Пусто турско

  • Креатор на темата Креатор на темата Mjolnir
  • Време на започнување Време на започнување
Сулејман Величествениот - Законодавецот е најголемиот Султан на Отоманската империја. Телевизиската серија која мометално се прикажува е обична сапунска опера и нема врска ниту со историјата ниту со мозокот.
Отоманската империја за времето на Сулејман, била најцивилизиран дел од Европа. Во Скопје, 1484 е изграден Даут Пашиниот Амам, кога низ Европа многу ретко се бањале.
Предствата дека, Отоманската империја била всушност турско ропство е искривена историска слика направена на крајот на 19 век, во време на распадот на Империјата. Тоа била една космополитска држава, во која во одредени периоди било сосема добро да се живее и во која многу европјани се доселувале.

Поточно по падот на Турците кај Виена 1683 година.Пред тоа Христијаните и немале толку проблеми во империјата.После падот на Турците кај Виена тогаш започнале проблемите.Во секој случај терор се вршело па дали пред или после, тоа не е важно.Важно е дека се случил.Што поради даночниот систем, што поради потребата за да се индустријализира империјата зошто тоа било воена империја.
Во секој случај и колонизациите нивни не биле воопшто малку тоа да се спомене што и не е баш факт што треба да не радува.
 
Поточно по падот на Турците кај Виена 1683 година.Пред тоа Христијаните и немале толку проблеми во империјата.После падот на Турците кај Виена тогаш започнале проблемите.Во секој случај терор се вршело па дали пред или после, тоа не е важно..

Не терор туку масакр-после секое востание аскерот силувал,убивал земал данок во Крв,еве после илинден нели турски аскер ја разровари македонија НО има тука една интересна ситуација "браќава" наместо да ни помогнат.....не поделија а јужниве извршиле и етничко чистење,државен терор па турците не биле толку лоши кон нас колку грциве.
 
Сулејман Величествениот - Законодавецот е најголемиот Султан на Отоманската империја. Телевизиската серија која мометално се прикажува е обична сапунска опера и нема врска ниту со историјата ниту со мозокот.
Отоманската империја за времето на Сулејман, била најцивилизиран дел од Европа. Во Скопје, 1484 е изграден Даут Пашиниот Амам, кога низ Европа многу ретко се бањале.
Предствата дека, Отоманската империја била всушност турско ропство е искривена историска слика направена на крајот на 19 век, во време на распадот на Империјата. Тоа била една космополитска држава, во која во одредени периоди било сосема добро да се живее и во која многу европјани се доселувале.
од кај вакви дезинформации бе жити све 0.о турција најцивилизирана оф мори мајко ... затоа ли турските градови изгледаат на мочка за разлика од европскиве 0.о ?
 
Положбата и во Мариово станала неиздржлива па "во времето кога турската империја била во врвот на својата моќ" односно во "периодот на владеењето на Сулејман Величанствени" (1520-1566 г.), кого "балканските народи го запамтиле како Сулејман Строгиот" Мариовците ја организираат првата Мариовска буна во 1564/65 година, а втората во 1688/89 година.
--- надополнето: 9 јануари 2012 во 17:12 ---
Се разбира додека Нонковиќ и Канал 5 се гордеат со Сулејман Први - Суљо, Хрватите се гордеат со Никола Зрински - државник и војсководец кој цел еден месец го бранел градот Сигет од нападите на отоманските освојувачи предводени од Сулејман Први (100.000 на број наспроти 2.500 на војсководецот Зрински). На крајот градот Сигет е освоен а главата на Зрински отсечена, сепак оваа битка е значајна за христијанска Европа од причина што е пролонгиран походот на Турците и оставен е простор за консолидирање на Европјаните за одбрана на Виена.
 
Мене ми изгледа доста неутрален написов. Историските факти ги кажува историчарот, а новинарот само ги презентира. Поради тоа што територијава тогаш била под негова власт, мислам дека Сулејман треба да не интересира. А серијата не сум ја гледал и знам дека од таму не се учи историја.
 
Македонија веќе е повторно окупирана и тоа да од самите себе си? како? е така со овие турски серии... самите си се продаваме за пари т.е нашиве тв. почнаа со овие турски серии и почнаа вакви некои да пишуваат текстови каде што тогаш течело мед и млеко немој да ме јеб** КОГА ЛИ ЌЕ СЕ ОСВЕСТИ МАКЕДОНЧЕТО? најверајтно никогаш.
--- надополнето: 9 јануари 2012 во 23:52 ---
Т.е све додека има овци има кој да ги стриже.
 
Статијава е за срамота, се згрозив. Не ја мешајте серијата со статијава зошто си нема никаква врска, она што револтира овде е изјавата на Господинот Драги, цитирам :

"- Сулејман е апсолутно позитивен лик. Бил османлиски султан, ја спроведувал политиката на таа теократска исламска држава, која имала цел да го шири исламот, но притоа тој не вршел масакри, геноциди и насилна исламизација на немуслиманското население. Граѓаните што живееле на овие простори останале во рамките на милет-системот, кој е формиран во 1453 година по освојувањето на Kонстантинопол. Тогаш е признаен православниот милет. Во рамките на тој систем, сите немуслимани имаат културна автономија, право да говорат на својот јазик, да имаат свои верски храмови и да извршуваат верски обреди во тие храмови, како и право да се занимаваат со трговија. Единствено немуслиманите немале право да служат војска и да бидат дел од административниот апарат на османслиската држава - додава Ѓеоргиев."
 
Дај бе не претерувајте до толку !!! Турција ни е можеби најголемиот пријател од сите ако ја немаме на нашиот грб ништо не правиме сами ... И јас не ги сакам сериите ама тоа е за прост народ колку да се гледа нешто ...
 
Зашто не бевме под Австро-Унгарско ропство...:facepalm:

Ех, еден век Австриска власт ќе не доведеше барем малце у ред, 500 години турско уште 500 години не може последиците да му ги извадиме, па сега и позитивно треба да гледаме на тоа.
 
Дај бе не претерувајте до толку !!! Турција ни е можеби најголемиот пријател од сите ако ја немаме на нашиот грб ништо не правиме сами ... И јас не ги сакам сериите ама тоа е за прост народ колку да се гледа нешто ...
можеби ни е најголем пријател моментално ама да одбиваш дека порано ни биле најголеми крвници е стварно мн глупо ... и неприфатливо
 
Ех, еден век Австриска власт ќе не доведеше барем малце у ред, 500 години турско уште 500 години не може последиците да му ги извадиме, па сега и позитивно треба да гледаме на тоа.

Чист пример Војводина е многу поубава и посредена од Пашалак, Шумадија и било кој дел јужно од неа. Дури и менталитетот на народот е поинаков.
 
Чист пример Војводина е многу поубава и посредена од Пашалак, Шумадија и било кој дел јужно од неа. Дури и менталитетот на народот е поинаков.
Војводина,Хрватска,Словенија.. Сегде кај допрела турска рака запустила...
 
Дај бе не претерувајте до толку !!! Турција ни е можеби најголемиот пријател од сите ако ја немаме на нашиот грб ништо не правиме сами ... И јас не ги сакам сериите ама тоа е за прост народ колку да се гледа нешто ...

Што има врска тоа што Турција ни е денешен пријател? Тоа ти е исто како да ја поистоветуваш денешна Германија со Хитлер.

И не се прави муабет за серијата.
 
Сулејман Величествениот - Законодавецот е најголемиот Султан на Отоманската империја. Телевизиската серија која мометално се прикажува е обична сапунска опера и нема врска ниту со историјата ниту со мозокот.
Отоманската империја за времето на Сулејман, била најцивилизиран дел од Европа. Во Скопје, 1484 е изграден Даут Пашиниот Амам, кога низ Европа многу ретко се бањале.
Предствата дека, Отоманската империја била всушност турско ропство е искривена историска слика направена на крајот на 19 век, во време на распадот на Империјата. Тоа била една космополитска држава, во која во одредени периоди било сосема добро да се живее и во која многу европјани се доселувале.
Истите бљузготини ги кажуваат и туристичките водичи во Турција, они биле фини и се шетале низ Европа , па така стигнале и до Виена.Нормално по пат биле секаде многу добро прифатени и поради тоа си останале по 300,400 500 години и после сите се уротиле против нив па морале да се вратат таму каде што се сега ( а и тоа не не нивно , ама ајде ).Каква глупост !Не очекував дека и кај нас ќе слушнам ваква небулоза.
:гомце:
 
Минатото не се случило по моја желба. Ние можеме само да ја проучуваме и истражуваме историјата. Даут Пашиниот Амам и денес постои и секој може да го види. Тој Амам служел за бањање.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom