astrion, не го слушај svetovid, ако му е таков никот, тој од светот ништо не видел! Другарството не се цени по тоа кој ќе те понуди со цигара или не, многу покомлексен поим е, ама изгледа дека не знае да го одреди па дава некои описи што не држат вода воопшто. Јас нема да те понудам со цигара ако еднаш ми речеш оти не пушиш, ама тоа пак не значи дека сум ти другар, а и оние што го бараат твоето друштво за цигара не значи дека не ти се другари. И во ред е ако си почувствувал потреба да не пушиш повеќе и си го сторил тоа и си успеал. Неможе никој подобро од тебе да знае што тебе ти треба или не ти треба, сакаш или не сакаш.
Јас само ќе кажам дека не сакам никого да навредам, но некои овде стварно претераа со тресење различни глупости за пушачите, и дека начинот на поставување на темава нема врска со реалноста, не се работи за недостаток на карактер туку исклучиво за желба, избор, ништо друго!