Работнички - Лацио

  • Креатор на темата Креатор на темата AleKostov
  • Време на започнување Време на започнување

Кој е победник на првиот дуел во Рим?

  • Вкупно гласачи
    145
4то коло е исто како групи да сме поминале.

И да, до кога бе ќе ги мешате навивачките групи по темиве и кој колку гледачи имал ?
 
Да изгубевме барем со 2 разлика бар трибините да се наполнеа малце на реваншот ама со 6 тоа е многу, ке бидам зачуден ако бар една трибина биде полна !! и 100 % сум убеден дека нема да играа ни една звезда од лацио на реваншот во скопје !
 
Добро сме поминале. :)
Ај нишо страшно, и онака во споредба со нив Работнички е аматерски клуб. А и Лацио е прилично силен тим.
Ова ќе им послужи на младиве како јако искуство против еден многу сериозен тим од Европа, и можеби од некој од настапиве и да успеат да се продадат во странство. Да бидеме реални ова се можностите на мак. клубски фудбал во моментов. Добро можеби можностите ни се да не примиме толку многу голови, али што е тука е :)
 
Дебакл за "романтичарите" на "Олимпико"
44237793BA8AE643AADA52D605CB3C99.JPG
Ниту одбраната издржа, ниту желбата да се замине со постигнат гол на "Олимпико" се исполни, ниту видовме нешто од мак-фудбалот, ниту, пак, Работнички воопшто имаше некаква можност да парира на големиот Лацио на синоќешниот прв натпревар во Рим од плеј-оф рундата во Лигата на Европа
Македонскиот претставник и покрај желбата и надежта на сите нас за резултат кој ќе остави интерес за реванш средбата во Скопје, сепак, сосема извесно, во голема мера очекувано, против еден од најголемите европски клубови ќе ги заврши своите летни европски активности.
"Лацијалите" синоќа на својот "Олимпико" го демонстрираа значителниот квалитет на своја страна наспроти "романтичарите", кои дејствуваа тотално немоќни и покрај најавите за атак кон противничкиот гол.
Од Рим, Италија
Владимир Булатовиќ
ЛИГА НА ЕВРОПА - ПЛЕЈ-ОФ РУНДА (ПРВ МЕЧ)
ЛАЦИО - РАБОТНИЧКИ 6:0 (2:0)
Стадион "Олимпико" во Рим. Гледачи: 25.000.
Стрелци: Хернанес 20', Маури 39', Сисе 51', Роки 85', Клосе 89' (Л). Ж. картони: Најдоски, Петровиќ, Д. Велковски (Р)

http://www.sport.com.mk/?ItemID=1FA9BA920438A140BFFD53B4526AAF1C
 
Глеам уште стои анкетава отворена, ќе гласам за Работнички, чисто ради естетика. :)
 
Јас сум на Градски за реваншот....заслужуваат дечкиве барем толку.
 
Колку што беше национален интерес Вардар да биде подобар од Спарта Прага во 2003, исто толку мене како Македонец ми беше значајно Работнички (фудбалски клуб од Скопје - Македонија) да се престави во најдобро светло против Лацио (фудбалски клуб од Рим - Италија). Значи без разлика за кој клуб од Македонија се работи, кога настапува под македонско знаме симпатиите на Македонците по дефиниција би требало да бидат наклонети кон него. Нема тука делби за Шкендија, Ренова, Работнички не навиваме, а Вардар е заштитена поларна мечка па иако го нема 4 години во Европа требало да се има посебен респект кон него затоа што имал најбројни навивачи.
Додека најтрофејниот македонски клуб хибернираше, последниве 5-6 години Работнички беше клубот кој колку-толку го одржуваше рејтингот на македонскиот клубски фудбал. Со рејтингот што го имаме како 39-та по квалитет прва лига во Европа и не е чудо па најмалку е срамота кога наш клуб губи со каков и да е резултат од клуб кој завршил на 5 место во лига која по рејтинг е во првите 4 во Европа.

Ќе се навратам на компарацијата со навивачите т.е. колку еден клуб е "вреден" ако има верни фанови.
Комити се бренд тоа е факт, Чкембари оставија свој печат, Мајмуни имаа светли моменти.
Но што корист од сето тоа кога клубот кој го поддржуваат Комити не бил шампион од 2003, максимален дострел последниве пет години му е 4 место, а лани се надмина и самиот себе и својот мит па отпадна од Прва лига.
Што корист имаат армиите навивачи кои пред повеќе од деценија навиваа во Прилеп и Битола кога нивните миленици сега ќе ги храбрат на дерби во Втората лига.
Затоа ако не сакате и ултрас движењата да ги рангираме како што биле рангирани клубовите што ги поддржувале во блиско минато, престанете со тие споредби и изедначувања на квалитетот на клубот со квантитетот на фановите.

