Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
а некако поише детали како стигна во луксембург? а не само поздрави ке пракаш.... кажи некој детал или име на фирма... и дај една фотка од таму...POZDRAV OD LUXEMBURG.
Eve vtor den kako mi e izraboten, dosega e se vo red.
Utre imam sloboden den, pa da go razgledam mestoto.
pozdrav do site.
На Босанскиот сајт нашите пишуваат дека наводно влегла полиција и ги конфискувала документите и компјутерите,а и изгледа планираат да се организираат за вторник у полиција.Еден од нив има и тел. број оставено.....http://www.capital.ba/uskoro-neboder-visok-kilometar/
POZDRAV OD LUXEMBURG.
Eve vtor den kako mi e izraboten, dosega e se vo red.
Utre imam sloboden den, pa da go razgledam mestoto.
pozdrav do site.
Колку и да се криви дечкиве што дале пари на вакви преваранти, сепак до некаде и ги оправдувам. Колку и да звучи глупо на слепо да даде човек 300-400-500 или колку и да се евра, сепак сигурно тоа не го направиле поради тоа што имаат овде супер работно место па сакаат да заработат некое евро плус во некоја од овие земји што беа спомнати во темава. Тоа го направиле од мака луѓето, мака која ги довела до тоа "дереџе" да поверуваат на вакви луѓе. Лесно е да имаш убава работа, да дремеш цел ден на фејсбук на работа и да пишуваш по форумов дека сами си се криви, но еве да се ставиме на нивно место па да осетиме малку како е. Виделе луѓето дека овде џабе ти е факултет ако немаш врски, џабе ти се квалитетите што ги поседуваш како поединец ако немаш партиска книшка, а доколку истата ја поседуваш тогаш не ти треба факултет, доволно е да имаш поминато една плакатолепачка година. Илјадници луѓе се вработија во администрација, а преголем дел од нив се или од браќава со едвај завршено 4 одд (и тоа едвај завршено со врски), непознавање на македонски јазик или плакатолепачи кои немаат ни К од култура, за образование да не правиме муабет. И што очекувате вие дека во ваква ситуација нема да има луѓе што ќе поверуваат на вакви преваранти, на вакви "аматерски" договори за работа!? Прво и основно државата не им овозможила ништо на нив, па нормално е дека среќата ќе си ја бараат на свој (во овој случај погрешен) начин. Па самата држава ги штити ваквите преваранти, па доколку се одлучат измамените да ја тужат оваа фирма или овој човек, случајот нема да се реши барем половина век, а за тоа време додека се реши (ако се реши) луѓево ќе изгубат 10 пати повеќе пари, волја за решавање на случајот и живот. Таков е нашиов систем за жал, доколку не издадеш фискална сметка ќе дадеш 5 000 евра, а доколку направиш проневера од неколку милиони евра тогаш никој ништо не ти може.
Дечки, се надевам дека на крај се ќе излезе добро за вас, ако ништо друго барем да си ги вратите парите што сте ги дале, а ако дојдете во ситуација државата да ве спасува, тогаш ви посакувам уште ПОГОЛЕМА СРЕЌА!
Сакате совет, не повторувајте ја истата грешка што ја направивте со НАХИЛДО со некој сличен таков, а пари нема да видат тие што дале таму.Подрршка за луѓето барем да си ги повратат парите. Браво, Долрокс, вистината е таа. Само тој што не се соочил со егсистенцијални проблеми во поголем дел генерирани од системо во кој живееме, може да си кажува вицеви на овој форум кој, сепак би требало да биде покорисен со совети ако некој навистина може да им помогне на луѓето. Оти на крај на краиштата, никој не знае што го чека.