Рачно полирање на алуминиумски бандажи?

  • Креатор на темата Креатор на темата <BaGe>
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 септември 2008
Мислења
166
Поени од реакции
7
Бидејќи земав мерцедес е 220 cdi со фул опрема па бандажите се изгребани па ме интересира како можам да ги исполирам да ги средам малце???
 
Ај создравје да си го возиш. Можеби е подобро полирање со машина поради обртаите, побрзо ќе завршиш зошто рачно со саати и саати ќе треба да полираш и нема да имаш ефект како со машина. Рачно полирање е добро за сјаен финиш и слично. А за средство не знам кое би било добро, но сум гледал дека буквално ко нови можеш да ги поправиш бандажите да изгледаат со машина и добро средство за полирање.
 
Фала брат ама незнам дали ќе може со машина да се исполираат пошо иам чуено дека рачно се полираат со ситна шмиргла па сеа дали треба некое средство едно друго незнам
 
незнам да не те лажам затоа и ја поставив темава да ми каже некој ако се разбира во тие работи
 
Струмикс од некаде ако налета ќе ви објасни...

Мада јас би одел на варијанта полирање со пурол паста (за чистење шпорети). Според муабетите прилично е добра за полирање алуминиум и хром. Е сега јебига, има работа во рачното полирање, има рацете да ти отпаднат од трилкање, зависи колку се комплицирани бандажите.

Јас за мерцедесот имам конкретно вакви бандажи како овај на сликата...

946750123_13_w123_coupe.jpg

па треба да ги поддотерам ако ги возам. А се прилично изрезбани длабени испакнати, има рацете да ми отпаднат за да ги донесам во некој ред.
 
Ако имаат вдбалбнатини подобро е да се пополнат со некој си вид на кит па потоа да се шмирглаат и на крај да се исфарбаат и лакираат
 
Ако имаат вдбалбнатини подобро е да се пополнат со некој си вид на кит па потоа да се шмирглаат и на крај да се исфарбаат и лакираат
Абе не мислев на такви вдлабнатини... мислев на вдлабнатини и испакнатини на самата форма. Погледни како изгледат бандажите на 123-ката. Шпици. Знаеш што значи секоја една по една рачно да ги трилкаш и тинтилиш за да дојдат до сјај?

А да се петокраки, ќе ги средиш одма.
 
за рачно полирање на бандажи-алумински, со некој абразив е нај добро и памучна крпа.... ама претходно се иде со ситна шмиргла-водена шмиргла... добиваат невидено добар сјај, онаков каков што неможе ниедна фарба да извади...

со среќа нека е трљањето рачно... многу напор, време и плускавци ке се појават... јас лично не би се нафатил на рачно полирање... машна нека си превземе улога, ќе си платам...
 
Мојте се петокраки мислам дека рачно ќе ми испадне болље полирањето неголи машински

--- надополнето ---

Ај нека ми е со среќа трљањето знам дека многу ќе се изнамачам ама мислам дека ќе се исплати а иначе по мое мислење мислам дка би требало да почнам со покрупна шмиргла па после со поситна да ми кажеш со кој број на смиргла да ги шмириглам
 
;3689881 напиша:

зависи какви се... и немој со груба шмиргла, ќе ги оштетиш. Почни со некоја P800 или P1000 и на крај заврши со P2000 ако веќе сакаш да шмирглаш. Ама под услов бандажите да не се лакирани. Ако имаат лак, со шмиргла ќе го оштетиш само.
 
ОК ФАЛА БРАТ
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom