Прозни искри

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Те Сакам

Лето , сонце , езеро... Самите зборови по себе изгледаат толку убави . Но додавајќи те тебе во таа сцена , тоа е веќе магично. Ден исполнет со смеење , следејќи ги нашите мали игри ,шеги и бакнежи ние се воздигнуваме до небото кое е толку ведро. Сонцето како да го одложуваше доаѓањето на ноќта , како се да сакаше овој ден да трае вечно. Дури и водата беше така мирна , се чинеше како да е стакло , но зар ќе го приметевме ова доколку не ги видовме нашите среќни лица во неа ? И покрај сето противење на денот , дојде зајдисонцето . А зар има нешто поубаво од зајдисонце додека лежиш на плажата со личноста која ти значи живот? „Овој ден беше совршен“ си реков и ги гледав последните сончеви зраци како се пробиваат низ планините. Дојде ноќта ,посветло од секогаш. Никогаш не сум видел толку многу звезди , а никогаш и не би ги видел доколку не гледав во твоите очи. Месечината пак го осветлуваше езерото и започнавме да го чувствуваме летниот ветер на нашите лица. Не галеше нежно , не повикуваше да танцуваме на песокот на оваа штотуку започната вечер која ќе продолжи толку магично. Седнавме настрана од сите , на карпите веднаш над водата. Одтука се слушаше гитарата на која се слушаше милозвучната мелодија на песната „Kiss Me“ . Те бакнав и те прегрнав . Тој прекрасен бакнеж траеше цела вечност , почувствував нешто како проаѓа низ целото мое тело и ја исполнува секоја трошка од моето срце. Кога ги отворив очите , на плажата немаше никој само јас и ти , сите исчезнале , препуштени сме на месечевата светлина и топлиот ветер. Легнавме на песокот прегрнати , те бакнав и тивко ти шепнав на увото „Те сакам“ ....

„Добро утро , Те Сакам“ беше следното нешто кое го чув....
 
Животот е природа. Ти си една мала река. Прво те нема, не постоиш, потоа извираш неочекувано, од нигде никаде и почнуваш да течеш, да патуваш низ природата. Наидуваш на разни места и случки. Безброј препреки. Но ти, како река, мора да продолжиш понатаму да течеш, во спротивно нема да бидеш река повеќе.
Течеш низ ливади, прекрасни долини, исполнети со прекрасни мириси од разни цвеќиња. Продолжуваш понатаму, наидуваш на стрмна клисура течеш се побрзо и порбрзо. На почетокот ти е интересно, но, наеднаш наидуваш на препрека. Огромна карпа се наоѓа пред тебе. Застануваш и твојата вода се насобира. Мислиш нема излез, очајуваш. Помислуваш дека се претвораш во нешто што никогаш не си сакала да бидеш. Вир, кој само го отежнува патот на тие наоколу. Но, тогаш за момент погледнуваш назад и гледаш дека уствари си ојачала. Твојата вода толку се насобрала, што самата ја подига и тргнува препреката од патот.
Сега течеш побрзо од било кога. Јака си и секоја препрека ја совладуваш полесно од претходната.
Наеднаш се наоѓаш пред водопад, пробуваш да запреш, но, не успева. Се побрзо течеш. Те фаќа страв. Страв од непознатото. Не знаеш што има понатаму. Сепак, наоѓаш сили барем малку да го истуркаш стравот и и’ се предаваш на судбината.
Паѓаш од водопадот. Сфаќаш дека се наоѓаш на едно прекрасно место, исполнето со бучава од твојата вода, но сепак, толку смирувачко. За момент го смируваш својот тек и уживаш во природата околу тебе. Потоа продолжуваш понатаму, пак поминуваш низ ливади исполнети со мирисни цвеќиња и цвркот на птици. Чувството е прекрасно. Но, продолжуваш понатаму, не сакаш да се задржиш само на едно место. И течеш. И’ се восхитуваш на природата наоколу. Прекрасно е. Но, се прашуваш каде е крајот. Меѓутоа ти сепак продолжуваш, река си, мора да течеш. Го занемаруваш крајот и ги гледаш убавините на природата. Потоа полека, неприметно го забавуваш својот тек. Не сакаш да ја напуштиш природата, таа е толку прекрасна и покрај нејзините горчливи моменти.
Одеднаш се наоѓаш пред океан. Сфаќаш дека наскоро ќе се слееш во вечноста, каде што завршуваат сите реки. Пак те фаќа оној страв. Но, овојпат не е толку страшен. Помешан е со мир и спокојство. Продолжуваш со истиот тек, малку подзабавен, но продолжуваш и полека се соединуваш со вечноста.

