Првиот Македонски автомобил?

  • Креатор на темата Креатор на темата lilmiss
  • Време на започнување Време на започнување
Веќе е во продажба :

cigani.jpg

Грешка си ова е прототипот фатен на тестирање
имало некои проблеми со ЕГР сензорот, реагирал на зелена трева па сега чекаат екперти од топанско да го испитаат.
 
Дечки јас почнав во Сатра да идам на пракса,како што најавив дека ке идам пред 4-5 месеци, додека разговаравме на темата за мојата идеа за возило на три тркала. Студирам Индустриски дизајн и би сакал таму некаде за месец два дури да ги запознаам подобро дечките од фирмата, да им ја предложам мојата идеја за возило и ако се заинтересирани да почнеме да го правиме. Инаку дечките работат со пластика, и имаат измоделирано неколку чамци (глисери), моментално работат на уште еден. Колата на Машински ја имаат изработено за 4 дена, 24h на ден, исто од полиестер.
На нивната страна има и неколку олдтајмери што ги сработиле, а сега најново што го имаат направено е Mercedes 300SL од 60та година, со холандски регистрации.
Инаку колку за потсетување за оние кои не ја виделе темата, ова е мојата идеја:
Конструирање на возило кое ке користи погон на компримиран воздух, електролиза на вода или мотор на бензин со мала зафатнина, но првите две идеи се по интеересни и помодерни.
Има простор за двајца патници, има лесна конструкција (до максимум 300kg) и е наменетo првенствено за градски транспорт но и за отворен пат, при што не е предвидено да има којзнае какви перфоманси.
Сметам дека за нашиот стандард a и за денешните модни трендови, на прво место се ставени зачувување на околината од загадување и што поголемата економичност додека после нив следуваат перфомансите, и спортската вожња, односно се ориентирав кон таа целна група на купувачи.
Доста тешко е да се да реализира конструирање на возило кај нас во Македонија, пред се од скептицизмот за успехот на истото, и краткорочните планирања на фирмите.
Дизајнот на возилото е веке познат на некои од членовите кои беа вклучени во темата за овој проект, и тој е следниот:
ren12.jpge-trike4.jpge-trike1.jpgren13.jpg
 
Се нафатија да работат на чудово или само тапкаат по рамо?!

Исто така, сега баш забележав, не знам дали некој до сега ти потенцирал тоа, ама...имаш 0% видливост назад а и ретровизори неможам да забележам.

Разгледај го и овој концепт чисто онака
urban-peugeot-q.jpg
green-cars-three-wheeled-peugeot-q-could-end-parking-woes-03.jpg
 
Пежово нема стакла, можда користи екрани од внатре или пак само вози до дома, ко на еден филм со Силвестер Сталоне. Футуризам. Убаво е Пежото, а кај можам да прочитам нешто за него, кој го дизајнирал или чива е идејата?
Инаку за видливоста, прашував колеги од моторни возила ми рекоа дека нема да имам мртва точка ако имам само надворешни ретровизори бидејки е тесно позади и доволно добра прегледност би имало со тие ретровизори.
Сега видов дека сум ги аплоадирал постарите рендери, тие што ми беа пред да ги направам ретровизорите.
За проектот им спомнав веднаш штом седнав да разговарам за праксата, дека имам идеја за возило, но според одговорот на газдата не беше нешто посебно заинтересиран. Затоа сега сакам да идам малку почесто,бидејки во четвртокот ми беше прв ден на пракса, да се запознаам подобро со персоналот и после кога веке ке имам некаков поблизок муабет да разговарам посериозно.
Сега за сега е само тапшање по рамо а мислам дека тоа е така бидејки еднаш веке се изгореа со роудстерот што го направија за Машински, бидејки ни динар не им дале за него нити ги изрекламирале на саемот или некоја налепница да ставеле на колата. Дури се фалеле дека самите го направиле, што е многу нефер од нивна страна, ама тоа веке е друг муабет.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom