Прва помош

  • Креатор на темата Креатор на темата JASMIN
  • Време на започнување Време на започнување

JASMIN

Шехерезада
Член од
10 април 2006
Мислења
480
Поени од реакции
19
Стресно време, брз начин на живот. Има некои фини и поучни работи кои се корисни да се знаат.


Срцев удар


Симптомот е ’’одредена’’ болка во градите, која се шири надолу кон раката, и нагоре кон вилицата. Додека укапирате што се случува, а сте сами, останува кратко време за реакција дури не ве совлада несвестицата- едно 10тина секунди.

Што да се прави?
Земете воздух длабоко, од градите. И почнете да кашлате, многу јако. 2 секунди вдишувате, 2 секунди издишувате.
Вдишувањето ќе доведе кислород до срцето, кашлањето го стиснува срцето. Стискањето на срцето исто така помага во обновата на циркулацијата на крвта.
Така, ќе си дадете повеќе време додека стигнете до болница.

Задавување


Хајмлиховиот зафат го знаете.

Ја зафаќате личноста која се дави со двете раце цврсто преклопени на стомачниот дел, под дијафрагмата. Силно пристискате; дијафрагмата се подигнува и истиснува воздух од дробовите, со што ќе предизвикате вештачка кашлица, која ќе го исфрли заглавеното парче од душникот.

На крај, знам дека форумашиве се млади и здрави луѓе, но не пречи да се знае, и пренесе пораката.


Па повелете, допишете, кој има време:)
 
Izvini da te popravam, ama kaj srcev udar osven kardio-pulmonalna masaza, defibrilacija i maska so 100% kislorod sto sigurno pomaga, 3-4pati vdlaboko vdishi izdishi ne pomaga, a toa stegnete go srceto veruj mi ic ne pomaga duri moze da ja vloshi situacijata,zatoa u takva situacija samo da imash nekoj pored tebe sto ke pocne CPR (cardio pulmonar reanimation), inaku nema ni 10min vreme da se stigne do bolnica.
 
Да, не напишав масажа требаше. Сепак, напиши што би помогнало како самопомош.
Тоа инаку беше објавено во официјалниот весник на GENERAL HOSPITAL ROCHESTER, како совет за самопомош, за да го пролонгираш времето додека стигнеш до болница.
 
Еве една интересна тема но и поучна која треба да ја прочита секој за да знае како да реагира и да се справи во одредени незгодни ситуации. Јас само ќе дополнам за она што сум стручна, спасување давеник и давање брза помош.

Користете ја оваа тема за ваша информација и постирајте само ако имате нешто да додадете или ако најдете некоја грешка во постовите.

Спасување давеник

Кога ќе забележите давеник во вода, најпрво што треба да сторите е ако може да ве слушне, ако не е далеку, да му соопштите да се смири и да не паничи. Ако се наоѓа далеку, вие влегувате во вода и пливате накај него, но имате на ум дека кога ќе му се приближите, треба да го направите тоа полека, затоа што можете да го фатите незгодно и да го повредите. Но ако тој веќе се наоѓа под вода, се нурнувате, му ја кревате неговата глава над површината, со едната рака пливате накај брегот од морето/езерото/излезот од базенот/што и да е, додека со другата рака го држите околу пределот кај вилицата со цел да му ја држите главата колку што може повеќе исправена нагоре и да не голта вода или па да му оди во носот.

Кога ќе го донесете давеникот, ако е свесен, седнете го, дадете му шеќер и вода или дијазепам за да се смири од шокот кој го доживеал па потоа го ослободувате да си оди.

Додека ако не е свесен, му го вртите телото на страна (треба и да го проверите неговиот јазик дали е повлечен наназад, ако е повлечен, треба да му го исплазите, за да не го „голтне“ - има и вакви случаи), му ставате подлога под главата, а додека го правите ова, треба да замолите некој околу вас да викне брза помош по телефон. Ако нема никакви знаци на живот, го легнувате телото на грб и почнувате со давање на брза помош. Со едната рака го затворате носот на давеникот и со другата рака го фаќате неговиот нос и му давате вештачко дишење. Напоменувам, кај давеник се дава вештачко дишење - уста на нос, бидејќи постои опасност да има вода наголтано. Личноста до вас, откако ќе го направите ова, треба да почне да го масира срцето, да го стегне 3 пати. Додека го масира срцето, вие никако не смеете да ја тргнете раката од носот за да не излезе воздухот. Откако ќе заврши со масирањето, тогаш ја тргате раката за да издиши.
Ако по повторување на овој третман неколку пати (4-5), давеникот не дава знаци на живот, го оставате на брзата помош (која дотогаш би требало да стигне на местото) да го однесе во болница и да ја преземат одговорноста за него.

Епилепсија - напад

Кога болен од епилепсија ќе доживее напад, за жал, нема многу работи кои вие би можеле да ги сторите за да му помогнете. Најважното нешто што треба да го направите е да ги отстраните од околината предметите од кои тој би можел да се повреди или било како да му наштетат.
 
Исто така важно е кога спасувате давеник да внимавате да не ве зграпчи и со тоа да ве оневозможи да пливате или да се одржувате во водата а со тоа и вам да ве стави во ситуација полоша од неговата, доста е важно кога ќе пристапите истото да биде изведено доста внимателно бидејќи инстинктот за спасување веќе проработел и давеникот ќе се фати за се што му дошло, во некои случаи се препорачува дури и онеспособување на давеникот со удирање или со додатно уморување после што внимателно со главата надвор од вода ќе го пренесете на брегот.
 
Епилепсија - напад

Кога болен од епилепсија ќе доживее напад, за жал, нема многу работи кои вие би можеле да ги сторите за да му помогнете. Најважното нешто што треба да го направите е да ги отстраните од околината предметите од кои тој би можел да се повреди или било како да му наштетат.
Оној што има напад на епилепсија се турка на земја, се легнува на страна се држи цврсто и му се вади јазикот.
 
прва помош

izgorenici_voda1.jpg
Прва помош е почетната грижа за повреденото лице на самото место на несреќата.Дали знаете да дадете прва помош додека во некоја ситуација на некого би му била потребна.Можеби вас некогаш ви било дадена прва помош па сте биле спасени?Дали треба малтене сите да знаеме да ја применеме наместо да се чека да дојдат докторите и до тогаш некој да даде душа.
 
..Ееее ќе идам на некој квис незнам ни ја па ај ако има некој поишее информации за прва помош!!! ПИШЕТЕ!:helou:
 
Si[M]onA;3103053 напиша:
..Ееее ќе идам на некој квис незнам ни ја па ај ако има некој поишее информации за прва помош!!! ПИШЕТЕ!:helou:




P.S. Не заборавај да го оставиш скептицизмот пред врата :icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom