Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ќе биде за 15 минути...yo mighty philosopher дај една и мене. (билла бонг)![]()
Конечно дојде време и за анализата на Fantom_oh, прво морам да се извинам што волку долго ја одложувам но мислам дека оправдано беше, барав соодветно време и соодветно ниво на концентрација...
...него да почнеме
Fantom_oh-кога ги читам твоите мислења прво што ми паѓа на памет е дека читам мислења на човек кој буквално е луд по спорт. Човек кој несомнено на формов највеќе мислења има оставено таму, но и искрено нешто што ми е чудно-станува збор за човек кој истовремено ја сака и уметноста и ужива во неа. Искрено малце сум зачуден од тој спој-спорт и уметност но како и да е мислам дека со двете ти иде доста добро и колку што гледам кај тебе престауваат доста добра комбинација.
Како човек си доста млад, а размислуваш прилично доста зрело. Додека не видов кога си роден постојано мислев дека читам коментари на доста созреан човек со големо искуство позади себе. Кога видов колку си “стар“ реков “алал да му е на човеков„. Некако премногу зрело за твоите години ги анализираше работите и премногу сериозно им пристапуваш на проблемите. Што според мене е доста позитивно.
Како млад човек-средношколец имав впечаток дека си доста бунтовнички настроен, дека го мразиш она што сите го сакаат, дека веруваш во она во што сите сметаат дека не е вистина или на кратко: мразиш да правиш она што го прават сите. Единствено нешто во кое веруваш, а во тоа веруваат и многу друго луѓе е господ и цврсто си се држиш на тој твој став.
Во суштина имам впечаток според коментарите овде дека си голем сеирџија и смешните работи некако се дел од твојот живот, на нив обрнуваш големи влијание и ти го исполнуваат живот.
Во склоп на ова ќе додадам дека во животот се врзуваш за многу работи и тие едноставно стануваат дел од тебе.
Кога станува збор за дружење и сл. имам впечаток дека си човек кој внимателно ги одбира пријателите, и за тебе тоа се луѓе кои навистина треба да ти бидат блиски и луѓе на кои ќе им веруваш. Сакам да кажам дека зборат “другар“ т.е. “пријател„ ти има големи значење во животот, и поради тоа малку луѓе можат да го имаат тој епитет кога си ти во прашање.
Друже мислам дека горе-доле ова е се она што во овој момент можев да го заклучам.
Ме интересира твое мислење за анализава. Дали сум во право или не?
И секако...мислам дека заслужувам сега една анализа назад.така?
Накај 1 2 ќе бидеБила мораш и една за мене брат :smir:
Воодушевен сум од анализава. Ај шо се’ ми погоди, туку не знаев дека некој на форумов има толку високо мислење за мене.
Иначе ако сакаш ќе ти направам анализа деновиве, ама јас правам Аватар/Тајтл/Потпис/Постови - анализи... Ако чини, ќе ти биде деновиве готова.![]()