Од друга страна Романтичарите регрутирале армија млади луѓе кои ќе работат на себе за да постигнат подобар спортски резултат. Очигледно е дека совршено им функционира младинската школа, и остатокот од клубовите треба да го купат тој рецепт за создавање млади таленти.

Во иднина ќе се огледаат и некој млади Дебармаалци на успешниот рецепт на Комити за тоа како да се стигне до респектирана навивачка група, па и Работнички ќе добие подобро организирани фанови. Сепак веќе 20 години ми пречи препукувањето на национална и верска основа кое под итно треба да се исфрли од скандирањата на навивачите, да поработат мозоците на групите на навивачки песни во кои централен момент ќе биде сопствениот клуб и никој друг, да се преработат широката лепеза на македонски народни песни кои би биле певливи за на стадион. Дури тогаш ќе можат Балистите и Војводите да навиваат заедно под едно знаме за Македонската репрезентација, Комити и Чкембари да ја пеат во еден глас Денес над Македонија...

За да не огрее сонцето како Македонци треба од некаде да почнеме, нека биде виртуелната кохезија на форумов само добар почеток за тоа, па да се радуваме сите заедно на спортски успеси на Македонци од секоја точка на оваа света земја. (y)
 
ама ти не си навивач на вардар,ти навиваш за сите македонски клубови..Океј и тоа,али не моеш да не сватиш нас кој сме навивале против работнички цело време сеа да навиваме за него зашто игра во европа :)Да не зборам колку се арогантни луѓето во нивното раководство и се кренаа во облаци после една добра утакмица. Комитит и чкембари ке ја пеат Денес над Македонија,се навивало и заедно пред се како македонци.Али немој да мислиш дека националната омраза доваѓа од навивачите..не брат таква е држава па сликата се пренесува..Затоа уште долго балистите ке си пеат Тоше педер ти се свиѓало тебе или на а ти подржувај ги Ренова или Шкендија :D
 
Реваншот ќе биде чиста формалност, но што е - тука е..
 
Далеку од тоа дека немам македонски клуб за кого навивам, сепак ги поддржувам сите македонски клубови кога играат во Европа.
Јасно ми е дека постои ривалитет помеѓу Вардар и Работнички, и нормално е Комити да гледаат на успехот на Работнички во Европа со мала доза на презир. Тоа не е ништо страшно, сепак вие до детали ги познавате и фудбалерите и раководствата на двата клуба па имате пореална слика. Во краен случај кога ќе преовлада македонското во вас, не дека ќе навивате за Работнички ама ете сепак ќе останите неутрални, бар нема да им сметате кога не сакате да помогните ;)

Ако политичарите ја наметнале националната омраза, и вешто ја кријат со политички фарси и маски на лицата, тогаш навивачите по стадионите и салите даваат најреална слика во кој правец ни се движи државата. Пред две децении се сеќаваат повозрасните во една исто така идилична држава, навивачите се дрзнаа да ја исвиркуваат националната химна на сопствената земја, јасно ни е како заврши таа епизода од историјата на овие простори. Затоа нека се замислат тие што си поигруваат со државни симболи како химната (Супер-куп на Македонија 2011), знамето (Кичево 2010), Тоше Проески...
Нека се преиспитаат за момент да не се користени само како продолжена рака на нечија агенда која нема никаква допирна точка со фудбал.

Затоа за да ја смениме серијата и да гледаме нешто посветло мора на реципроцитетот да му се стави крај, да почне да се возвраќа со позитивни гестови, крајно време е едната страна да престане да ја модифицира "Абре Македонче", а другата да почне од срце да ја пее "Македонско девојче".(y)
 
Толкава земја сме,толку народ сме,а толку омраза владее меѓу нас.Страшно нешто.
Не знам како можат да се ситат другиве навивачи на поразот на Работнички,стварно не знам.
Па ако направеа успех тоа ќе беше заеднички.Немаше да излезе некој од Работнички и да каже дека победата и успехот е само за Романтичарите и крај.Успехот ќе беше на цела Македонија,успехот на сите ќе не направеше горди.
Не се филмајте многу.Не живееме во Англија,во голема земја па да се делиме на навивачки групи,на кланови,на населби и триста курци палци.Живееме во Македонија.И искрено ме боли ташак дали Пелистер,Вардар или Работнички ќе играат во Европа.Битно ми е некој од нив да направи успех за да осетам и јас како е твој Македонски тим да игра во ЛШ или Европа Лига.
 
Нормално нема да сметаме..и мене жал ми беше коа го напунија работнички вчера сакав бар во добро светло да се престават наш тим се..
А за второто,не е само до политичарите верувај, македонија си е длабоко поделена помеѓу нас и нив..единствено нешто што одржава да не пукне е заедничката корист на политичарите да коалицираат и да искрадат што е можно повеќе пари.Не може разбирање со некој што не ја чуствува оваа држава како своја:)..поготово не од група како нас која ја става држава на прво место..:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom