Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Prasko Karpozov(It’s payback time, bitch! Ти мене ќе ми ја нарекуваш идеологијата „пропадната“... :sneaky: ), човекот кој изрази желба за психоанализа баш во периодот кога ме фати лошиот пмс и сум под дејство на опојни билки (мал вовед со кој ќе се обидам да се правдам понатаму, откако ќе изнакажам што мислам за него :icon_mrgr: ).

Многу маски, многу профили на кајгана, но во ниеден од нив не можеш да го видиш вистинското лице на Праско. Праско е дојден овде да трола во слободно време, но и да си го поднабилда егото. Ова го докажува преку тоа што упорно трча по „крупните“ ѕверки на форумов и им го дудла на некој начин. Кога викам „крупни ѕверки“ не мислам на баграта од администрација(иако има контакти и со некои од нив). Овде Праско начекува прилика за да ја доведе до израз својата интелигенција, најчесто преку тролање, небитно, за да се истакне на некој начин. Така и го приметив на форумов, затоа што е интересно и паметно дете.


Праско е либерален човек, кој се крие позади неговите квази шовинистички постови и неуспешните обиди да ми ја посере идеологијата. Но и покрај она што навистина е, Праско нема јајца да пружи отпор, сака удобство... Дури и по цена на неговата слобода. И затоа свесно се стреми кон тоа да биде голтнат од системот и да „успее“ во него. Велам „свесно“ затоа што човекот е способен за критичко размислување.


Ако ги занемариме овие киксови, Праско е срцка. :)
 
leandra

Ова е тие вистински пример за политичар..ама наравно тука на форум
Таа е типка која те сожалува,но ти си мислиш те респектира...е тука сите кутрина паднале та жени та мажи.
Леандра точно знае што вреди,а што е крш..затоа внимавај.
Пази магија..се конта со сите бугари (демек патриота),а ваму сака шо побрзо да избега од Македонија контадикторно??(и сега се избацуе некој фанатак на леандра)..“Тии бе глуп си,оди лечи се,морон,деген,“....ама таква е нејзината моќ шо да прајме сега то е одлика на квалитетен политички форумски авторитет...

Леандра дефинтино не е типка шо кур му е двор му е,таа одвојува квалитет од кавнтитет,затоа ве советувам нејзинот “лајк“ може да биде онака рутински ради реда,а не дека нешто паметно напишавте.

Тo be continued,maybe..........

Карловиќу дај по една жта не бистри политики :)
 
Ебиветре, се добро шо напиша, се е тачно.:ROFLMAO:

Конформист веројатно, али по потреба. Ако мислиш дека масата, општеството или авторитети ми го диктираат однесувањето и ставовите, се лажиш. Нити пак вака ко се преиспитувам се најдов како слепо следам туѓи идеологии. Тачно е дека сум доброто дете од соседството, но конформизмот кој ме зазудал (го обожавам зборот, кај стигнам го користам) ми е од искуство. Не значи дека по дифолт виткам кичма, не. Сум ја осетил суровоста на животот (и уште ја осеќам) у сите можни лица и заменки. Имам денџер зона и секој кој се приближил премногу почувствувал дека конформизмот ми (чат-пат) е само фасада. Не фасада лицемерна, туку фасада со рок на траење. Прв никоаш не закачам, мразам ко ме закачаат. Премолчувам и ставови кои не ми се допаѓаат, али не за да им се допаднам на истите тие, туку затоа шо сум преокупиран со вистински проблеми кои ми ги носи животот, нејќум да губам живци на глупи створења.

Дали сум добар чоек Windfucker? Не сум. Никоаш и не сум се доживувал ко добар. Секогаш сум се стремел, но никоаш не сум стигнал до статусот - добар.

Ова со жените шо го напиша веројатно е тачно. Ретко сум знаел да загризам здраво. Сум ги оставал ко се заминувале, ко ме оставале. Ме замисле со ова конформизмот и уште си мислам дали е така за љубовјето. Никоаш не дојде ред во мојот живот да се замарам со неа за озбилно. Проблемите мои се биле секогаш од животно прашање, па нејќу да ме сфати некој погрешно, али сум бил со став дека проблемите
у вези љубави енд разменување на течности се за плачипичковци кои животот не ги донел пред ниедно друго искушение. И веројатно сум оставал, така ко шо е. Ме потикна твојот пост искрено, да сменам понашање и да преземам иницијатива. Се надевам ќе ми успее.

П.с Веројатно треба да знаеш дека таков каков шо сум, никоаш не би побарал тапет и дека истиот ми е изнуден:ROFLMAO:
 
Овие денови животот ми е страшно затапен и полн со досада. Би сакал некој од тука да ми направи една психоанализа, меѓутоа под еден мал услов: анализата да биде напишана во емотивен жар и силна емоција. Не ми е битно дали емоциите ќе бидат негативни (омраза, гнев) или позитивни (љубов), едноставно сакам во овие досадни моменти да осетам исклучително јаки емоции. Благодарам.
 
Овие денови животот ми е страшно затапен и полн со досада. Би сакал некој од тука да ми направи една психоанализа, меѓутоа под еден услов: анализата да биде напишана во емотивен жар и силна емоција. Не ми е битно дали емоциите ќе бидат негативни (омраза, гнев) или позитивни (љубов), едноставно сакам во овие досадни моменти да осетам исклучително јаки емоции. Благодарам.

Поубаво излези на плоштад со знак на себе: Free huгs. Осети емоција некаква, ако не ти е доволно, фати некоја за гз, ќе осетиш многу јака емоција..срам:D
Или друга подобра варијанта: Гледај ББ, и гледај ја последната епизода од 5 сезона.:icon_lol:
 
И јас се нудам да бидам анализирана, ако се нафати некој без повратно :)
 
Уба идеја Леандра, лик на тапет да се отвори тема :D Покољ битче

Инаку, знаете, јас враќам за успешно напомената дијагноза за мајселф.

Малком Сабаховиќ ван дам Брусли и остала багра.

Сигурно можеше да избере и подолго име за ник, сигурно и покомплицирано се разбира да може да се издвои од толпата обични. Не ти треба тоа секако се одвојуваш, се приметуваш, сјаеш. Е сега каков впечаток оддаваш е доста дискутабилно прашање.

Малком Сабаховиќ ти е класичен хејтер според дефиниција. Хејтер е лик кој хејта се околу себе и на мајка ти. Беа едно време интересни тие изблици, али Малком како да заглави во тој меѓупериод. А ќе речеш возрасен човек, интелектуалец:

Џиографи даскал. :icon_mrgr:

Да го разгледаме хејтеризмот на Малком од сите аспекти. Малком хејта се, ама апсолутно се. Така му расте по 0,5см на ден.

Така за Французинката која ја силуваа во Скопје ќе рече:
Јако парче?

То ме интересират од приказнава...

За дечкото од Кавадарци кој си ја уби мајка си и ја фрли во контејнер:

Знам дека е шокантно само заради тоа што објавил на Фејсбук. Да не беше така, ќе поминеше се во “нормален ред“.

За старците:
Ние, овде, на ова поднебје, имаме лоша перцепција за староста и за старците, само заради старците од ова, од ова поднебје. Ни прават лоша слика (за нив е реална, ама не е генерална), лош филм.

Покрај тоа што изгледаат како нешто полошо од смртта (старец на овие простори изгледа ко да живеел во 11 век, не само по изглед, ами и по манири и all), туку учествуваат, имаат удел во сјебувањето на животот на младите - нивно побрзо стареење.

Кога ќе ми текне дека random старец од ЈСП e врсник со Роберт Плант...

За навивачите на кошаркарите и ракометарите во Македонија:
Гоцевата раса на секој пораз скока од тераса.

Хехех ќе ги чекаме ли на плоштад после Словенија? На аеродром кој ќе иде? Хеххе

Патриоти, провинцијалци:
Поточно од која провинција ако можеш да ми потенцираш, да видиме кој тоа пратил делегација од провинција на прослава на унитарност, интегралност и сувереност на Република Македонија.

:icon_mrgr:

Ех бре патриоти.
Во еден здив имате „македонски народ“ и „браќа македонци“, зачинето со „горд сум на расата Гоцева“, а одма после тоа ги делите луѓево на провинции, небаре шугави се нескопјаните.

Либерали и хомосексуалци:
Нека бидат либерални и нека ни дозволат нам да имаме заостанати сфаќања, и патот под нозе и нека си се мажат онаму кај што е тоа понормално од нормалното.

Слободен индекс, факултетлии и задолжителни среднисти:
Toa e тоа задолжително средно. И тоа е тој задолжителен факултет.

И на крај, „слободен индекс“ ќе се бори за бесплатно образование.

За на колоквиуми да се ставаат смајли, од тие сега шо шараат по писмени.

