Гледај, и ние ги кренавме во облаци нашите после едно ЕП кое бевме да се рече ко-домаќини... И ние сега да играме ЕП во некоја Скандинавска земја да речеме, разигрување за 6-7-8 место би ни бил максимумот, а во Србија бевме на дофат на полуфинале...
Него, во сивилото на Србија, се додадоа и анонимецот Мочаи кој се што шутна погоди, дури несфатливо... И Габор Часар кој во второто полувреме ја растури одбраната на Србија со продорите и лесните голови... Како за крај, и промашувањето на Никчевиќ кое можеше да донесе трошка надеж, бидејќи Унгарија беше со играч помалку, на две минути до крај...