BoRg
Resistance is futile you will be assimilated
Прв електричен автомобил на нашите улици
Јачината на акумулаторот овозможува еднократно движење на автомобилот до 250 километри, вели Коце Стојанов
ГЕВГЕЛИЈА - Наскоро на нашите улици ќе се појави првиот автомобил на електричен погон, чиј прототип веќе е изработен во Германија. Станува збор за патничко возило наменето за две лица, кое е многу евтино, но не помалку брзо и ефикасно од другите автомобили и, се разбира, еколошко. Јачината на акумулаторот му овозможува на возилото да се движи 250 километри без да се полни електричната батерија. Или, пак, по изминатите 250 километри тоа да се направи при краток одмор во близина на електричен довод. Ова мало еколошко чудо наскоро ќе ги освојува сообраќајниците во Европа и во светот.
Се разбира, и во нашата земја доколку се овистинат плановите на гевгелискиот иселеник во Германија Коце Стојанов, кој пред 35 години го напуштил својот град и заедно со својот германски партнер цврсто е решен автомобилот на електричен погон да се произведува во Гевгелија. Стојанов во изминатите три и пол децении во својата компанија за батерии СМРЕ внесе многу новини, почнувајќи од производство на батерии за телефони, камери, калкулатори, па сж до оние за велосипеди и детски автомобили.
„Од неодамна во потрага по нови пазари отворив нов погон во кинескиот град Чангшун, а производството на батерии постојано го проширувам. Затоа и си велам, ако можам да имам погон во далечната Кина, зошто да не отворам во родната Гевгелија. Затоа и одлучив овој многу интересен проект, кој претставува значајна технолошка новина во автомобилската индустрија, да го реализирам во родниот град. Станува збор за многу ефикасно, но, што е уште поважно, евтино возило. Бидејќи само батеријата чини 4.000-5.000 евра, а сж друго е многу евтино, така што вкупната вредност на еден ваков автомобил би изнесувала околу 15.000 евра. Но, ако се има предвид дека годишните трошоци за движење и опслужување на еден ваков автомобил не се поголеми од 100 евра, тогаш повеќе од јасно е дека станува збор за невообичаено евтино возило", вели Коце Стојанов.
Идниот инвеститор во проектот за производство на автомобили на електричен погон веќе има готов проект, поддршка од германскиот партнер, земјиште и погон во Гевгелија за негова реализација. Останува уште да ја обезбеди потребната урбанистичка документација и другите неопходни согласности. Во Општина Гевгелија инвеститорот доби поддршка за реализација на еден ваков проект, а од успешната реализација ќе зависи дали автомобилот на електричен погон ќе сообраќа на нашите улици.