Неписмена работа по македонски јазик - Одличен (5)

Македонски производи и компании:

Анима мунди:
Да не беа Аниме Мунди во целава приказна, ваљда самата приказна немаше да биде доволно kewl.
Балашевиќ:
Балашевиќ.

Ама донекаде добро е што постои. Добар показател еЧ чим некој го слуша, ич не прај муабет за музика со дотичниот.



Верувале или не стаса до Нил Армстронг:
Бог да го прости. Умре, а не се сети дали видел ѕвезди ко бил на Месечина.


Шит, шит, шит. Малком се смета себе си за многу повеќе од споменативе групи. Малком може и на Венко Андоновски да му дофрли:
Ако Венко, ако. Уште некоја лопата фрли си...

Да се надмине себе си:
Немам газда. Имам подредени. happy? :vozbud:
Кој учениците?

Да се види од облаци:
Не е точно. Во моите „толку и толку“ години, успеав да ја „афирмирам“ државата многу појќе од гореспоменатиот, за кој освен Македонците, никој не ни слушна, ниту пак дозна на олимпијадата. Како ти на пример што не знаеш за некој јадник од Науру што си го подобрил личниот рекорд. Нели?

Поентата ми е: зошто да не ми даде државата пари за тоа што јас ја афирмирам?

Секако, не на спортски план.

И дури воопшто да не ја афирмирав државата, или никој од нас воопшто да не ја афирмираше, пак ке имавме исто право да побараме пари ко Ефремов.

Сепак, тој бара пари за да ја афирмира државата во иднина, во Рио.

Еве, јас барам пари, помалку од него, нека ми даваат, пак исто/подобро ќе ја афирмирам. Дури и ништо да не направам. Пошо, ни за мене ни за него, ни за тебе нема да чујат во Пасадена.

Тоа е тоа.

И покрај тоа Малком смета дека со приказот на форум спаѓа во критичка мисла:
Македонија, покрај тоа што е една од ретките земји кои заслужуваат неутронска бомба, е единствена по тоа што секоја критичка мисла е наречена хејтерска.



Драг мој, твојот приказ на форумов е тотално срање. Токму ова те карактеризира како појава овде.

А јас знам дека ти во реалноста си далеку од ова. Јас знам дека ова не си ти и одвај чекам овој период од животот да го надминеш.
Бидејќи си еден од ретките за кои имам позитивно мислење без да те познавам, читајќи те меѓу редови.
 
leandra, ич не сум хепи со аналИзава твоја. Многу пеерке ваѓаш од контеx.:D

Siчko tamu citirano не е џабе, иако вака со цитатите и мене ми долази као хејт. Али, своевремено, сето то си беше добра реакција и коментар.

Ене, пример, Армстрон самиот дава изхјава дека не се сеќавал дали видел звезди.

(n)

Следно ја тебе ке ти лупнам анализа, да си знајш! Али, знајш shto? Не ми треба цитати, не ваѓам јас од контекст. Само анализа, порке то, порке есто. :X3:

А оваа твојава, hate it! :D
 
Windfucker, ми го изремети малиов. Два дена го остави во мисла. :pos:


Се уплашив да не ме оставиш, обемна богомолке моја.

sta-zna-frajer-sta-je-cica-od-200-kila.jpg
 
@Natural-girl



Природна девојка(Natural-girl)

Си беше еднаш една девојка нејзините пријатели често ја викаа не по име туку едноставно „Природна“. На прв поглед нежна, симплистична и елегантна, но имаше нешто длабоко сокриено во неа нешто незабележливо за оној кој набљудува без да се замисли подлабоко, оној кој гледа и суди површно и од далеку.

И навистина беше така, ако би можеле да го опишеме нејзиниот карактер со два збора тие би биле „Природна девојка“. Но, што всушност значат овие две едноставни зборчиња. Баш како и природата она е убава и застрашувачка, спокојна и дива, девојка и ѕвер две страни од една целина.

На оние кои ја знаеја подобро им оставаше една слика лично потпишана од неа за да не ја заборават и дури кога забот на времето ќе ја избледе нивната меморија со еден поглед да се сетат на сите оние незаборавни моменти поминати заедно.

"Кај јурат толку возови, кај му се брза на народов? Не сфаќаат ли, целиот живот им е во шини? Треба живеење вон шините, макар и вон колосек."

Читајќи го написот тие се сеќаваа на личноста која всушност беше „природната девојка“. Многу често подготвена да им помогне на оние помалку среќните од неа жртвувајќи го нејзиното време, расположение и здравје за оние блиски па и не толку блиски особи до неа кога сите останати глумеа лажно пријателство.

Иако можеби не секогаш на нејзината великодушност беше вратено со иста мера па дури имаше и случаи каде беше злоупотребувана добрината која ја правеше за блиските таа научи дека не секој го заслужува нејзиното внимание и продолжи да биде великодушна, но овојпат со мала резерва проценувајќи кои луѓе би биле достојни да им ја поклони нејзината доверба.

Нешто по која она беше особено препознатлива е што таа секогаш беше тука за нејзините најмили рамо за плачење, личност од која се бара совет. И тие што ја сакаа и на оние на кои не им беше посебно драга во едно нешто се согласуваа таа беше разумна, емоционално зрела личност и една од малкуте која умееше да ги разбере нештата подлабоко баш онакви какви што навистина се гледајќи преку очигледното.

Се на се беше би ја опишале како интелегентна особа која си имаше свои интереси, читање по некоја добра книга, гледање некој интересен филм, чат пат и се јавуваше желба да зготви нешто вкусно или пак да се повози со велосипедорт, сакаше да излегува и да се дружи со другарките, но на моменти знаеше и да ужива сама по дома само она и себе си.

Но, како и секој човек и она не беше совршена и она имаше мани, но тоа не ја спречуваше да оди напред. Некои луѓе околу неа имаа многу непријтели, некои имаа малку, но точно знаеја кои се тие. „Природната“ имаше само еден непријател, а тоа беше самата таа. Ако некој можеше да го уништи нејзиниот живот тоа не беше некој од далеку туку тука со неа секој ден и на моменти „непријателот“ се чинеше дека победува тој имаше со него секогаш три другарки кои му помагаа меланхолијата, депресијата и само-деструктивноста, а она беше најчесто сама. Дали е можно да се победи овој непријател не знаеше, но едно беше сигурно ова беше битка која се води целиот живот.

За неа знаеја често да кажат дека знае што сака додека некои велеа дека е само тврдоглава. Вистината беше дека она беше по малку и од двете. Знаеше да тера инат, но беше способна и да го согледа проблемот од двете страни и рационално да донесе одлука, не беше ограничена и се обидуваше да ги сведе предрасудите на минимум.

И со ова драги мои читатели завршува приказната за „Природната девојка“ со сите нејзини доблести и мани.

Луѓето веруваат дека е едноставно да се сака, но дека е тешко да се биде сакан. Во нашата пазарна ориентација луѓето сметаат дека не се сакани затоа што не се доволно 'атрактивни', со тоа што во поимот атрактивност влегува се`: од изгледот, облеката, парите, па до општествената положба и престижот. Тие не знаат дека вистинскиот проблем не е во тоа да се биде сакан, туку да се сака; дека сме сакани само ако можеме да сакаме, ако способноста за љубење поттикнува љубов кај друг човек, не знаат дека способноста за љубов - не за нејзините лаги - е најтешкото достигнување. "

Уште првата реченица кога ја прочитав „Луѓето веруваат дека е едноставно да се сака, но дека е тешко да се биде сакан.“ ми се избаци во глава мисла, а всушност е обратно нели? остатокот од цитатот само ми ја потврди мислата. Изгледа вреди да се читне книгава.

П.С Се извинувам што почека малку повеќе за анализава и се надевам дека барем нешто погодив.
П.С2 На ПЦ ми беше исформатирано тука малку испадна се збиено па пробав да го форматирам
да биде колку толку читливо.
П.С3 Natural-girl е исто така многу трпелива така да знаете ;)
 
leandra, не разбирам од кај надоаѓа меѓусебната почит што ја имаме јас и ти на форумов, кога на 97 од 100 теми имаме сосепа спротивни ставови. Но, како што рекле старите филозофи, спротивностите си привлекуваат лајкови. Не ставам смајли на првиот дел од воведов оти знам дека ке го сфатиш како што треба, а тоа е и мојот главен дел на оваа „анализа“.

Се преценив самиот: прееска ко ме изнервира, ко сакав да ти изнапцујам, мислев дека ке ти напраам една анализа, ко да сум експерт за истото, и да не знајш како се викаш, ама не бре, нешто ми излезе work (кажи му на Сусаро дека наука работам, ке изгуби волја за живот), па баталив среде нервоза, а сега дома, со цигара и пиво, тешко дека ке имам изливи на нервоза преку кои ке можам да те опишам онака како што треба. :)

Jas ne oдам по коментари и цитати и не вадам од контекст (ко некои овде :P ) туку анализава ја спремам според мои заклучоци. не тврдам дека се ке биде ко што треба, утките се неминовни.

И пред да почнам, знајш дека имам и замисла основано за твојот физички изглед? Тврдам дека сум блиску, а за останатото прашај ме преку прајвт.

И дур сум тука: главна шема на анализава, т.е. главниот корен е твојата популарност на форумов. Ти си Величествената: не заради коментари и некое специфично однесување, ами поради блокадата на големата форумска раја да прифати дека не си тоа ти на аватарот. Другото, е историја и мистерија.

Не мислам дека си специфично битие on and off форум, туку мислам дека си кежуал ливинг форм. Со придодавка на интелигенција. Што, во Македонија (каде што мора да се биде хејтер) е ... реткост?! па да, барем низ фимејл формиве.

ја забележувам твојата интелигенција и твојата остроумност (иако второто не го потенцираш поради нешто што ке го нагласам), меѓутоа ја забележувам и твојата can't let go страна. Онаа која јас ја имам и тебе ти смета.
Да не речам, слични сме, освен тоа.

Дека ме обвини дека имам нешто што уште не сум го надминал, а дека треба со време - истото и за тебе. Прво, она што треба да го надминеме е самото тоа што сме на форум. I mean, really? We both are growing older, шо мајка бараме на форум. Има некоја длабочинска проблемска основа за ова, да знајш.

Второ: елементите на твоето can't let go.

патриотизмот: Најчесто, патриотизмот е одлика на ретаридирани, полуретардирани и неписмени луѓе. Ти не си ни едно, ни друго, ниту блиску до било кое од понуденото, и затоа патриотизмот ти е нешто ко реликт во твоите виуги. И не сфаќам зошто си, екшли. Од онај лошиот патриотизам. Каде што си ја сакаш домовината, оние кои ја претставуваат, и не ти смета кога те праат будала со Гоцеви раси, и баш те радува.
Несфатливо, освен нешто што не можеш да го отпуштиш од себе/

на тоа, како контра удар го надоврзувам твојот револтиран дух и револуционерен став кој потекнува од твојата способност да ги увидиш проблемите и самата ситуација далеку пред другите. Па така, со оваа држава за која имаш тон критики, џаст лај мајселф. Ама, кгоа доаѓа време хокеј репрезентацијата да ја брани истата држава, јас за тебе сум предавник.

Твојот хејт кон бугарите кој е поголем и неоправдан од било кое мое хејтање нема никаква основа. прво, го правиш она што те нервира наоколу: генерализираш, као сите се блгари гниди, и сите се woши, a нивните мислења по правило се погрешни. C'mon ни јас то не го праам со педериве, мислам... :D

Пцуеш... ваљда имаш некоја длабока фрустрација која се поврзува со неоправданото домољубие, омразата према истокот, и горчината спрема она што македонија си го прави самата себе си (на икономик план). Пцуеш кога се спомнува бугар во муабет. Може пцуеш кога го читаш ова (да појаснам, пцуење за мене е категорија во dirt talk; не само пцуење“ :D )

Лоша особина: твојот sense за јавно повикување на минато и идно кафанисување, кое е одлика на средношколци, и јас искрено не го сфаќам

Не, не ме бива, знам. Набрзинка го склопив и ова (кажи му на Суси дека сум fast typewriter) ama ne mi faќа око, сериозно. Сега, можам да сумирам, а кога ке завршам, ако не ме мрзи, ке едитирам нешто:

Ти си интелигентно човечко битие, кое се фрустрира и за долгиот црвен семафор, ама и за нешто што не можам да го сконтам, па оттука влече домољубие и омраза: нешто што би била карактеристика на фрустрација како што јас имам, ама пак, обратно ја манифестирам.

Имаш желба, неотповиклив нагон да делиш мислења и да маваш шамари, и тоа и во реален живот (тврдам), а истото ти смета кога го прави друг. Од тебе извира мајчинска љубов (иако мислам дека ју ар нот) и тоа во еден дел се гледа во твоето хуманистичко понашање (индиректно), па тро го оправдува домољубието (ама тро), како и твојата безрезервна почит и љубов кон оние кои ти значат. A ти значат малкумина (тврдам).

Сето тоа прелеано со една гоолема длабока фрустрација за која јас не можам да дознаам од кај доаѓа :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom