Прва заложна куќа во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Gorco
  • Време на започнување Време на започнување

Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
Во канцеларија граѓаните можат да остават вредни предмети во залог, а за возврат да добијат одредена сума на пари. Станува збор за заложна куќа, сопственичката Маргарита Николовска не сакаше да зборува пред камера, но вели дека тоа е најлегален бизнис.

Во куќата „Ломбард“, објаснува сопственичката, најчесто доаѓаат граѓани на кои им требаат итно пари, а не сакаат да ги продадат нивните вредни предмети. Немаат време да бркаат кредити, па го одбираат овој начин да дојдат до пари.

Најчесто заложуваат накит, компјутери, скапи мобилни телефони, на донесените предмети се проценува пазарната вредност, а заложна куќа исплаќа 30% од вредноста.

Ова значи дека за да добие 300 евра, граѓанинот треба да заложи предмет вреден 1.000 евра, потоа се склучува договор во кој е прецизирано, колку пари на залогодавателот му се одобрени и до кога треба да ги врати, за да си го земе неговиот предмет назад.

Откако ќе заврши договорениот рок се враќаат парите со 15% месечна камата.

Сопствениците велат, дека ако во договорениот рок не се вратат парите, предметот останува во заложна куќа. Граѓаните се скептични во врска со ваквиот начин на позајмување пари: „Мое право, мој избор, не би направил такво нешто. Јас немам нешто такво што може да се заложи, дали некому се должи, или имаш нешто“, велат граѓаните.

Во заложничката куќа велат дека месечно имаат меѓу 15 и 30 клиенти.

А1

--------

Во врска со болдираниот текст, каматата е незаконска!
 
Сегде по светот има вакви заложни куќи , каматата во Шведска е 12 % и ако после 6 месеци не си кешираш работите одат на аукција , тешко на тие што морат да си продаваат работи за да се извадаат од криза
 
Ова е доста блиску до лихварство и искрено да кажам не ми се свиѓа ако вака почнат и кај нас да ги легализираат. Камата од 15% е ПРЕВИСОКА!!!

А да напоменам дека кога бев во Софија на секој трет чекор имаше "Заложна кшта" (по бугарски :icon_lol:), и не би била убава глетка и во Скопјево на секое ќоше да го глеам истото. А кој заложува во такви куќи тоа е друга работа, не ќе да е за мака туку за коцка најчесто.

Во секој случај не одобрувам. :nenene:

п.с. 30% од вредноста. Абе дај не ме заебаај. :lud::lud::lud:
 
Незнам што е спорно. Ова сепак е само услуга која претставува опција за некого кој е во зорт. Никој никого не тера со сила да заложи нешто, само му дава можност.

Тоа со 30% од вредноста... Дали знаете дека и банките функционираат на истиот принцип? Дали знаете дека доколку земеш поголем кредит, треба да заложиш хипотека која има трипати поголема вредност од сумата која ви ја даваат?

Значи, доколку ти се потребни средства, немаш моментален излез и мислиш дека за одреден временски период ќе ги вратиш парите, ќе заложиш нешто и потоа ќе си го вратиш залогот. Доколку знаеш дека нема шанса да ги вратиш парите, подобро продај го предметот бидејќи за него ќе добиеш повеќе пари. Просто. Ако не се заебеш сам, никој не може да те заебе.
 
Самата појава на заложна куќа е во ред, но месечна камата од 15% не е законска, според законот за облигациони односи, и спаѓа во лихварство.

Струмикс.. ?
 
Ако не е законска, во тој случај треба да профункционира законот и да се интервенира. Тука не можам да коментирам. Струмикс? :)
 
Еве го Струмикс :)

Да, незаконска е каматата од 15% на месечно ниво. Всушност, и самиот залог е полулегален, бидејки постои договор за залог на подвижни предмети, но постои и злоупотреба на состојбата на оној којшто го зема „заемот”, така да според правните правила, самиот договор е ништовен.
 
Струмикс напиша:
Се додека некој кој ќе се изгори не му текне да оди на суд.
Зарем инстиитуциите на системот се раководат од максимата - додека не се изгори некој - легално е? Ако каматата не е законска, а каматата е јавна, сите знаат колкава е и каматата која не е според законот, а заложната куќа е легално регистрирана, тогаш - Јустинијан е педер.
 
Регистрацијата сигурно не е таква да е дејноста давање под залог. Договорите не ги проверува никој се додека самите странки не го оспорат. Педер или не - Јустинијан е таков :)
 
Може некој да ми каже каде се наоѓа заложната куќа и кога работи?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom