Рачни мелачки, сецкалки, дробалки, цедалки, рендалки, преси и др.

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување
Мали кујински помагала,без кој не се може.
Треба да ја извадите тавата од жешката релна - но како,а
- да не ги изгорите прстите
- да не го истурите ручекот
- да не ја натопите ракавицата или крпата во мрсно
- да ви остане релната чиста,море и подот
- да не останат гостите пречекани само со супа-затоа треба
Држач - Рачка, за тави - тепсии и други садови кој немнаат свој рачки и држачи
Picture 862.jpg.Picture 863.jpg.Picture 864.jpg.....
Како вие се снаоѓате во овакви опишани ситуации,имате ли ваков држач-рачка.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ION
Picture 866.jpg на мелачкава пишува на латиница ТУТИ-ФРУТИ,не знам
„маде ин“,но секако е ретка овдека кај нас. Тоа е мелачка за овошје и зеленчук, за правење сокови од нив,на една страна излегува течноста-сокот,а напред излегуват луспите и семките.Внатре во мелачката има решетка која се менува на разно Фи.
 
Picture 1008.jpg1Picture 1007.jpg2Picture 1009.jpg3
Преси-соковници за овошје и зеленчук,ги одвојуват луспите и семките од сокот.
---------------------
Сл. бр 1. Маде ин Италија,доста жени ја фалат оваа машина-мелачка посебно за домати и правење салце или кечап.Максимално го исцедува-искористува овошјето-зеленчукот.Може и артиклите да ги ставате загреани-жешки.
---------------------
Сл. Бр 2. Маде ин од сите источно европски земји,но и од Украина,Србија и др.
Доста практични и едноставни за употреба. Со метален ваљак се побарани како оние од Бачка Паланка.,или Хунгари.Решетката е по цела должина на ваљакот и брзо го цеди производот.
--------------------
Сл. Бр. 3. Маде ин Болгарија. Пет пари од бивши Ју не вредат. Ни за една употреба.
Ги имаше до вчера во Рамстор(369 ден). Порано до 1992-3 год. имаше други болгарски кој беа цели метални со пластичен ваљак и беа супер-работеа 20-30 год.
Сега има само од овие како на сликава(а тие најповеќе ги купувате и оп во контехнер)
 
Значи темава има јасен наслов,поточно рачни помагала за кујна.
Еве што најдов кај мене во „креденец“,а што има во фиоките од
оние поситни помагала за се и сешто утре ќе видиме.
Како е кај вас што имате од овие работи,а што имате и повеќе.
Кој од овие набројани мелачки најповеќе ги употребувате.
Овде ќе одговориме и на многу прашања,со што е најдобро и
најлесно да се некој артикал-производ правилно припреми.
Со што да се изренда кромид за ќофте,со што да се сомеле
шеќер во прав или да се исецкат смокви, или нешто друго.
Подготвуваме летен македонски пинџур-како е најдобро, со
која од овие кујински алатки:толчен,сецкан или пак мелен.
Сме решиле за ручек да имаме пица,сецкањето одзима многу
време и парчињата не се еднакви, што да употребиме тогаш.
Имам уште многу некој работи што треба да ги покажам, пр.
кое ренде е најдобро или кое сецко за помфрит е и за долга
употреба. Точно така има многу работи што ќе ги купите а се
само за украс,најповеќе по тезгине ама и во Веро и Рамстор,
е слична состојбата,купувате кршач за ораси а со него ништо
нема да скршите освен него значи треба да се вика самокршач.
Така да некој работи од свекрвата може да бидат попрактични.
Ајде и прашајте: со што да сомелам тоа и тоа,што е ова и сл...

anco, ти друже навистина имаш премногу “машинки “ сецкалки.... или отвори сопствен или најдобро сврзи се со музејот Crastan http://www.crastancaffe.com/

62ec4748a6e43a327467bcb1e781d099.jpg
 
@cool@
Picture 1068.jpg.Picture 1070.jpg.Picture 1071.jpg Е ова го немаат
------------
Е ама за овие од овој тип на мелачки и со таа намена-вечерва отварам посебна тема,
инаку,кај ти ја знам да се таму уклучам или пишам нешто, не ме бива за тоа-незнам.
Ако сакаш само ти и ако можеш,прати ја онаа слика до тие музеи онаа од погоре (21)
Титан-да видиме што ќе одговорат-мислам имам таква дупликат и е доста интересна.
 
Picture 1116.jpg.Picture 1117.jpg.Picture 1118.jpg цреши,вишни,сливи,
а богами и маслинки кога треба за да ги извадите семките ви треба едно од овие...
 
Picture 1580.jpg Да ја ставам оваа на тезга,сите ќе прашуваат е што е ова,а се гледа што е, ај да е некој дел од Аполо,ама ова?
Горен дел инка-пластична бела,тука ставаш:домати,праски,кајсии,цвекло.киви,јаболка и др.
Во чело под белиот прстен,тука излегува-тече сокот (чист сок без семки и луспи)
Позади странично белата завртка, таа се штелува колку да се исфрлаат семките и луспите.
Доле бела пластична кутија, тука се собираат-паѓаат семките и луспите од овошјето и селенчукот.
Внатре од почетот се гледа челно па до крај до рачката има метален ваљак,кој меле наназад кон рачката.
Внатре под белиот прстен инката има ситна решетка која го двој сокот од семките и луспите.
За кечап и фруктал е измилсена (произвоство е од некоја земја од бившиот Варшавски сојуз и од тоа време)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom