Работа на брод

  • Креатор на темата Креатор на темата Dzings
  • Време на започнување Време на започнување
значи треба само добро познавање на англискиот јазик ..други работи шо треба да исполнуваш ..и како оди процедурата интервју треба да имаш таму , психички тестови ..???
 
Па се бараат претходно работно искуство, препораки, обавезно. Потврда за неосудуваност. Извештај од детален лекарски преглед. За тестовите не знам, ама сигурен сум дека ќе треба да полагаш Марлинс тест кој ти е за тоа колку го владееш англискиот јазик. Во зависност од позицијате потребен е соодветен резултат на тој тест. За други тестови зависи од компанија до компанија. Јас полагав неколку IQ тестови и неколку тестови за карактер.
 
и тешки се тие тестови за карактер и за IQ и морално е да се има претходно работно искуство? Оти колку што знам одат и многу нови лица што се неискусни..
 
и тешки се тие тестови за карактер и за IQ и морално е да се има претходно работно искуство? Оти колку што знам одат и многу нови лица што се неискусни..
Аааа... зошто зборот „морално“. Отидов да земам безбол палка бидејќи е НЕОПХОДНО да ти ја исчршам тастатурата.

Да не одам офтопик, можеш да направиш и фалц потврди дека си работел ваму-таму. Има доста луѓе кои прават таква финта, или уште посигурно, ако знаеш луѓе по ресторани и слично, побарај да ти дадат препораки за да можеш да аплицираш на брод.

Тестовите за карактер се од 150-300 прашања и не се тешки, само се досадни. Тестовите за IQ се пократки ама и временски ограничени. Последниот IQ тест што го решавав за мојата компанија имаше 50 прашања а само пола саат за решавање. Регрутерката ни кажа да не се секираме ако не го решиме цел затоа што никој не успеал да го реши цел, увек останувале 2-5 прашања неодговорени (некогаш и повеќе).
 
www.yachtbuilding.ro
романциве бараат 5 инженери - плата само 2000 евра месечно за 8 часовен работен ден
одлично знаење на англискиот
CV на мејлов
office@yachtbuilding.ro

за се што ве интересира контактирајте ја elena.mitrescu@yachtbuilding.ro
 
значи треба само добро познавање на англискиот јазик ..други работи шо треба да исполнуваш ..и како оди процедурата интервју треба да имаш таму , психички тестови ..???
Треба само англиски да знаеш и се носи лекарско уверение што ќе ти го испрати компанијата како формулар.
 
Има некој искуство со работа во казино на брод,поточно slot technician?
 
Има ли некој работено во казино како крупије? Сакам да знам колку пари е курсот (доколку е неопходен), и која е минималната возраст за таа работа (на едно место пишува минимална возраст е 17 год., а на друго 21 o_O).Секако и некои други детали доколку ги има..:)
Поздрав.
 
Кај скоро сите позиции на брод во сите компании се бара возраст од 21 година. Тоа ти е полнолетство по амерички стандарди, а најголем број од круз компаниите се амерички.
 
Океј значи се изначитав свашта тука и незнам зошто иако многу се жалат од работа на брод, јас сепак го гледам тоа доста предизвикувачки. Кој знае можда тоа е само дел од мојот карактер. Како и да е иако повеќе е спомнувана коузон, сепак се мислев да се обратам јас до мајоми. Разбрав дека тие побрзо завршуваат работа (другар преку коузон чекаше скоро година за да го викнат и конечно ќе оди сега во март) но ме интересира тој што е запознаен со нив, колкава е и каква е нивната професионалност? Мислам дали помагаат, дали се посветени и се ред редум тоа. (повторно, прашувам бидејќи разбрав дека некои сами се плеткале со документи бидејќи мајоми баш и не им помогнала нај нај) :) Што велите за тоа, околу професионалноста на агенцииве? Сеуште не сум била но имам намера наскоро да се впуштам во ваква напорна авантура. Патем по ова што го читам тука, како да не гледам многу девојчиња што се решаваат да отидат, м? :rolleyes:
 
Па од крај наназад да ти одговорам, на повеќето бродови односот машки : женски е 5 : 1 . Кај мене на мојот брод е 3, нешто : 1.
Мене ми посредуваа Мајоми и сум задоволен од третманот и поддршката која ја добив од вработените таму. Во Коузон се чувствував како „дај ваму 500 денари, па крши глава“.
Во врска со жалењето, никогаш не знаеш што е и како е додека не отидеш таму, затоа што море ти е уникатна средина, не можеш да знаеш дали ќе ти се навикне организмот пред да отидеш на брод. Мое другарче беше фотограф на брод на Карнивал и за 2 недели изгуби 14 кила и цело време му се лошело и слично и се врати назад.
Јас кога почнав да работам на брод првиот месец ми беше пекол, ама после тоа ми се смени екипата, ни се сменија крстарењата и беше ТоБ за работа. Кон крај на договор беше онака, просек.
Патем, ова со жалењето, зависи во која компанија ќе се вработиш, во кој оддел, а потоа од тебе самиот колку си издржлив и спремен за активна работа по 8-14 часови дневно.
 
