Прва vs. Втора смена

  • Креатор на темата Креатор на темата Sungerot Bob
  • Време на започнување Време на започнување

Која смена највеќе ви годи?


  • Вкупно гласачи
    79

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Возраст
34
Локација
Гостивар
Секој човек оди на училиште, на работа, на курс или на различни активности кои ги обработува во одредена смена. На некои им смета прва смена, зошто рано стануваа, а ја сакаат втората смена или обратно. Има и такви кои работат трета смена, која според мене е и најтешката, но некој ја сакаат, некои не.

Па која смена на вас највеќе ви годи?
Која смена сте на работа?

:)
 
Жалам што нема трета смена за училиште.Најмногу ми лежи таа.
Ни прва,ни втора не ми биле по кејф.
 
Две години работев на смени, 4 дена (2x 7 -19 2x 19 -7) потоа 4 дена слободен. Нема полошо нешто , после две дневни смени станвање во 6 сабајле се менваш два дена да си легнуваш да спиеш во 8 сабајле. На никој не му препорачвам. Добро беше што се собираја прекувремени сати па и плус плата :).
За мене нема подобро од дневна смена 9-18.
 
Гласав за прва
Втора мразам најглупо нешто
Ми паѓа жал за сестра ми таа дома доаѓа во 9 саат навечер и незнае што прво да учи
 
ПРВА !!!

затоа што стануваш рано , не спиеш до доцна во денот , ја искористуваш дневната светлина и омилен мој дел од денот,утрото , доаѓаш дома , и пак имаш време да останеш и да имаш социјален живот , да отидеш на гости ,вечера ,дома со семејството итн .... Целосно е искористен и исполнет денот , ја од тој агол гледам .... додека пак втора ,а и пак трета се лошо ,навистина лошиии .... ако би имал моќ , би вовел револуција од работно време од 5 часа само да ти трае ..... ова сега 8 часа е вистинска катастрофа , сите во светот почнуваат да се бунат заради тоа ....
 
ПРВА !!!

затоа што стануваш рано , не спиеш до доцна во денот , ја искористуваш дневната светлина и омилен мој дел од денот,утрото , доаѓаш дома , и пак имаш време да останеш и да имаш социјален живот , да отидеш на гости ,вечера ,дома со семејството итн .... Целосно е искористен и исполнет денот , ја од тој агол гледам .... додека пак втора ,а и пак трета се лошо ,навистина лошиии .... ако би имал моќ , би вовел револуција од работно време од 5 часа само да ти трае ..... ова сега 8 часа е вистинска катастрофа , сите во светот почнуваат да се бунат заради тоа ....


8 часа е сосем доволно, јас воопшто не се осеќам уморен , особено брзо ми минуваше времето откако се сменав да не сум повеќше на смени.
 
Само тој што работел 3-та смена некогаш знае колку гадна е. Работиш додека сите спијат, си легнуваш кога сите стануваат, денот ти поминува во спиење а ноќе нема што да се прави многу...Прва смена е најдобра зашто максимално го искористуваш денот
 
Па веќе година и пол работам прва смена секој ден и ми годи пошо повеќе слободно време ми останува, се навикнав веќе и не ми е воопшто проблем станувањето. Мразам втора пошо ми се чини дека цел ден е поминат на работа.
 
Втора смена е најголемата лага и привидение за поголема наспиеност и појака спремност на учениците. Денот ти е скршен, ни учењето е учење, ни спиењето спиење. Најнеспремен бев кога одев втора смена. Џабе тоа што станував околу 9, кога до 12.30 никако не можев око да отворам и само се лажев дека има уште малце време и го малтретирав снузот на телефонот. Плус па сега во зимскиов период, колку е депресивно кога после одморот ќе го снема сонцето, а тебе те чекаат уште 4-5 часа ..
flcl-3-000116.jpg
 
Прва и тоа како, започнува во 7.30 или 8.30 и завршува до 13.00 или 13.30. Цел ден го имаш пред себе и можеш како сакаш да го испланираш.
 
еве веќе година и пол работам само втора смена и се навикнав мада повеќе сакам прва :)
 
Па еве и јас како создадател на темава да си кажам......... прва смена се чувствувам онака утепано кога во 6 саат треба да станеш, да се спремиш, да отидеш на работа и да седиш до 3-4 саат ( иако прва смена поретко ја работам), втора е понапорна зошто седам до доцна навечер, но тогаш има повеќе луѓе и ти се чини како се поживо, а трета смена поретко ја работам :)

Па ако избирам меѓу овие смени ќе ја изберам втора :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom