BOJ@N
Штрумф Текнувало
За време на редовен ремонт на шестиот блок на бугарската нуклеарна централа „Козлодуј“, биле забележани пукнатини на заштитните цевки на еден од реакторите. Сепак како што соопштуваат надлежните од министерството за енергетика, не е забележано никакво истекување на радиоактивни супстанци. Министерот за енергетика на Бугарија, Трајчо Трајков изјави дека нема простор за паника и дека единствената последица од хаваријата е дека ремонтот ќе се продолжи за 15 дена.
- „Нема место за паника. Хаваријата не претставува опасност за здравјето на луѓето и за енергетскиот систем. Нема да има прекин на струјата. Најверојатно ќе биде ограничен само извозот на електрична енергија“ - изјави министерот за енергетика на Бугарија, Трајко Трајков.
Механичките грешки биле забележани на горниот дел од заштитните цевки. Во тек е проверка на сите заштитни цевки, а формирана е комисија која треба да ја испита причината за настанувањето на пукнатините.
Извршниот директор на нуклеарната централа „Козлодуј" Димитар Ангелов објасни дека досега немало ваква ситуација во 1.000 мегаватната нуклеарна централа „Козлодуј“, како и дека замената на оштетените елементи ќе биде финансирана со средствата на централата.
АЛФА ТВ
А1 ТВ