Tonchie

Здраво, би сакал да ми одговриш на неколку прашања... доколку си послободен и извини што те мачам во овие доцни часови.

Отприлика за работа на брод во европскиве земји (затоа што сум 18 години,а во јуни правам 19) по колку часови се работи, колкава е отприлика платата?

На почеток разбрав дека најчесто се почнува со работа како чистач?

Дали може да бидиме двајца другари заедно на исто место?
 
Tonchie

Здраво, би сакал да ми одговриш на неколку прашања... доколку си послободен и извини што те мачам во овие доцни часови.

Отприлика за работа на брод во европскиве земји (затоа што сум 18 години,а во јуни правам 19) по колку часови се работи, колкава е отприлика платата?

На почеток разбрав дека најчесто се почнува со работа како чистач?

Дали може да бидиме двајца другари заедно на исто место?
Бидејќи денес ми е последен ден во Македонија за оваа зима ќе се обидам да одговорам потемелно што може.

Не знам како соработуваат нашите агенти со европски компании. Другарче мое од средно пред пола година замина да работи за фирма која праќа радници по гифт шоповите на неколку компании, и тој е сега на брод на Коста.

Секој оддел е различна приказна. Во повеќето се работи 12 часа дневно, со тоа што од време на време добиваш морнинг офф, или ивнинг офф. Ако работиш како фотограф зависи од тоа на кој брод ќе те пратат па може да работиш повеќе од 12 часа дневно или помалку од 8 часа дневно. Продавачите од продавниците не работат кога бродот е во пристаниште, освен во хоум порт кога дел од тимот е задолжен за примање и распоредување на робата низ магацини.

Платата зависи од оддел и од позиција која ја имаш.

Тоа со чистач ти е глупост. Чистачи почнуваат да работат шушумиги кои не ги бива за ништо друго. Во зависност од знаења и вештини ќе си бираш соодветна позиција за тебе. Можеш да скокнаш до Мајоми, жените да ти кажат што имаат на лагер и за кои позиции и компании посредуваат. Уште подобро можеш да идеш по сајтовите на бродските компаниии и таму да видиш која компанија што и како вработува, па после сам да си бркаш папирологија (во трошоци за идење на брод додади 3-6 илјади денари за купување на 3 во 1 штампач).

Двајца другари на исто место, лотарија, повеќе шанси имаш у кладилница да добиеш него тоа. Ама на брод ќе запознаеш еден куп нови другарчиња, а со другарчето ќе можеш да си пишуваш мејлови па да споредувате кој како си поминува.

Утре во 4 наутро полетувам за Хјустон. До тогаш прашувај, после тоа поретко ќе бидам онлајн, нешто како еднаш неделно или слично.
 
Tonchie гледам ти си најактивен тука....

Ако сакаш да објасниш каков е тој документ Fit for work certificate кој се бара а не е лекарско?
На моја пријателка и го бараат тоа а не знае никако изгледа ни од каде се вади.
Мислевме по некоја логика дека Лекарското уверение важи за тоа.... способен за работа.... но од таму и кажале дека тоа било друг документ!

Ај помагај ако можеш!
 
Tonchie гледам ти си најактивен тука....

Ако сакаш да објасниш каков е тој документ Fit for work certificate кој се бара а не е лекарско?
На моја пријателка и го бараат тоа а не знае никако изгледа ни од каде се вади.
Мислевме по некоја логика дека Лекарското уверение важи за тоа.... способен за работа.... но од таму и кажале дека тоа било друг документ!

Ај помагај ако можеш!
Од фирмата за која аплицира да работи треба по мејл да и пратат формулар. Мене од Image баш пред некој ден ми пратија еден куп фомулари и тоа само затоа што решиле да сменат нешто во процедурата за вадење лекарско уверение, да си ги имам за следниот пат кога ќе вадам лекарско.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom