Sally
Paranoid android
- Член од
- 22 август 2008
- Мислења
- 1.279
- Поени од реакции
- 170
--BON--JOVI--
Навистина си комуникативна девојка, сакаш забави и дружење. Сакаш да го шириш својот круг на познаници. Но, малку треба да се опуштиш за подобро да ја запознаеш личноста, да ти остави добар впечаток и да започнеш да се дружиш на начин на кој ти практикуваш.
Она што навистина сакам да го потенцирам е ставот кој го имаш кон другите личности, личности кои се обидуваат да ти го наметнат своето мислење. Со она „свое јас“ кое што го поседуваш не дозволуваш никој да те гази. Своите мислења ги искажуваш директно без трошка страв и срам, без разлика дали ќе бидат прифатени позитивно или негативно, а туѓите мислења ги прифаќаш иако некогаш се различни од твоите.
Во врска со љубовта, твоите права ги поставуваш рамномерно со правата на партнерот. Сакаш да имаш голема слобода и кај тебе е дозволен флерт иако си во врска, кога ти е досадно и кога сакаш да трошиш време. Го сметаш за банална работа и не се плашиш секогаш дека со флертот неможеш да уништиш една врска(иако можеш). Доколку сакаш да започнеш со некого нешто, вложуваш голем труд во тоа без мака и каење. Доколку таа личност е во врска со некого, одма се повлекуваш, не сакаш да се мешаш во туѓи работи и проблеми. Кога си тотално заљубена, сметаш дека материјалните работи неможат да ја купат љубовта. Кога некого сакаш, бараш да ти возвратат со иста мерка, на ист начин и заедно да уживате во вашите мигови.
Голем впечаток ми остави овој пост...
:wink:Никој не е должен да плаќа за нешто што го направил некој друг.Ако сум била повредена тоа треба да ми е лекција за понатака во животот,да знам што бирам и да знам како да се однесувам.
Не ги насочува своите гневови, болки и страданија од минатото кон личности кои би биле дел од нејзиниот живот и личности кои не заслужуваат. Многу праведно од твоја страна, еве анализа како би требало да изгледа скоро комплетно една Охридска наша девојка
