Работи што сите сме ги правеле

  • Креатор на темата Креатор на темата _Филип
  • Време на започнување Време на започнување
Играње "маж и жена" со комшивка, меѓу другото се слекувате и си ги допирате "органите" претежно на возраст од 6 до 9/10 години. Имнитирање возрасни - табуу игра која е мноооогу честа.
лелеле исто и она ми правеше банички и леб од крпи :D :D
иначе имаме со патлиџани мавано по објекти па после сме чистеле за да не ни викаат полиција ... имам запалено нива со еден другар и не знаевме како да гаснеме немавме вода со нас па земавме мочавме на огинот :pos::pos: се газам од смеа кога ќе се присетам на тоа, имаме правено кеси со кал полни и фрлано по дворовите , на еден комшија за коледе му имаме украдено 15 бали слама и 5 снопчиња колци и му ги имаме изгорено во огинот , редено по 20тина метри камења на пругата за да го рушиме возот ,купивме нов фудбал и првото играње помина еден со комбе и ни го сокази пукна фудбалот па кога дојде другиот пат со грутки камења по комбето па бркање , чатали/тенгалца ( не знам кој колку знае за нив ) имаме правено со камења шо се мава и имаат летано и џамови богами итн итн безброј глупости :D
 
Ау колку јаки моменти има на темава....браво,и фала ви што ме насмеавте оволку касно.:pos:

Инаку ја незнам ни сам шо се иаме праено ко мали.....едино Raziel ако ја чита темава,може да ме надополни и потсети,едно време ни беа здружени маалата.:)(нашево маало беше дивјаци,со изорани претходни 20маала:) ,а нивното беше собир од деца кои,според нас личеа на пензионери:D )
 
Во Ѓорче се беше похардкор. Посебно ако живееш на Главна улица.


Другите фрлаат со кеси вода - ние фрлавме со кеси боја за кречење. Повеќето пати тоа беше неуспешно, бидејќи од страв, подалеку од улицата стоиш и презизност помала. Еден од маало, еден ден, погоди директ во шофершајбна. Тоа беше трчање, Усеин Болт не ни беше рамен.

Фрлање на улица со снег? Ние фрливме гума од кола и ќе се направеше сигурно сообраќајка али среќа не се деси тоа. Сепак неколку коли закочија и луѓето излегоа од колите и почнаа да не бркаат. Тоа беше поинакво бегање - директ у подруми. На познат терен - никој не ти може. У бегање се десија повеќе борби за позиција и тоа заврши со неколку скинати маици.

Крадење од дрво, кај нас беше крадење од приколка. Ќе помине дедото коњ со приколка натоварена со бостан, ние одпозади крадеме по нешто и бегаме. Еднаш ни се створи шанса еден во милион. Камионче со сокови застана преку улица. Отворена приколката, никој нема во близина. Трк, земај гајба и бегај. Од тие сокови ми се згади да пијам битер лимон вкус.

Освен клептомани и вандали, ептен бевме по спортот. Си имавме едно игралиште на една ливада, поранешна нива. Се беше убаво али ни се смали од караниците, не беше гол, каменот беше подесно. Па затоа решивме да правиме стативи. Среќа у несреќа, тоа беше 2002та година и сеуште постоеа траги од конфликтот. До ливадата имаше оставен поранешен импровизиран бункер, од големи дрвени гради и вреќи песок. Решивме од гредите да правиме стативи. Цел ден, од сабајле до вечер, ги копавме тие четири дупки. Следниот ден ги поставивме гредите у дупките и настанаа стативи. И ајде профи фудбал почна да се игра, по цели денови. Радоста мислиш ќе ни нема крај, Но не беше така. По една година, се случи крајот на тоа. Таа ливада да ти била со сопственик, кој решил баш тогаш да си обработува. Колку пцуење имаше за тоа кога ни ги сруши нашите стативи. Човекот донесе трактор и рало, јас изора земјата и остана така. Сега на тоа место се наоѓа Европска клиника за очни болести.

За тоа што правев сам, беше поинаква приказна. Си имав доста, сега смешни, навики. Гласот на телевизорот мораше да биде на парен број пуштен. Нинтендото, проработува ако дуваш во дискетата. Не гледај во огледало навечер, ќе те убие Што-и-да-е. Никогаш не газев на линиите кои го делат патот на делови а преку пешачки, само по белите линии газев. Телефон кревав, само по второто ѕвонење. Се обидував да најдам точка на баланс на сите предмети по дома (ова уште го правам ама не до толку како порано) Секогаш сонцето во цртежот, што го цртав, ми беше во десниот горен ќош, и тоа на половина нацртано (одпрвин имаше и лице али после пораснав демек и не беше индивидуа :) ) Станував многу рано, само да гледам Cartoon Network и кога ќе се префрлеше на Сител, бев најнервозен на цел свет. И многу други работи али хеј, 4 саат е, не ми текнуваат...


Уф, темава не е за вакви мислења али ете се решив да пишам вакво нешто, подолго од што мислев. Се надевам дека моето маало не било уникатно па ќе се најде некој со слични работи или нешто од моето што сте го правеле...
 
Ја пошо у главном со машки се дружев, се бутавме у кутии, гулабарници, се качувавме по дрва, се мававме со скапани овошки (некад и со камења), се мечувавме со прачки, после идат пиштолите со дијаболи, крадење овошје по дворови нормално и собирање мали мачиња и други животинки од улица. До ден денес уште се тепам со другари шо ги иам одамна :icon_lol:
 
Ѕвонење на сите станови у зграда и бегање.. исто и тропање на џамови по куќи.. :tapp::pos::pos:
 
Играње "маж и жена" со комшивка, меѓу другото се слекувате и си ги допирате "органите" претежно на возраст од 6 до 9/10 години. Имнитирање возрасни - табуу игра која е мноооогу честа.

Ова беше играта мајсторе, риспект кај ти текна :icon_mrgr:
 
Правење дома тунели, шатори и бази од ќебиња заглавени во столици :icon_lol: Ова мислам кој не го правел, не бил дете : ))))))
 
3_The_competition_was_not_only_about_rock_climbing_but_also_about_door_climbing.JPG


Ова дефинитивно не се заборава :)
 
А кој правел пачки? Кога ќе ми текне ко дете со едни двајца другари се специјализиравме во изработката на пачки и после на цреша кај другарот навечер и гаѓај во комшиите што поминуваа:pos:
 
Го запалив на татко ми југото...буквално.Почнувајќи од касетите од Џорџе Балашевиќ.
 
Me интересира од каде го знаевме/знаат кључниот моменат!?

Немаше кључен моменат, едноставно се враќаш од работа во на комшијата куќата и му ја пердашиш ќерката, во овој случај твојата жена :icon_mrgr:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom