Mr.Bear
"The prince of darkness is a gentleman!"
Ај прво да си искочам на виделина, прва тема ми е, чувствата ми се поносталгираа кон раните денови како првооделенче, па ако имам некоја грешка длабоко се извинувам
Ранобудно сабајлево, при мозочната гимнастика ми надојде прашањево, па си викам, ајде што да не.
Значи вака, иако индивидуално секој си ја толкува различно и секој различно љуби, љубовта кон посакуваниот партнер (и сеопшто) не е секогаш работа која ја контролираме. Да речеме дека под некоја игра на животот се наоѓате во ваква позиција, да морате да изберете помеѓу сегашниот партнер со кој сте среќни подолго време, или личност која сте ја упознале поскорешно, но ете, тој/таа е наизглед вашата сродна душа, едноставно сте компатибилни 100%. Длабоко во себе па и да не сакате да си признаете, сигурни сте дека ако сте ги запознале истиве две личности во исто време изборот ќе паднел на "сродната" личност. Се надевам дека може да се види од кој агол го поставувам прашањето, да не се разбереме погрешно, перцепцијата е клучна.
Ранобудно сабајлево, при мозочната гимнастика ми надојде прашањево, па си викам, ајде што да не.Значи вака, иако индивидуално секој си ја толкува различно и секој различно љуби, љубовта кон посакуваниот партнер (и сеопшто) не е секогаш работа која ја контролираме. Да речеме дека под некоја игра на животот се наоѓате во ваква позиција, да морате да изберете помеѓу сегашниот партнер со кој сте среќни подолго време, или личност која сте ја упознале поскорешно, но ете, тој/таа е наизглед вашата сродна душа, едноставно сте компатибилни 100%. Длабоко во себе па и да не сакате да си признаете, сигурни сте дека ако сте ги запознале истиве две личности во исто време изборот ќе паднел на "сродната" личност. Се надевам дека може да се види од кој агол го поставувам прашањето, да не се разбереме погрешно, перцепцијата е клучна.