Работи од минатото

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување Време на започнување
VCR.jpg

vcr-ch.jpg


Го чувам и уште работи, мака нема. На децата и внуците еден ден на ова ќе им ги пуштам Дизниевите цртани со кои јас пораснав, сите ги имам на касети. И плус најдобриот Пауер Ренџерс игран филм од 95та, епик муви ! :D

 
Чоколокум и Рум штангла да, а за чоколадото мислам дека веќе не.
Има на мерење со лешници со бадеми, суво грозје и триста салтаниаци. Си ги таман благиве обавезно. Исто и шампита со боза од Шехерезад :cuc:
 
Меѓу другите работи од темава што ме потсетија на детството мора и овие да се спомнат:

%D0%91%D1%83%D1%88%D0%B0%D0%B2%D0%B0_%D0%90%D0%B7%D0%B1%D1%83%D0%BA%D0%B0.jpg


И најдобриот момент од Бушава азбука:

0.jpg


После иде :

71039_364594561584_567826_n.jpg


И на крај секако :

cddvd018.jpg
 
Во времето на Пони точаците:
biciklponyslikao1407224.jpg


Одеднаш станав највечи фраер у маало:


bmx3.jpg

Моите мораа да го отплаќаат чудово на неколку рати :pos:
Ама вредеше за секоја пара и за сите полесни и потешки повреди заработени од истиот, посебно откако останав без кочници.

Потоа, првите чекори во криминалот: крадење пченки. Малку работи се поубави од колективно печење украдени пченки навечер, на „скришно место“. Нормално понатаму приказната преминува во организиран криминал, отсек сливи и цреши, за кои се потребни неколку другари на клучни стратешки позиции и по можност оштетената странка да има преку 80 години. Времиња...

Фудбал на мали голчиња додека не се стемни и кавги од типиот „гол-беше-не-беше-темно-е-не-се-гледа-ќор-си-оди-на-очно“.

Чунга лунга.

Глупавата направа за клучеви со аларм кој се активира на свирка. 8 мелодии кои сите ги знаевме на памет.

Тетрис.

Флипери. Денешно Маме 32. Маме му хебам - 365 (дена во годината) x 50 (денари, минимум) x 10 (години) = 182 500 денари.

Рингишпил. Количиња.

Сладолед на стапче, 10 динари. Лимонада или боза, 10 динари.

Видеотеки, Холивудска Б-продукција, Американ Нинџа со Мајкл Дудиков и Изгубени во акција со Чак Норис, најголеми хитови!

Еди Марфи, комичар број 1 каков што не се родил и нема да се роди (жими тебе).

Ганс енд Роузис или Њу Кидс он д Блок?

Хеви Метал маици и тексас јакни со ХМ стикери. Задолжително глупа фризура.

Локално навивачко дерби.

Патики со Барт Симпсон.

Токи - воки.

Бумеранг.

Вистинска фудбалска топка, црно-бела.

Не љути се човече. Шах направен во КПД Идризово, на преклоп.

Ена Веко.

Меморија!

Серва.

Шетање по кеј со пуканки.

Пеперминт.

Билијард.

Телефонски разговори без престан...

Неисцрпна тема... :)

Некои сакаа bmx точак
И Ристо Бомбата со кучешка тенија
Рамбо, Командос, и една (безвезе) кунг-фу хероина Чајна О` Браен, и да, Џеки Чен со „Божји оклоп“
Топ листа надреалиста
Лепа Брена за фановите со пречки во развојот и проблеми со слухот
сладоледи: Снежец, еден корнет на кој имаше нацртано слонче, и пластичната топка (подоцна Капри, Лени, Тигер итн.)
Уште го чувам некаде приврзокот за клучеви со мелодии, но тој беше тапа - имаше едно кое реагираше на свиреж, многу згодно ако си го затурил клучот
Игри со карти, кои сега мислам дека одат во заборав - покер, бриџ (демек), табланет, бунар, нужник, војна, макао итн.
Risk (имаше една негова варијанта Ризико)
Камај ???
Цевки со кои исфрлавме едни црвени топчиња (плодови) што растеа на дрвца...
подоцна монтки е патики со воздушни перничиња, 501
Стварно неисцрпна тема, за работи кои сега најчесто немаат никаква вредност, освен сентименталната
освен клик-клакот се разбира, тој на секои 20 години станува интересен
 
BMX и ден денес најдобрио точак што сум го имал во смисла на задоволството да се вози таа направа, посебно откако газот ти окапал од возење пони по угорниците :)

Божји Оклоп, еден од најраскажуваните филмови во тоа време :) (y)
 
BMX и ден денес најдобрио точак што сум го имал во смисла на задоволството да се вози таа направа, посебно откако газот ти окапал од возење пони по угорниците :)

Божји Оклоп, еден од најраскажуваните филмови во тоа време :) (y)

Филмови од локални видеотеки, преснимани на касети Х пати, со толку феноменална слика, што немаш абер што се дешава. Ама ако земеш 3 една добиваш гратис...
Сега е толку лесно да симнеш филм, цела серија
И да, хм, Еротика, Вручи кај, Макстрип, Екран, Филтер југославија, MT (ем-те), и Партнер со онаа стварно секси реклама за тоа време
 
хаха, да, пушташ филм и во првите 5 минути од истиот идат тие брановите пошто лентата е снимана веќе 10-ти пат :)
 
Само буржуи имаа вакво нешто. Тие што јадеа кавијар и пиеја џин, ги слушаа „тејк дет“ и Кели Фемили дур збирав педенарки (пет денарки) за да го свртам Мустафа, носејќи избелена маица од Експлоитед :D
 
Само буржуи имаа вакво нешто. Тие што јадеа кавијар и пиеја џин, ги слушаа „тејк дет“ и Кели Фемили дур збирав педенарки (пет денарки) за да го свртам Мустафа, носејќи избелена маица од Експлоитед :D
Sony Walkman иде задолжително со вакви патики мора за да не ти џвака лентите :D
Snapshot%202008-04-24%2017-44-10.jpg
 
А букварот... имате ли некоја слика од него, леле колку сакам да го имам :place:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom