Во Ѓорче се беше похардкор. Посебно ако живееш на Главна улица.
Другите фрлаат со кеси вода - ние фрлавме со кеси боја за кречење. Повеќето пати тоа беше неуспешно, бидејќи од страв, подалеку од улицата стоиш и презизност помала. Еден од маало, еден ден, погоди директ во шофершајбна. Тоа беше трчање, Усеин Болт не ни беше рамен.
Фрлање на улица со снег? Ние фрливме гума од кола и ќе се направеше сигурно сообраќајка али среќа не се деси тоа. Сепак неколку коли закочија и луѓето излегоа од колите и почнаа да не бркаат. Тоа беше поинакво бегање - директ у подруми. На познат терен - никој не ти може. У бегање се десија повеќе борби за позиција и тоа заврши со неколку скинати маици.
Крадење од дрво, кај нас беше крадење од приколка. Ќе помине дедото коњ со приколка натоварена со бостан, ние одпозади крадеме по нешто и бегаме. Еднаш ни се створи шанса еден во милион. Камионче со сокови застана преку улица. Отворена приколката, никој нема во близина. Трк, земај гајба и бегај. Од тие сокови ми се згади да пијам битер лимон вкус.
Освен клептомани и вандали, ептен бевме по спортот. Си имавме едно игралиште на една ливада, поранешна нива. Се беше убаво али ни се смали од караниците, не беше гол, каменот беше подесно. Па затоа решивме да правиме стативи. Среќа у несреќа, тоа беше 2002та година и сеуште постоеа траги од конфликтот. До ливадата имаше оставен поранешен импровизиран бункер, од големи дрвени гради и вреќи песок. Решивме од гредите да правиме стативи. Цел ден, од сабајле до вечер, ги копавме тие четири дупки. Следниот ден ги поставивме гредите у дупките и настанаа стативи. И ајде профи фудбал почна да се игра, по цели денови. Радоста мислиш ќе ни нема крај, Но не беше така. По една година, се случи крајот на тоа. Таа ливада да ти била со сопственик, кој решил баш тогаш да си обработува. Колку пцуење имаше за тоа кога ни ги сруши нашите стативи. Човекот донесе трактор и рало, јас изора земјата и остана така. Сега на тоа место се наоѓа Европска клиника за очни болести.
За тоа што правев сам, беше поинаква приказна. Си имав доста, сега смешни, навики. Гласот на телевизорот мораше да биде на парен број пуштен. Нинтендото, проработува ако дуваш во дискетата. Не гледај во огледало навечер, ќе те убие Што-и-да-е. Никогаш не газев на линиите кои го делат патот на делови а преку пешачки, само по белите линии газев. Телефон кревав, само по второто ѕвонење. Се обидував да најдам точка на баланс на сите предмети по дома (ова уште го правам ама не до толку како порано) Секогаш сонцето во цртежот, што го цртав, ми беше во десниот горен ќош, и тоа на половина нацртано (одпрвин имаше и лице али после пораснав демек и не беше индивидуа

) Станував многу рано, само да гледам Cartoon Network и кога ќе се префрлеше на Сител, бев најнервозен на цел свет. И многу други работи али хеј, 4 саат е, не ми текнуваат...
Уф, темава не е за вакви мислења али ете се решив да пишам вакво нешто, подолго од што мислев. Се надевам дека моето маало не било уникатно па ќе се најде некој со слични работи или нешто од моето што сте го правеле...