Puma подготвува уникатен дрес за Македонија

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
"ПУМА" ПОДГОТВУВА УНИКАТЕН ДРЕС ЗА МАКЕДОНИЈА

Македонските репрезентативци низ следниот квалификациски циклус за пласман на Европското првенство 2012 ќе бидат во нов уникатен дрес кој за првпат откако соработуваме со еден од најпознатите производители на спортска опрема ќе биде дизајниран и произведен од "Пума" за Македонија.

"Од недела до вторник со претседателот на ФФМ, Хаџи-Ристески, ќе бидеме на состанок во 'Пума' во Виена на кој треба да се договориме околу новиот дизајн на националниот дрес", соопшти вчера на средбата со медиумите в.д. генералниот секретар на ФФМ, Игор Климпер.

"Ќе биде тоа за првпат 'Пума' да изработи уникатен дрес за македонската селекција. Според најавите, ќе подготват неколку предлог-дизајни од кои ќе се одбере најдоброто решение", дополни Климпер, притоа презентирајќи ги и деталите околу подготовката за следниот наш пријателски натпревар против репрезентацијата на Катар, кој на 11 октомври го играме на националната арена "Филип Втори Македонски".

"И средбата со Катар е продолжување од прославата '100 години македонски фудбал'. Прецизниот термин на дуелот сe уште не е определен затоа што се чека информацијата од Јавното претпријатие за стопанисување дали и кога, според најавите, ќе ги отстрануваат големите рефлектори од Јужната трибина. Во секој случај, имателот на ТВ правата 'Спорт 5' треба да го одреди терминот на одигрување на натпреварот", вели Климпер.

По преземањето на в.д. функцијата генерален секретар на ФФМ, Игор Климпер, информираше дека нов секретар на најдобрата наша селекција во иднина ќе биде Марио Ѓурчиновски.

До крајот на годинава, покрај дуелот со Катар, репрезентацијата се очекува да одигра уште еден пријателски натпревар во терминот на 14 или 18 ноември.

"Во преговори сме со неколку репрезентации за контролен дуел во ноемврискиот термин, меѓутоа сe додека не биде официјално постигнат договорот имињата на евентуалните противници нека останат тајна", соопшти в.д. генералниот секретар на ФФМ.
Извор:Тајм.мк

Ќе се земе ли во предвит и идејното решение за дрес на Македонските спортисти што пред некое време го избра Македонија или ќе се оди со комплетно нов дизајн....

Дали ФФМ за ова треба да ја консулитирана и Агенцијата за млади и спорт кој беше организатор на изборот на дрес на Македонските спортисти и да
 
Па нека биде уникат, бидејки по сегашните дресови, не се нешто уникат
 
Па нека биде уникат, бидејки по сегашните дресови, не се нешто уникат

Сакав да кажам, кога одеше кампањата за избор на дрес за Македонските спортисти се избираше уникатен дрес на Македонските спортисти за сите спортови (вклучително и фудбал), така што очекувам дека ФФМ треба само да го даде идејното решение на „Пума“ и тие да направат дрес според она што ние како народ го избравме во таа акција.
 
Уникатни дресови, наместо куси шорцеви нека им дадат мини здолништа, џоа килтови и чорапчиња со подвезици, бидејќи така најдобро ќе ја отсликуваат нивната игра на теренот.

П.С. Ништо не бидна од акцијата со која избиравме дресови за нашите селекции, стандард.
 
Пума под итно да се смени со Адидас Најк или Умбро(најфакмански дресови од прв ден прават).
Ако веќе запнале со Пума, нека си иде се по “темплејтите’’-готовите дресови што ги носат сите. Мене ова ми мириса на некој тежок фуш т.е ќе биде правено по тие изборите за дрес од кои ниеден не чинеше.
 
dres3ac5.th.jpg


Ова го избравме како македонски национален дрес

Види тука
 
A како што гледам само ракометарските селекции го носат овој дрес.
 
A како што гледам само ракометарските селекции го носат овој дрес.

И мене ми беше тоа муабетов, само ракометарките го носат Македонскиот национален дрес, кошаркарите на последново ЕП исто така не носеа. Затоа и упатив прашање до ФФМ имаат ли тие намера да земат во предвит нешто веќе изгласано или пак ќе одат на некои свои варијанти и игноранти.
 
Нели народот избра дрес?
Шо го тупат не ми е јасно. Ептен убав дрес избравме дизајниран од македонец.
Си го сакам тој дрес, Пума доволно ќе направи со тоа што ќе го произведе и готово.
Аман само пари давање на глупости, овие од ффм без грам мозок. Али битно ептен предизвикувачки наслов... УНИКАТЕН дрес. Да не ќе е со боксерици кратки или шо ти знам јас.
Ма ајде беајте, си го сакам нашиот дрес избран од народот!!! :hmm:
 
Аха.... уникатен... жими ланскиот снег.
Колку што памтам досега фудбалериве играле у застарена опрема од Пума, т.е. од минатите сезони. Нека си го земат deffault дизајнот кој Пума ќе го прави за следната сезона и нека си одберат бои. Не знам шо толку го тупат.
Ако веќе запнале да е различен од другите нека им го предложат дресот шо го одбравме, тој е супер, само нека лупне Пума лого на него и готово :toe:
 
ова исто како и песните шо ги бираа се си беше бизнис...... собирање пари :))))))))))

Во принцип се е бизнис, сепак имаше и кулминација со избор на Македонски национален дрес и тука престанува бизнисот. Се оди на нов бизнис со Пума, само што на нив треба да им се даде избраниот дизајн и тука нема што да се тупи. Ем на Пума помалку главоболки да измислуваат „уникатен“ дрес, ем ФФМ ќе допринесе кон стандардизирање на нешто што народот го прифати за препознатливо кај Македонските спортисти . Само треба малку слух од ФФМ и почитување на изборот на народот.
 
Во принцип се е бизнис, сепак имаше и кулминација со избор на Македонски национален дрес и тука престанува бизнисот. Се оди на нов бизнис со Пума, само што на нив треба да им се даде избраниот дизајн и тука нема што да се тупи. Ем на Пума помалку главоболки да измислуваат „уникатен“ дрес, ем ФФМ ќе допринесе кон стандардизирање на нешто што народот го прифати за препознатливо кај Македонските спортисти . Само треба малку слух од ФФМ и почитување на изборот на народот.

да де...

Само шо нашио избор од кај ја најдоа црната линијаа........ и зошто нашиот уникат ме потсека на германски дрес???????
 
да де...

Само шо нашио избор од кај ја најдоа црната линијаа........ и зошто нашиот уникат ме потсека на германски дрес???????

Сега не е време за тоа зошто. Работата е завршена, прифатен е дизајнот, а за вкусовите сега е касно да дискутираме. Лично јас не го сакав тој предлог, мене поубав ми беше оној со стилизираниот лав на предната страна, но го почитувам изборот на повеќето граѓани и го прифаќам како Македонски национален дрес и ќе се гордеам со него и со секој спортист што ќе направи некој позначаен успех во спортот (вклучително и фудбалот). Само сакам ФФМ да почитува нешто за да не се исполитизизирува онаму каде што нема потреба од политика.
 
Оригинален дрес од Македонската репрезентација за 65евра - 9/25/2009

Смешните копии на националниот дрес, навивачите на македонската фудбалска репрезентација, ќе можат да ги заменат со оригинални кои ќе имаат европски квалитет, но и европска цена од 65 евра.
Целото спонзорство на ПУМА кога е во прашање новата фудбалска опрема е околу 580.000 евра, а ФФМ на таа цена доби попуст од 65%. Спонзорството на ПУМА за следните 2 години е околу 200.000 евра. ФФМ ќе отвори фан-шоп откако ќе биде изградена новата зграда. До тогаш оригиналните дресови најверојатно ќе можат да се купат во продавниците на ПУМА во Македонија. Задоволството да се има новиот дрес на Македонија, најверните фанови ќе ги чини 65 евра. Исто така веќе поднесовме барање за патентирање и заштита на официјалното лого на ФФМ. Само така ќе се заштитиме од фалц дресовите кои сега се продаваат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom