Прв Торбешки форум

  • Креатор на темата Креатор на темата Јапер
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 август 2010
Мислења
163
Поени од реакции
55
На првиот Торбешки форум во присуство на голем број припадници на етничката заедница од југозападниот дел од земјава, гости од Балканот и ОБСЕ, денес во Струга со акламација беше усвоена „Торбешката повелба“, изработена од невладиниот културно-научен центар „Румелија“ што се занимава со торбешкото прашање.

Со овој за нив историски документ, торбешите бараат да прекинат притисоците врз ни, поради што на претходните пописи се изјаснувале како Албанци или Турци и како заедница што го задржала својот идентитет, апелираат на претстојниот попис нејзините припадници да се изјаснат она што се, за да ги остварат своите права, да се спречи иселувањето од државата и да не се отфрлени во печалбарството.

„Сметаме дека со внесувањето на Торбешите во преамбулата на Уставот на Република Македонија ќе се исправи една голема неправда кон оваа популација и ќе се создадат основни претпоставки за наша интеграција во Република Македонија која е единствената наша држава. Токму од тие причини бараме Торбешите да бидат запишани во преамбулата на Уставот на Република Македонија“, рече Тасим Асани од здружението „Румелија“.

„Ова население по наши проценки во сите села каде што живеат нашите луѓе, Торбешите, брои од 120 до 150 илјади жители, што е голема бројка. Но, свесни сме дека во јавната администрација во Македонија, која за жал брои многу, можеби и до 150 илјади вработени веќе има во овој момент, нас не нема, на прсти можат да не избројат. Прашувам каде се овие луѓе, кој ги искористува и кој им ги зема нивните места во јавната администрација“, изјави Фиjат Цаноски, пратеник, претседател на ПЕИ.

„На следниот попис да се покажеме со некоја поголема бројка, поради што натаму ќе ни следува поголем државен колач, тоа е наше право“, порача Шериф Ајрадиноски, претседател на културно-научниот центар „Румелија“.

На Торбешкиот форум во Струга беше презентирана и „Торбешката декларација“ со нови научни сознанија за постоењето на поимот Торбеш од 10-тиот век на овие простори, историјатот и развојот на овој етникум до денес.
 
Како прво Торбешите не се посебна нација да се издвојуваат од нас Православните Македонци може да се кажи дека најчисто македонскиот јазик го зборуваат токму тие и Горанците на Косово односно Македонци со муслиманска вероисповед .

Пример нека ти биде Албанија. Колку вери има таму 3 православни католици и муслимани никогаш не ја ставаат верата наспрема државата нацијата и државата им се на прво место така треба да биде и кај нас, а не Власите антички Македонци или пак Торбешите што го сметам за гршен назив шо им, а врска верата со нацијата. Државата секогаш треба да е на прво место.
 
Ова е чиста глупост. Јас сум Македонец и никогаш нема да се наречам Торбеш.

Како прво тоа е еден навредлив збор кој некој со задоволство си го употребува, како второ едноставно оваа нација не постои.

Нема историја, нација без историја глупости!

Торбешите имаат проблем дефинитивно во главите.

Нема врска што сме Муслимани. Има и Арапи Христијани, има Турци Христијани.

Верата нема врска со нацијата. Ова е само политика и ништо повеќе.
 
Како прво Торбешите не се посебна нација да се издвојуваат од нас Православните Македонци може да се кажи дека најчисто македонскиот јазик го зборуваат токму тие и Горанците на Косово односно македонци со муслиманска вероисповед .
Пример нека ти биде Албанија
колку вери има таму 3 православни католици и муслимани никогаш не ја ставаат верата наспрема државата нацијата и државата им се на прво место така треба да биде и кај нас а не Власите антички македонци или пак Торбешите што го сметам за гршен назив шо им а врска верата со нацијата.
Државата секогаш треба да е на прво место

Ти попрво би отишол со неверниците отколку со христијаните. От такви како тебе го нема братството меѓу Христијаните и се распаѓаме.
 
Ова е чиста глупост. Јас сум Македонец и никогаш нема да се наречам Торбеш. Како прво тоа е еден навредлив збор кој некој со задоволство си го употребува, како второ едноставно оваа нација не постои. Нема историја, нација без историја глупости! Торбешите имаат проблем дефинитивно во главите. Нема врска што сме Муслимани. Има и Арапи Христијани, има Турци Христијани. Верата нема врска со нацијата. Ова е само политика и ништо повеќе.

Ти другар бидиси што сакаш, но и јас ќе си бидам што сакам ... Ти знаеш ли дека основата на Македонската нација е поставена врз темелите на црквата, знаеш ли дека МПЦ е стожер на Македонската нација... Зборот Торбеш е навредлив истко колку што е навредлив зборот Македонец за Грците. Ако за тебе е навредлив никогаш не го користи за мене е синоним за истрајност, годрдост, етничка посебност, засебност, синоним за угнетеност, политичка манипулација со тоа население, искористуваше за туѓи интереси ... Нормално е дека сега ќе се појават непријатели и пријатели кои ќе ни помогнат и кои ќе се трудат да ни одмогнат во нашиов процес на интеграција... Уште пострашно е дека најголемите непријатели ќе произлезат од наши редови, ама ова е борба која што е почната и назад враќање нема, некои ќе погинат други ќе се просслават , едни ќе бидат херои во Торбешката историја други предавници, јас само се надевам за доброто на сите ќе победи здравиот разум и ќе се докажат уште еднаш демократските вредности .. Ги имаме сите права да се бориме за нашите права и против нашата асимилација ако сме опстоиле кроз вековите ќе опстоиме и понатака
 
Ова е чиста глупост. Јас сум Македонец и никогаш нема да се наречам Торбеш. Како прво тоа е еден навредлив збор кој некој со задоволство си го употребува, како второ едноставно оваа нација не постои. Нема историја, нација без историја глупости! Торбешите имаат проблем дефинитивно во главите. Нема врска што сме Муслимани. Има и Арапи Христијани, има Турци Христијани. Верата нема врска со нацијата. Ова е само политика и ништо повеќе.

Знаеш како викаат, раздели па владеј :).
 
Ти попрво би отишол со неверниците отколку со христијаните. От такви како тебе го нема братството меѓу Христијаните и се распаѓаме.

Извини не те разбрав убаво, ако може да се дообјасниш.
Торбешите се Македонци муслимани. Голем дел од нив го прифаќаат исламот пред Турците да завладеат со Балканов, односно кога одат на гурбет во Турција и во останатиот муслимански свет. Потребна е ваква реакција од нивна страна, бидејќи државата престана да се грижи за нив. Во немоќта и борбата за егсистенција тие си се свртеа кон Албанците, кои финансиски ги помагаа. Македонците муслимани еден период беа навистина на маргините на општеството. Сметам дека ова е направено со цел да се обединат внатре, а не да се разединат со Македонците Христијани. Мораше да се стори нешто вакво.
Јас сметам дека ова е крик за обединување на Македонците, сеедно која вера ја практицираме.
 
Сакам да прашам дали торбешите се сметаат и чувствуваат како Македонци и гаат симпатии кон македонците,се сметаат за ист народ со нас без разлика тоа што се муслимани?

Незнам,претците на торбешите биле христијани,сега се муслимани,но сепак се македонци и се иста крв со македонците христијани.

Но сепак,отсекогаш сум имал некое чувство некако како да се далечни Македонците христијани и муслимани.

Дали е тоа поради религијата?

Не гледам тука причина да се делиме поради тоа.

Како што кажа еден погоре и во Албанија има три религии,но сите се Албанци...

--- надополнето ---

А да,и имам некое чувство како Македонците да ги сметаат торбешите за граѓани од втор ред и не ги сметаат за браќа од друга религија.

Можеби грешам, поправете ме.
 
Ако си се декларираат како Македонци муслимани прифаќам, за мене пред се е државата а верата е нешто лично.

А се додека нив ги влечи верата и одат кај што дува ветерот (кај што им одговара) и се вртат кон Албанците сакам да ги видам уште полошо.
 
А да,и имам некое чувство како македонците да ги сметаат торбешите за граѓани од втор ред и не ги сметаат за браќа од друга религија.Можеби грешам,поправете ме.

Проблемот е уште од времето на комунизмот а и денес не е многу изменето. Треба коренита промена во ставови кои се вкоренувани со децении а државата е засега пасивна за тој проблем.
 
Сакам да прашам дали торбешите се сметаат и чувствуваат како македонци и гаат симпатии кон македонците,се сметаат за ист народ со нас без разлика тоа што се муслимани?
Незнам,претците на торбешите биле христијани,сега се муслимани,но сепак се македонци и се иста крв со македонците христијани.Но сепак,отсекогаш сум имал некое чувство некако како да се далечни македонците христијани и муслимани.Дали е тоа поради религијата?,што не гледам тука причина да се делиме поради тоа.Како што кажа еден погоре и во Албанија има три религии,но сите се албанци...

--- надополнето ---

А да,и имам некое чувство како македонците да ги сметаат торбешите за граѓани од втор ред и не ги сметаат за браќа од друга религија.Можеби грешам,поправете ме.


Македонците се толку поделени што секој што и за влакно се разликува од нив го сметаат за граѓанин од втор ред....примери има многу..
...односот кон ПОРЕЧАНИТЕ
...односот кон ЕГЕЈЦИТЕ
...односот кон МАРИОВЦИТЕ
...односот кон сите што не живеат во Скопје

да не зборувам за односот кон оние кои се маку поразлични по вера, јазик и слично

дури и политичкиот став е доволна причина за раздор и непочитување

...оној ден кога заедничкиот интерес ќе ни биде во фокус наместо минорните разлики, тогаш работите ќе тргнат на подобро...кога ќе почнеме да ги почитуваме разликите на другиот и ќе престанеме да се делиме по имагинарни основи, тогаш и другите од страна ќе почнат да не почитуваат

треба да престанеме да ги решаваме споровите на нашите дедовци и да почнеме да живееме во сегашноста....тезата дали некојси историски лик бил ова или она не ми го полни стомакот, не ми ги плаќа сметките, не ми овозможува понормално секојдневие....историјата треба да им се остави на историчарите....ние ја имаме сегашноста

а во оваа сегашност јас не сум ни поголем ни помал МАКЕДОНЕЦ од било кој друг што живее тука на ова мало парче земја
 
Интересно е да се анализира ситуацијата со „торбешите“. Факт е дека се Македонци со муслиманска вероисповед. Но, дали Македонците со православна вероисповед ги прифаќаат како дел од себе? Колку бракови се склучени помѓу торбеши и православни. Имаат иста крв со Македонците православци, иста етногенеза, но одат во џамија и веруваат во Алах. Многу слична ситуација но, во поблага форма имаме со Македонците со католичка и методистичка вероисповед. “Чиј код е со фелер?“

За разлика од турците и албанците и нивниот однос со торбешите. Еден податок кој многу убаво е наведен во форумот и вели дека нив им е доволно притисок од сите и решија да се изјаснат како торбеши сам по себе многу објаснува.

Прво- пописот на Европа ни е пред врата, Рамковниот договор бара процент на албанци, а притисок трпат торбешите
Второ- На списоци од УЧК беа пишувани и имиња на торбеши ( Спосоците бараа или син или пари за војската)
Трето- Македонците со православна вероисповед не ги третираат како рамни на себе.

Демантирајте ме ако грешам.
Тогаш што е помало зло за торбешите? Да бараат националност „торбеши“ или да ги третираат под притисок на кој како ќе им затреба?

На Голо Брдо се изложени на многу повеќе тортури. Таму дури им се наметнува да се декларираат како Бугари. Неодамна им ги затворија и курсевите за македонски јазик. Живеат како во 1903 отсечени од цивилизација без патишта, водоводи, канаизација, но живеат со сите православни празици низ празнувања, ја негуваат македонската песна и традиција за одење на гурбет. Тие се приказна без крај на македонскиот менталитет и етнос, но се торбеши. За себе велат ние сме „нашинци“ и се добар плен за врбување и уништување на македонската кауза.

И уште еден пример од личен аспект. Се сретнав лично со човек кој има интересна професија, ѕида од камен- македонски камен и македонска глиненица. Светот го познава, а Франција и Италија се негови фанови. Има чудно име- не македонско. Го прашав што си по националност и ми рече торбеш. Мојот одговор беше - значи НАШ човек. Стана од каде што седеше и ме гушна, даеку од односот кој дотогаш го имавме на ниво на деловно преговарање и ми рече- Ти благодарам за ова, вака никој не ми рекол до сега.
 
Не викајте ме ТОРБЕШ

***

I.

Понекогаш подбивно ме шараат со лузни.
Како модрици пцости ме боднуваат под седмото ребро.

И чувствувам пришти од погледи студни
лигави меури линам, пукаат од тага и бол.

Торбеш ме викате, но мојот прадедо
не за торба урда, за утроба сита
камбана фрлил во влажниот дол
и со бол ја копал фреската на Христа.

Свирел камшик суров како змија клета
по ребрата голи помодри од небо
крв течела топла и бликала сета,
крв човечка братко, не сок од стебло.

Рикал денот мрачен небото го цепел,
тажно гледал крстот како мртва врана
Библијата древна горела во пепел
коренот пак никнел во главата страдна.

Не го слушам звукот од Бигор што рика
на камбана жолта што ја тресе Река
но и глув сум сосема Оџа кога вика
пред мрак кога сонце на запад се влечка.

Ме викате Торбеш, но мојот прадедо
вера не би менил ни за торба сребро.
Меса му капеле под кундаци силни
животот му течел од жилите сини.

Ме виката Торбеш но горам од љубов
за секоја грутка на мојава земја.
Вардар, Пирин, Егеј ми го пленат умов
на срце ги носам како пролет цветна.

***

Не викајте ме ТОРБЕШ
Зошто ѕвездите ќе ми изгаснат во очиве
и ќе се исцедат како солзи на доенче.

Не викајте ме ТОРБЕШ
зашто и сонцето пци ќе ми го исколат
и кобили со врели копита
градиве ќе ми ги здробат.

Не викајте ме ТОРБЕШ
зашто ќе ми пресушат потоците во жиливе
а утробата одрана кожа ќе ми се стори.

Не викајте ни ТОРБЕШ
зашто кринов цвет ни вовирате во мишкиве суви
што ги притајуваме со болка и надеж и вера
во секое наше утре.

Не викајте ни ТОРБЕШ
зашто млекото ќе им се пресуши
на момиве наши со заруменети образи,
а на ергените красти ќе им ги искинат кожите.

Не викајте ни ТОРБЕШ
и не вовирајте ни нокти во мозокот
нас не ќе не' сотре безименоста.

Сами Лимани
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom