Работа во Германија

  • Креатор на темата Креатор на темата John Burago
  • Време на започнување Време на започнување
Дали има некој што заминал на студентска работа во Германија преку лето?Кои документи ке ми бидат потребни да ги средам на факултет и сл??
 
Знае некој со виза за западен Балкан дали може да се работи било која работа или само по McDonald's, KFC и такви работи?
 
Знае некој со виза за западен Балкан дали може да се работи било која работа или само по McDonald's, KFC и такви работи?
Ако е струката дефицитарна, или нема доволно работници на пазарот на труд, можи.
 
dali znaj nekoj kako e aplikacijata so vizametic za zapaden balkan dali e isto lotarija ?
 
Сега од септември почнувам со работа имам виза за западен балкан после колку време се поднесува за офентал?
 
Сега од септември почнувам со работа имам виза за западен балкан после колку време се поднесува за офентал?
Пред да ти заврши визата, 4-6 недели мислам дека беше. Во секој случај малку порано заинтересирај се да закажеш термин пошто кога ќе одиш или кога ќе се јавиш да закажиш термин ти го закажуваат обично после месец, ако не и јаче (класика за сите институции во прицип).

Со среќа.
 
Aufenthalt (Офентал) шо го викаме македонциве, во превод значи (дозвола за) престој. Така да, ти сега фактички имаш офентал. Можи да ти биди залепен на пасошот, можи да добијаш како картица ко че ја продолжуваш визата. Не менува буквално ништо. За тебе битно е, да имаш 24 платни листи, за Офенталот да ти се отвори, т.е. да можиш да работиш каде сакаш без да бараш дозвола од Агенцијата за Вработување.
Како шо ти кажаа погоре, посебно ако си во голем град, уште вториот месец, пробај да ги исконтактираш Ausländerbehorde за да ти ја продолжат визата (офенталот), оти многу тешко се стапува во контакт со нив. Ако си во помал град, нема да имаш проблем да стапиш во контакт.
 
Јас пак се чудам кога читам офентал на форумов, они цело време за Aufenthalt збореле :pos: Некое гастарбајтерско меме или сленг е ова или? Од Ауфентхалт до Офентал има 200км разлика. Замисли некој Клаус седи во имиграционо и му доаѓа некој му бара Офентал, да може со слушалката од телефонот ќе му смени фаца, којзнае врие внатре :icon_lol:
 
Искуства со вадење на плата (од Wise) тука во Македонија, без девизна?
 
Здраво,

дали може да работам за германска компанија како консултант а да живеам во Македонија. Газдата каде што моментално работам во Германија ми рече дека ќе ми дозволи да се преселам во Македонија, а да продолжам да работам за него, само морам да се распрашам дали е дозволено и кои документи ќе ми се потребни... Дали некој досега имал ваков случај?
 
Дозволено е, распрашај се по фб групите, имаше такви искуства.
 
Јас преф некоја година отидов во амбасадава кај нас и многу културно и опширно ми ги дадоа сите информации што ги сакав. Чисто совет
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom