2 и пол месеци студирање... едно мало review, за факултетот по информатика...
- Професори... 3/5.. Можам да кажам дека сум апсолутно задоволен од 3ца професори, и да те насмеат, и убаво објаснуват, и новости/историја за развивањата на некои работи кажуват, а другите 2... катастрофа поголема не може да се случи. Немам апсолутна мотивација да ги учам тие 2 предмети (да не кажувам имиња).
- Асистенти... презадоволен, објаснуват како се одвиваат работите, материјалот го прават полесен и поинтересен, браво.
- Студенти, конкуренцијата е ... незнам... Има добри типчиња, ама едвај се бројат на прсти. Ни рекоа дека сме 51... Од тие 51, дали 15 преку сила можам да ги сметам за конкуренција, другите, ох брее... Глупо е кога нема натпреварување во групата, кој од кој подобар да излезе. Едноставно губаш желба за повеќе учење.
- Тоа што се учи... Основата сега за сега. Задоволен сум од тоа што го учиме, иако мислам дека треба уште МНОГУ да не стегнат, за да се виде кој е дојден да научи, а кој да зема диплома.
Дали го згрешив факултетот... Незнам, се во свое време.
Бај д веј, има некои информации за пракса за време на зимскиот распуст?