Дали некој знае што може да е проблемот? Сите прозори во станот ми се вакви, не стојат отворени туку нагло сами се затвораат. Дали треба да се штелуваат нешто? Има ли некој мајстор во Скопје што го...
www.facebook.com
... коментарите, зошто така сам се затвора новиот прозор на жената што бара помош, се заснова најчесто од „криви прозори“, некористење на васер вага“ „викни мајстор да ги поправи со васер вага да биде исправни, а не криви“...итн
... исти случај имам и јас во едната соба, а во другите нема, а истите мајстори со истите нови прозори, па исто ги викнав и слични одговори дека шарките треба да „ се штелуваат“ вртеа нешто и ништо работа, си заминаа!
... па ако не си сам мајстор кој би бил, гледајќи ги подолго време зошто така се затвора едниот прозор, дојдов до заклучок дека нема врска ни криво поставеност ни некористење на васер вага, ниту прозорците се криви, туку едноставно „мајсторите“ од приучени и гледајќи како се поставуваат прозори, посебно ако претходно се извадат старите дрвени касети и прозори, не внимаваат на ширината на рамката на новиот прозор, да ја има најмалку странично од тој прозор, еве вака иако и ова е минимален простор за да може прозорот целосно да се отвори (минималниот простор означено со црвено):

... силата и брзината со која се затвора прозорот од поставениот линк од видео снимката, укажува дека постои механички отпор и силен притисок, а не некоја гравитација или искривеност на прозорците што би било резултат со споро затворање на самиот прозор, а не вака брзо и силно.

... исто се гледа рамката на прозорот е преблиску до зидот и нема простор (нула) да го прифати страничниот ѕид мора да има таканаречен „проширувач“ (профил за компензација на простор) кој ќе го оддалечи прозорот од ѕидот за да може крилото да се отвори барем под агол од 90 степени без да удира во малтерот и затоа самиот „ѕид“ го гура прозорот, а ако се отвора и држи со сила отворено може да дојде до пукање на пластиката на рамката и оштетување на прозорот!

... поправка нема затоа што нема простор кај ѕидот зошто е веќе носечки столб, за да се реши проблемот треба целосно цел прозор да се острани и да се направи помал во ширина за да остави простор странично.
www.facebook.com
... исто мајсторите ако при поставување на прозор поставуваат и ролетни, при проверка задолжително да ги затворите до доле и да нема никакви меѓупростори за да навлезе светлината, мене кога ми поставија ролетни кога ги проверував затворајќи до доле целосно од пола нагоре останаа дупките од лентите, наместо да биде поклопено лентите на ролетните, фалеа уште 5 такви ленти од ролетна кои отпосле ги додадоа по моја замерка, па можете да замислите колку на ваков начин ќе заштедат од материјалот, а купувачот појма нема ќе примети многу покасно кога веќе не ќе може да им реагира, чесно се плаќа за „мајсторлукот“, а тие најчесто го злоупотребуваат тоа фушерајски изработувајќи го, затоа многу е важно да се знае однапред околу интервенцијата во домот пред да се викне мајстор, а посебно да се биде присутен кога мајсторот зема мера, па пожелно и самите да го измерите за точност, а вакво монтирање на прозори во новите згради кои се уште не се населени, како само поминува технички надзор и давање позитивно мислење дека техничи е исправна новата зграда!