Океј чекам објаснување како ќе го извадиш цезиумот од ланецот на исхрана , како радијацијата нема да влијае врз сите со оглед дека до крајот на годината според некои извори да се затворат дупките . А тотално демонтирање за 10 години.Баш ме интересира дали со кои аргументи ќе објасниш дека дури и мали количества на зголемена радијација нема да предизвика канцер. Да не се споменува ланецот на снабдување со делови, кои се произведуваат јапонија онли, каде ќе бираме меѓу озрачени делови во нашите компјутери, телефони или неколку месечни прекини на производството на разна електронска опрема. Што пак ќе влијае на економијата а со тоа и на нас. Значи како и да вртиш пак влијае врз нас

.
Сега очекувам , корекции на точки запирки, негирања со една реченица без реални аргументи подржани. И вратоломии од типот
СИТЕ РЕАКТОРИ СЕ ПРОБИЕНИ,ЈАДРАТА СТОПЕНИ.
Исто така случајно заборавање на цезиумот 137, јод 131, терилиум 129 како пронајдени радиокативни супстанци. Цезиумот патем има период на полураспаѓање од 30 години , заштита пруско сино.
Чекам делитирање.
Зошто да го извадиш цезиумот од ланецот на исхрана? Каде сум спомнал такво нешто? Впрочем и врска немам дали цезиумот се употребува како составен дел во храната, како и што не знам која храна е добра против радијација. А тоа што не знам и не го коментирам за разлика од тебе.
Понатаму, не се фурам како тебе со апокалиптични сценарија, кои очигледно ти се многу омилени, видовме во повеќе наврати.
Е сега... да објасниме нешто друго, гледам повторно незнаеш, а спомнуваш (не се навредувај, само те поправам во грешките).
Никој друже нема да увези радиоактивна храна или радиоактивни телефони или да речам уреди кои биле изложени на радиоактивнист. И покрај тоа што ние Македонците, а и Европјаните многу увезуваме од Јапонија... шо да ти расправам.

Сега да ти објаснам нешто друго... за да настане некој дел радиоактивен треба да дојде до допир со радиоактивен извор, или на некој начин да се направи радиоактивен.
Како ќе бидат радиоактивни мобилните што се произведуваат во Токио да речиме? Едноставно треба да бидат изложени на радиоактивност за да се случи тоа, а радиоактивноста е дааалеку од Токио. Дури и да се наоѓаат чиповите на 30 километри од Фукушима и да стојат таму со месеци, нема да бидат доволно радиоактивни за да ни наштетат нам. Сега не ме земај за збор 30 километри или 5-6 месеци... радиоактивните честици не одат насекаде подеднакво, тоа зависи од многу фактори.
Фукушима Нема да влијае на нас. Колку што Чернобил влијаеше, ништо друго што се наоѓа на другата страна на Земјата неможе да влијае толку.
Јадрата се делумно стопени и реакторите се пробиени. Не знам зошто сакаш тоа да го преставиш како демек сум го негирал тоа.
Изотопите на цезиум друже не се опасни освен ако не се внесат во телото и тоа во релативно големички дози.
Радијацијата што ќе го труе човековото тело се алфа, бета и гама... Затоа не се буни да спомнуваш радиоактивни елементи и радијација. Тоа се две комплетно различни нешта.