сега да играме ЕП во некоја Скандинавска земја да речеме, разигрување за 6-7-8 место би ни бил максимумот, а во Србија бевме на дофат на полуфинале...

Него, во сивилото на Србија, се додадоа и анонимецот Мочаи кој се што шутна погоди, дури несфатливо... И Габор Часар кој во второто полувреме ја растури одбраната на Србија со продорите и лесните голови... Како за крај, и промашувањето на Никчевиќ кое можеше да донесе трошка надеж, бидејќи Унгарија беше со играч помалку, на две минути до крај...
 
Во право си за европското во Србија, бевме ко-домаќини. Ама ние сме проколнати од судиите од европските земји и секогаш не оштетуваат, па затоа следната година во Шпанија и не верувам на голем успех.

Една разлика од европското и олимпијадава, тепаја Србите 4 разлика против Хрватска во Белград, а овде во Лондон што? Ни самите не знаат што претрпеа. И токму поради тоа Хрватска мислам дека ќе земе минимум сребро.
 
Не бе не, овие знаат да тепаат само коа им пее цела сала. Не можеш само со голман да тепаш, па секој играч не може доживотно во врвна форма да биде. А и на Унгарцине голманот се изнафаќа.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom