Нема некоја соодветна тема па решив тука ќе пишам ,ако мислите дека не и е место тука или не и е место на форумов темава нека иде во канта
Ново провладино радио- „Слободна Македонија“, со своја емисија и Миленко Неделковски
При крај биле подготовките за старт на ново национално радио кое ќе биде финансирано од бизнисмени блиски на власта а ќе се вика Слободна Македонија, објавува порталот Либертас. Фреквенцијата за радиото е најверојатно од култното радио Равел – 96.00 ФМ.
Директор на ова радио најверојатно ќе биде поранешната сопруга на Горан Гаврилов, сопственикот на популарното радио Канал 77. За ова радио, како што објави претходно либертас, задача да направи концепт наводно добил главниот уредник на телевизијата Алфа, Коле Чашуле. Вестите на ова радио ќе ги прават провладиниот портал Курир и ТВ Алфа.
Шоуменот Миленко Неделковски на неговата Фејсбук страна стартот на радио Слободна Македонија го најавува за следната среда на 11-ти. Тој пишува дека ќе има своја емисија на радиото секој понеделник од 22 до 24 часот и секоја среда од 17 до 19 часот.
извор: Либертас