Првиот ден во Средно/Факултет

  • Креатор на темата Креатор на темата vmx
  • Време на започнување Време на започнување
ок беше првиот ден и во средно и на факултат !!!
 
Првиот ден на факултет?
3-4 саати спиена, сабајлето со вкрваени очи, прав ужас -.- Врти сучи ко чукната, влегов шо влегов, ќе заспиев од досадниот говор на професорите -.- . Што знам, ништо посебно. :toe::helou:
 
Првиот ден на фак? Па ништо посебно ,од тоа што очекував ништо ...одвај чекав да си одам дома. :nesvest:
 
првиот ден у средно?ништо посебно само што закаснив едно пола саат
 
Па дека знаев дека во клас ке имам деца од основно не се плашев нешо ...онака ми беше малку трема...и коа си го видов класот реков...зарем со овие ке учам 4 години..класната ко класна супер не запозна со школо и ни кажа дека ке ни предаваат се баба роги од по 60 години..лепота...
 
верувале или не, сеедно, се случи, на прв ден у средно,(за да се напраам фраер:)) 5 минути откако влезе класната, станав и излегов!
После им рекла дека мислела дека не сум од тој клас:pos2:
И затоа 3 години секој час од мене почнува сега, заш сум голем фраер:nesvest:
 
Првиот ден на факултет од станот во Скопје излегов со една другарка од средно зашто и таа е на македонска книжевност, кога стигнавме пред Филолошки го најдов другар ми од основно па не бевме како изгубени.
Во амфитеатар го слушавме деканот 10-15 минути и не ни се веруваше дека сме станале академски граѓани. :pos:
Првите неколку дена се дружевме само ние тројца и се зафркававме дека колегите се недружељубиви ама после некое време сè се среди. :)
 
Па за во средно не беше ништо посебно си знаев однапред и си влегов, а имав и познати.
Ама на факс беше многу поразлична приказна, прво поради што бев подалеку од факултетон не знаев ни со кој автобус да одам, откако се снајдов со автобусот, тргнав ама не знаев на која постојка да слезам, и се разбира, ја згресив слегов една постојка порано, ама тоа не беше толку големо промаршување како што беше, тоа што требало во 10 а јас не знаев (од излегување немав време да прверам, будала) и ситгнав таму во 8:30... има уште ама др ќе го прескокнам...
 
...Ах , првиот ден средно...идам јас изгубена низ ходниците (у ниеден клас не се слушнав да ме прочитаат) и ме носат кај педагогот, и она тука фаќа да ми се дере ко ненормална, јас: :kesa: (као ја да сум крива што сум приглува)...И ми вика: иди у 24ка...И ја напиздена, улетувам на час...И овој класниов уште анкета: која си ти?...Од кој клас си?...И јас таква: ПРОФЕСОРЕ НЕ СЕ СЛУШНАВ, У ПМ ВИШЕ, МОЖЕ ЛИ ДА ВЛЕЗАМ?...и овој чоеков само едно мало : може...И глеам некои познати фаци, се сместив убаво и си живеевме среќно до крајот на животот...:)
 
Ех немаше проблеми никакви сите што беа од Тетово со сите се знаев :).
 
На првиот школски ден во средно доцнев пола сат и кога влегов сите ме гледаја како да сум од марс не се сеќавам многу на првиот класен час зошто многу ми се спиеше е едвај чекав да заврши за да си одам.
А првиот ден на факс беше нешто друго, на мојот смер имаше 12 души од мојот клас (од средно) па решивме да го прескокниме досадниот говор на деканката и да одиме во бифето на кафе :). А прв час на факс ни беше физика и проф ме избрка затоа што се прозевав и заклучила дека ми е досадно хммм :)
 
Првиот ден во средно не ми беше баш нај,се паднав во клас каде што знаев само 1 девојче сите другите беа од друго училиште голема компанија и шмизлички ми делуваа некако и јас се решив да се префрлам во друг клас и нормално го сторив тоа уште вториот ден ..во другиот клас веднаш со сите почнав да живеам.
вторник ми е првиот ден на факултет и ќе изнесам импресии нормално :)
 
Првиот ден во средно ми беше пред 12 дена..Се запишав у Коце :) кога дојдов таму се собравме другари од основно...15 души сме у клас,видовме на листата..Потоа влеговме во школото и во ходникот не проѕиваа и како што пишуваше се паднавме сите во ист клас, потоа дојде класниот и ни покажа каде е училницата...не држеа цел ден , не беа скратени часовите требаше да имаме 7 :tapp::salut:..но после 4врти киднавме :smir: и то ... :helou:
 
Првиот ден во средно?
Со еден член од форумов отидовме и не не пуштија поради тоа што сум имал долга коса и марихуана стегач и сме биле непристојно облечени.
Така да вториот ден отидовме.
 
Па првиот ден во средно хммм. Памтам сите бевме собрани во хол збореше таа Марија надежната пејачка. Со неа бев у смена.... И по скали се утепа класната... Немав никој во клас познат така да бев како изгубена седната во прва клупа и крајно сериозна и затоа добив прв коментар од класната демек ти Марија изгледаш многу постаро одколку што си... И така почнаа маките со нејзе две години..... А на факс допрва ќе видиме во вторник....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom