Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Дечки јас се качив на Мсц у шоп и на жалост сум на најутепаниот брод Армониа, избегавајте ја Мсц срање е компанијава, у шоп нема многу пари, гостите се претежно италијанци, французи и шпанци, и само 10% од нив разбираат англиски а и немаат воопште пари, се ценкаат за 10 ебани евра
Не ми е проблем шпанскиот го разбирам, проблемот е шо сакаат да се ценкаат за саат од 10 евра и се арогантни и немаат динар скршен у нив, цел круз на овој брод им кошта по 300 евра а ние продаваме саати од 800 евра
...
Инаку доколку мислеше дека само богати луѓе крстарат, како што верува 99% од народот во Македонија, сега заблудите ти се разбиени, и знаеш каков белосветски шљам можеш да најдеш како гостин на брод
Инаку без оглед на тоа каков народ имаш на брод, сите ќе очекувааат услуга на највисоко ниво, и твоите менаџери и твоите гости.
Јас имав таков момент кон крајот на мојот прв договор кога од крстарења кои чинеа по 2-3-4 илјади по гостин спаднавме на крстарења кои беа 300-500 долари по соба.
@Dexter26 имаш работено на брод?
Чек малку... во Коузон колку што знам на одреден период се менуваат луѓето кои ја држат презентацијата, некои ја претставуваат работата како најсупер на свет, некои ја претставуваат како најцрна.Одлично знаеш дека не, но ако си бил на презентација на идиотот Коузон, би се согласил со мене дека типот ептен претерува со потценување на младите луѓе пред кои ја одржува презентацијата. Типот буквално се обидува да те убеди дека си никој и ништо на бродот, како да аплицираш за робија, а не за работа.
Не велам дека на брод е супер, но колку и да е тешко или лесно, сигурно не е онаква зона на самракот како што идиотот Коузон опишува на неговите презентации.
Чек малку... во Коузон колку што знам на одреден период се менуваат луѓето кои ја држат презентацијата, некои ја претставуваат работата како најсупер на свет, некои ја претставуваат како најцрна.
Не знам на кого си налетал па си добил таков впечаток.
Меѓу другото ја имаш темава за да дознаеш повеќе
И за крај да ти ја раскажам мојата приказна:
После 2 години и нешто во државна служба решив да менувам и ми текна дека има работа на брод како фотограф. Не знаев ништо за работата ама тргнав по патот. Не знаев на што ќе наидам, и наидов на 5 дена обука во Мајами со фини луѓе од цел свет со кои идевме на Оушн Драјв, Хард Рок Хотел и Казино... После тоа 5 дена во Орландо на обука во Волт Дизни Ворлд. И потоа дојде пеколот, обука наутро, работа навечер, па 2 човека мањак у тим, па после го имав најубавиот период во мојата кариера, па после тоа пак црн период на најдобро рангираниот брод у свет. И на крај трансферот од Дизни на Ројал Карибиан.
Обично тие што убавиваат со прашања уште пред да се качат на брод не траат долго, добар дел од нив ни првиот договор не го довршуваат.
На презентацијата сум бил два пати.
Во 2011 ја држеше еден дечко кој претходно работел во Казино и зборуваше и за неговите искуства на брод. Типот се уби од фалење како он бил највечи фраер на брод. Работата е тешка, и луѓето што идат таму идат пред се да работат, за кру-бар ако остане слободно време, ама ретко се иде таму. Хигиената на вработените е една од најбитните работи. У принцип вистина зборуваше типот само некако многу а-у и за саат време заврши презентацијата.
Пред некој месец бев на презентација, ја водеше дечко кој работел 9 години во ресторан на брод. Раскажува бавно, без брзање, остава простор за прашања. Многу подобар од претходниот човек што го слушав, и според ова што го кажуваш ти подобар и од Зоран химселф.
------------------
Е сега да те прашам, што би сакал ти да работиш на брод, што имаш работено во земјава/странство...