Пушти го, не вреди...

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemiseverue
  • Време на започнување Време на започнување
И сега, прашањето ми е, зошто Тој губи? зошто не таа? :toe: Како е шмизличка компетентна да каже кој губи. Претпоставувам дека е тоа момент на афект, но, јас баш мислам дека таа губи.

Според ова, кога нешто не ми е по мерак, можам слободно да си напишам на форумот, Јове_бт е идиот пошто ми избриша едно мислење вчера, дечкото е глуп едноставно. Така? :lud:


И не би требало тука да запреш, бидејќи ти си непогрешлив, а тој е кретен едноставно. Можеш и ѓубре лицемерно да го наречеш нема да погрешиш. Тој мисли дека те заебал ама наспротив, сам губи бе. Неможе бе никој да ти пререче кога едноставно си безгрешен и апсолутно во право.

:raz:


Двонасочна критика?

-Не денеска.

Во скоро секоја ситуација на конфликт има двајца губитници. Ама помалце боли кога плукаме на раната.
 
Каква е оваа констатација, моето мислење е дијаметрално различно. Оној кој навистина си го имал во срцето, колку и да те повреди секогаш ќе ти биде драг па макар светот ти го украл.

Твојот муабет, мене ми се чини дека е за оние луѓе кои не си им дозволила да ти бидат нешто повеќе од силуети во твојот живот. Можеби грешам, ама јас така размислувам, и така се однесувам. :toe:
Некогаш, но некогаш не... Од љубов до омраза е една мала ронка. А и има луѓе со таков ,,принцип", да ако љубениот ги изигра, нема да му простат и крст на чело. Од лично искуство можам да кажам дека љубовта(зборувам за врска од 2 години која ја имав пред оваа), може да се претвори во негативни чувства, да нема капка љубов и позитивизам во тоа.
 
Кога некој што многу ти значел ќе те повреди и разочара премногу, до срж да те здоболи... верувај, наредниот миг и те како ќе ти стане сеедно. Кога и темелите на врската што си ја градел со таа личност ( сеедно дали љубовна, пријателска... ) ќе се уништат, не останува веќе ништо освен да и туриш пепел.

И покрај спомените на прекрасните времиња поминати со некого сепак на крајот се доведувам до овој став. Ќе одговорам повеќе од љубовен аспект бидејќи најмногу натаму води темата. Значи прост пример: Типот се обидува да остави импресии на девојка која целосно е преокупирана само со себе (егоизам и само егоизам) Зошто типот да се труди понатаму? За да таа и него го повлече во нејзиниот свет, каде само таа е центарот? Сепак ако нема разбирање во врската, нема почит, компромис - нема врска.
Или еве друг сличен пример. Таа е слепо вљубен во него и тој сето тоа го користи во негова полза. Таа одвреме навреме ги сфаќа грешките и тоа му го укажува на него. Тој прави некаков си испад каде подоцна испробува да ја купи нејзината доверба. Као демек отсега натаму нема повеќе лоши испади. Не. Сепак кога тогаш пак ќе се врати играта по старо и подобро е за двајцата што порано да заврши сето тоа. Не за друго, дечкото сепак ќе почне да ја дава вистинската вредност на луѓето - со тоа ќе знае со која би му било поубаво, а и девојката ќе биде ослободена од манипулациите на дечкото а со тоа, послободно ќе дише - ќе има свое јас.
 
јас не викам не вреди туку си викам "има уште 3 билиони други и така ваа има дебел гз:P" (за типки мислам)
 
Многу едноставен одговор ќе се обидам да дадам, а супер е темава. Секако дека секој човек си има одредена вредност, нема човек што не вреди.
Но, дали вреди ја да се "замарам" со некој... Кога за некого имам позитивно и високо мислење, кога личноста ми е драга и се би направила за неа (без разлика дали станува збор за пријател или партнер), и кога истата таа личност 5 пари не дава за тоа што мислам јас, нема смелост ни да крене слушалка, ниту пак да праша било што. Згора на тоа е тотално неискрена...онаа првична слика се искривува за 180 степени и така она убаво чувство се претвора во мачење. Јас секогаш се обидувам да го вратам возот на шините, но ако нема фидбек...тогаш доаѓа моментот, оваа личност не заслужува ни една секунда од моето време и внимание...тука завршува приказната. Што и да наравам енма да вреди. Isn't it obvious
Што се однесува до тоа дали е узречица, според мене не...јас кога ќе стигнам до стадиум да речам не вреди, значи стварно сум ја сватила лекцијата и тоа е тоа. Убаво ми е кога вакви луѓе ќе ги снема од мојот живот, да ми остават време да се посветам на луѓе кои заслужуваат

едит: уште ова го заборавив...за жал не ретко сме слепи за ваквите ситуации, едноставно се надеваме дека нешто ќе се смени, иако абер нема од менување, се гледа и од месечина, ама кој да отвори очи и да види
 
По кој основ тоа луѓето решаваат дека некој не вреди, и не ми викајте дека тоа го кажувате само за да смирите некого или себе?! Зошто го правите тоа, и кои се најважните нешта за некој да “не вреди“?

Секој има своја вредност која не секогаш и во иста мера можат другите да ја проценат. Се зависи од перцепцијата која ја имаме за личноста и впечатокот кој ни го оставил со своите постапки.

Кога ќе изговориме за некого- Тој не вреди-, тоа најчесто го кажуваме во афект, понесени од ситуацијата во која личноста не' испровоцирала со некоја постапка, а не значи дека буквално тој човек нема никаква вредност. Значи само дека тој човек не ги исполнува нашите критериуми и не заслужува ни трошка наше внимание.Можеби за некој друг, истиот тој човек е вреден во вистинска смисла на зборот зошто различно го перципирал или му оставил позитивен впечаток за разлика од впечатокот што ми го оставил мене.

За мене најважни нешта поради кои некој човек не го заслужува повеќе моето внимание и не ги исполнува моите критириуми за вредност се лицемерието и цинизамот кога ќе дојдат во израз во некоја негова постапка преку која тој веќе не доаѓа до обзир да "стапне на мојата територија"
А во однос на тоа ако ме повредил некој мој близок што ми бил во срцето подолго време, не можам лесно да се откажам од него и да речам "не вреди", ќе му дадам втора, трета шанса, па ако не бива ќе соберам сила да му кажам чао пријатно:helou:
 
da se nervirame za sekakvi glluposti za sekoj glupav covek koj probuva da ni go rasipa denot ili momentot..cheeR up i ziveej za sebe i za nikoj dRug....
 
Секој си е вреден за себе, сметам дека е направедно така да ги клафикуваме луѓето. Неможеме сите да вресиме поденакво.... не траба да се проценуваме моѓеби тој што не вреди ништо некогаш може најповеќе да ни помогне во животот.
 
Интелектуална површност и безвредност (стуб), користољубивост и лицемерие. Едно од овие од три е доволно, барем за мене .. Ааа ако е застапник на сите три, тогаш само клада оправдувам !
 
Сум ја слушала оваа реченица често, а исто така и јас сум знаела да ја кажам.
И не е дека некој не вреди,туку едноставно за некои луѓе или работи не треба да се замара човек.И што ако некому кажеме пушти го невреди ќе не послушаат? Не!
Можеби во тој момент ќе го слушнеме тоа - да знам дека е така -, но подоцна ќе постапи онака како што тој/таа мисли дека е најдобро,
зошто и секој човек како индивидуа најдобро си знае за што треба а за што не треба да се бори во животот.
Но исто така да се надоврзам на Crazy in Love тоа дека никој не е повреден од сопственото здравје
во потполност се согласувам:smir:
 
OH GOD DAMMIT!

Кога вие, смртниците, ќе сфатите дека кога сакаш некој, ВРЕДИ СЕ?!
Не вреди..my ass ! (се извињавам за речник)
Да кажеш дека не вреди да се замараш со некој кој ти значел, е лажење на самиот себе !

И јас така се лажам.
Дека не вреди да се замарам со некоја личност што ја сакам, а уствари знам дека вреди.
Ама си се лажам дека не вреди, и дека таа личност губи во животот.
Тоа е и најверојатно најпатетичното и најсамолажечкото нешто што постои на светов, али мислам тоа е едино што може да те убеди и да ти ја врати самодовербата и да ти го зајача егото после спуштање на земја т.е. повреда.
 
Никогаш не се расправај со идиот, ќе те спушти на нагово ниво и ќе те победи со искуство.
 
Хехе Добра реченица- често употребувана, никогаш остварена :smir: Незнам како може некој да не вреди, а сепак да ни значи нешто, но едно знам дека никој не е побитен од нашето здравје.
 
Сите вредат, имаат свои посебни супер квалитети ... бла, бла, бла ... прекрасни личности се ... бла, бла, бла.Контра удар, тој е ________(се што мислите дека е доволно непристојно за да стои таму) ... бла, бла, бла.
Суштински никој од нас не е супер интелегентен за да може да ги елиминира емоциите кога е повреден, лут и разочаран и ја има таа праисконска потреба да се утеши себе дека тој, некој таму, кој што му го направил ова е безвредна личност.Тоа се звучи убаво да си го поправиме егото кога некој ќе ни го повреди, ама проблемот е во тоа што не функционира и најчесто е обратно.
Така што, не гледам поента во тоа да се трошат зборови на празни фрази кои дури не се ни во мода во последно време, тоа е како пластичните нокти, not cool, so please stop fooling yourself, it makes you look stupid.
 
Суштински никој од нас не е супер интелегентен за да може да ги елиминира емоциите кога е повреден, лут и разочаран и ја има таа праисконска потреба да се утеши себе дека тој, некој таму, кој што му го направил ова е безвредна личност.

А ако на некој да биде повреден и разочаран му е секојдневие,па почнува се да доживува рамнодушно?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom