Првиот SuperBus во Дубаи

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
T

Tetro

Гостин
Пред некој ден, првиот од најскапите и најбрзи автобуси во светот бил испратен во Дубаи.

Жителите на Дубаи се спремаат за првото возење со супериорниот автобус кој наскоро ќе се најде на патиштата. Автобусот е електричен и еколошки, а може да достигне брзина близу 250 километри на час.

Батериите се полнат од соларна енергија. Автобусот има 6 тркала и 12 врати. Неговата должина изнесува 15 метри и е со капацитет од 23 седишта. Телото е изработено од лесни материјали со јаглеродни влакна за да се намали потрошувачката на енергија.

Супер автобусот ја интегрира брзината и сервисот на брзите возови и флексибилноста и комфорот на патните автомобили. Има вградено систем за детекција на пречки, а за изработката на прототипот се потрошени само 13 милиони евра.

tn.jpg


auto-001.jpg


auto-002.jpg


auto-003.jpg


auto-004.jpg


auto-005.jpg


auto-006.jpg


auto-007.jpg
 
damn! ..како ова чудо ќе фаќа кривини по Македонските патишта, баш ме интересира :D
 
Бетмобил на стероиди..... а ние имаме комбе превоз.....
 
За изработка на прототипот се потрошени САМО 13 милиони евра.Сега ми е полесно.
 
Пред некој ден, првиот од најскапите и најбрзи автобуси во светот бил испратен во Дубаи.

Жителите на Дубаи се спремаат за првото возење со супериорниот автобус кој наскоро ќе се најде на патиштата. Автобусот е електричен и еколошки, а може да достигне брзина близу 250 километри на час.

Батериите се полнат од соларна енергија. Автобусот има 6 тркала и 12 врати. Неговата должина изнесува 15 метри и е со капацитет од 23 седишта. Телото е изработено од лесни материјали со јаглеродни влакна за да се намали потрошувачката на енергија.

Супер автобусот ја интегрира брзината и сервисот на брзите возови и флексибилноста и комфорот на патните автомобили. Има вградено систем за детекција на пречки, а за изработката на прототипот се потрошени само 13 милиони евра.

tn.jpg


auto-001.jpg


auto-002.jpg


auto-003.jpg


auto-004.jpg


auto-005.jpg


auto-006.jpg


auto-007.jpg

Боље да си заокружат кога има замрачувања на календар..
 
За изработка на прототипот се потрошени САМО13 милиони евра.Сега ми е полесно.

Ова е многу евтино ние за споменик дадовме 10 милиони во споредба.
 
Шо автобус ке беше ова кога нема за стоење. :pos:
 
Кога веќе живееш во Дубаи зошто да се возиш со автобус?
 
Долг е 15 метри, има 12 врати и е со капацитет од 23 седишта.
Ебате автобусот :tapp:
 
Кога веќе живееш во Дубаи зошто да се возиш со автобус?

Абе ова ч`лам да мавнат иначе само туристи би се возеле ваљда. Сите имат по 5+ супер коли па во автобус улави се ќе се возат :tapp:
 
Зошто турист да не рента ламбурџини или ферари туку да се вози во автобус?
 
Зошто турист да не рента ламбурџини или ферари туку да се вози во автобус?

затоа што еве и јас сум бил турист во дубаи и немав пари за да рентам ни ламбурџини ни ферари... немав ни за нај евтиниот рента кар... едвај скрпив и со миљон калкулации и однапред собраниинформации за трошоци, отидов во дубаи на 5 дена што се вика на прошетка... а такви како мене има многу.. сретнав еден тон луге кои отишле со избројани пари...
 
Back
На врв Bottom