Животот е чуден. Постоиш само во еден момент од вечноста, но, сепак постоиш.
А замисли да не постоиш воопшто...

...не можеш да замислиш.
 
Има една приказна која длабоко во себе сакав да ја споделам со некого... мечтаев, сонував, ме прогонуваше непознато чувство, нешто недоживеано претходно, никогаш. Се прашувам дали можеби нешто се случуваше во мојот ум? Дали некогаш сонцето ќе престане да ми блеска во очиве, не гледам. Од него неможам да го видам новиот пат и понекогаш толку многу ме нервира. Да. Додека патував кон хоризонтот и погледот се капеше некаде далеку во езерото, мислата се обидуваше да те допре токму тебе. А ти мило си таму некаде покрај некоја друга вода... секогаш блиску, а всушност многу далеку.
Кога првпат ме допре се чувствував како восочна фигура на ова денешно сонце, се топев и губев во твојата прегратка. Фигура која не се знае дали ќе дотрае на времето, дали ќе преживее во овој нов миг. Пресилна енергија. Неверојатна волшебност на мигот. Да,ме допре, треперев и по малку исплашено те гледав право в очи, твојата рака тркалајќи се по мојота половина ми даде храброст да те посакам. Да, да те погледнам. И ти тогаш со мила насмевка да ме бакнеш. Во овие пресудни мигови обично мислата ме враќа кон минатото кон нешто старо и веќе доживеано, но денес за прв пат таа беше толку чиста и безгрижна. Силно те зграбив в прегратка, тогаш и уште милион пати потоа, се додека времето и звиците се спојуваа и исчезнуваа некде заедно во ноќта. Тогаш кога јас весело танцував на веќе добро познатите песни, кога ние девојките брлавеевме на концертите. Тогаш кога ти мило, гордо стоеше во толпата и после секоја песна ме гушкаше.... Тогаш кога бевме далеку од реалното секојдневие, кога живеевме за еден нов и посебен бакнеж. Да, тогаш кога и ветрот ми се чини дека не ја бушавеше мојата коса. А јас гордо стоев на врвот на кулата од огромнити ѕидини на чувствата. Насмевка која плови во бескрајот на секое утро кога галејќи ме по косата ме будеше. Топлината која ја чувствував од твоето присуство, а е посилна од ова денешно сонце. Има една стара тајна која се вика надеж и им е прекривка на сите мисли. Има една солза која силно верува. Душа која е исполнета и чувствува дека љубовта навистина постои.
Мило мое сега кога постојано ги прелистувам сликите, ги прегледувам спомените свесна сум дека навитина создаде еден поинаков свет само за нас. Создаде вистина, виножито преку кое знам дека таму некаде на другиот крај,некој навистина ме сака.
Сега повторно мечтаам и гушкајќи ја перницата ги бројам деновите додека повторно те видам. Ти допирам преку зборови и живеам за тој ден, за нас, за една мелодија која е бескрајно нежна и хармонична.
Те сакам.
 
Живот

Додека студот ти влегува во внатрешноста, ја заледува секоја клетка која што функционира и ја губиш неповратно целоста.Мирисот на тој покрај тебе останува на кожата, небото го прогонува сјајот за подоцна, за да можат да се обликуваат духовите на паднатите жртви.
Секогаш сум го преферирала студот пред топлината, можеби затоа што тој не постои, само недостаток, дефицит од топлина.Чудно е кога оганот во себе се мери со бои и тонови на мраз, но тоа е она што јас го правам додека зборувам за поврзаност и релации.
За љубов.
Мојата дефиниција е очигледно поинаква од онаа која што искуството со одредени луѓе во животот ми ја наметна.Да љубам е целосно да се предадам, да морам да поднесувам и да бегам од себеси најдолго што можам, но порано или покасно, ќе ме фати ветерот.
Жал ми е.
Секоја погрешно фатена порака се прпелка во бројните хипотези на душите со кои што на патот танцував, од твист до танго, самба и рокенрол, но никој не може да танцува вечно.Посебно не ветерот.Посебно не кога некој се обидува да ти ја прочита мислата која што ни самиот не можеш да ја прочиташ.
Најголемата грешка ми е, што никогаш не прашав зошто?
Нема ни да прашам.
Но сепак, убаво беше додека траеше, убаво ми е и сега, кога мирисот е нов и секој ден го носам дома и го комбинирам со мирисот на моето прекрасно ќебе и заспивам како да е тоа најбитно на светот.
Органите и мислите се мирни, сеуште не се појавил ветерот.
Повторно се провлекуваат, љубов и слобода, толку спротивни, а сепак светли во очите на сите темни илузии.Нераскинливо поврзани би рекла јас, драги.
Поврзани.
 
Да бидеме искрени. Залудно се засолнуваш под сопствената сенка кога знаеш дека тоа е единственото нешто кое ти создава проблеми.
Полека се обидуваш да излезиш, и така обидувајќи се, ги здогледуваш, демоните во твојата и така патетична глава, кои се обидуваат да те направат уште попатетична од она што си била.

Грубо ги фрлаш мислите, ги растресуваш насекаде низ твојата соба, а спомените ги оставаш во ќошот на собата знаејќи дека и така нема да си одат и да пробаш да ги избркаш.
Само сакаш малку да се одмориш од нив и од нивните канџи. Не можеш, нели?

Темнината полека навлегува во тебе, нудејќи ти ја надежта како лек против болките, но не гледаш дека полека ти го кине телото, те сечи на парчиња, и тие парчиња ги продава на ѓаволот, а ти ветува дека следниот твој здив ќе биде многу полесен од оној претходниот.
Ти, наивно верувајќи и` се предаваш на темнината, и го даваш твоето тело како жртва и и` велиш да те избави од болката која те мачи, но никако да те убие. Така, ноншалантно и` се предаваш, а таа ја започнува нејзината секојдневна одвратна рутина.
Го впива животниот сок од твоето тело, како амброзија, сметајќи се за богиња на страдањето.. Го зема твојот здив и го продава на оние истите демони од твојата глава за подолго да живеат.

А ти, умираш.
 
Нешто погрешно што кажувам
Сум погледнала во тие очи илјадници пати во денот
Толку нејасни се
Толку недофатливи
Тајните истурени по мојата соба
Покрај телефонската линија во погледот
сум чекала целиот живот за да знам

Зошто нашата светлина ја нема
Нашата бела светлина што е дома
Можеби љубовта и милоста чекаат за нас
Некаде на друго место, не овој свет
Секогаш се молам за тебе


Ќе ти пишам, и во моите сонови
Ќе лежам до тебе за да ги загушам твоите извици
И целата љубов што ја гледам, ќе ја чувам близу до мене
Во надеж дека еден ден нашите тајни ќе бидат слободни

kat.
 
Капка Карма за Неутешните


По некоја чудна хронологија на стравот,отсекогаш сум почнувал и завршувал со Ацтеките.Незнам зошто,најверојатно бидејќи ми се племе идеолошки најблиско со Лемурскиот идеал кој го гаам во сопствената духовност веќе долго време.Таа раса на воини,бескрупулозни убијци,стигнати до степен на духовна комуникација со големиот Квазел...чија ароганција ги уништи.
Нивниот погрешно разбран и прифатен концепт од Западните Предци,нивната преизнасилена девијација,ритуалните жртвувања,обожувањето на себеси....окончани од крикот на природата кој вечно се јавува кога природната селекција е пренагласена и not-so-much natural.

Падот на цивилизации,империи,монархии,силни луѓе и идеологии низ нашата полуточно запишана историја,се тоа донесено до степен на создавање концепт кој објаснува до каде може една животна линија да оди за да не биде трн во око на семоќната Лејди Карма.

И после целото тоа читање,целото тоа осознавање и набиен страв дека и самото наше постоење е лимитирано на одредени правилa,и не се е дозволено автоматски го фрла човек во резигнација.Особено во делувањето.
Во една таква состојба,тој мора да наоѓа блаженост во некоја осредна стереотипија на полуфункционалност,која,да биде уште потажно,е веќе видена кај секоја прва и три четвртини put name here будала.Оној кој се истакнува во една таква мала сурија исплашени вагинални процепи е оној кој знае виц.Или гатанка.
Убави,мали Еолци кој си личат еден со друг,се однесуваат исто освен во мининијанси,не трчаат по пешачки и ги слушаат мама и тато,макар и да не се согласуваат.Ги следат сите обичајни правила кои ги гледале во народните приказни режирани од best drunk award winner Мите Гроздановски.Делат совети и упатства прекажани од баба и дедо,вкоренети во времето кога Турците викале ОП.Цела една каша на набиена фобија од циркулативната карма која како Харпер ги брка оние кои грешат душа на судбината.

Ги сфаќам.
Концепт на стадо,милиони страници напишани за тоа стадо да биде послушно и да внимава на своите постапки.Од Деспоти кои морале да тепаат за да им биде изорана нивата,Фараони кои се ваделе себеси дека се деца на богови за да фрлат селани(и замислете чудо-евреи) во субмисија,преку Инквизитори кои палеле луѓе заради тоа што си играле на ти го-дај ми го со природата и тековите кои не смеат да ги контролираат тие пепел-to-be ништожници....се до денешните директори на фирми,прикриени масони кои наместо obedience велат карма,за да нема радикални промени во нивниот трансфер на пари олицетворени преку нож во нивниот свински врат.

Како обичниот човек да го преброди сето тоа?Како да се оттргне од стравот?Незнам искрено.Само знам дека Кармата е човечка творевина и нема врска со тоа дека Природата врши ретрибуција.Едноставно,кармата е создадена за да Командирот се исплаши и се откаже од убиството на Капетанот и превземањето на неговата газомасирачка фотелја,од пусти страв да не фати рак на тестиси or some shit like that.Накратко,за да се одржи гнасниот баланс на постоење.
Now the tricky part.
По секој пад на една Моќ,луѓето велат дека таа била уништена бидејќи нејзиниот курс на движење не соодветствувал со оној кој бил прифатлив и човечен.Потоа,истите тие кои ја рушат таа Моќ,не прават ништо друго,освен превземање на нејзиното место....се додека и тие самите не бидат урнати од некој нов wiseguy.Обична ебана човечка природа.Не барајте длабочина во тоа.

Целата моја лична фрустрација не се базира на самиот факт дека сите овие срања во човечкиот ум постојат.
Не.
Се базира на самиот факт дека морам да кореспондирам со нив и нивниот страв да го инкорпорирам секој ден,кој како ден е неуспешен поради самиот факт("самиот факт" word hattrick:)) дека моето пропагирање на јавање на кармата,а не страв од неа е несфатено.Фрустрацијата уште повеќе се амплифицира себеси кога сфаќам дека морам да го достигнам врвот во еден ваков свет чии правила не почитувам и каде предизвикот е премал и се крие во мали фрагменти на преамбициозност кои може да се појават кај некоја огорчена будала на мојот пат.

Но,достигнувањето на врвот на своите идеали и амбиции,патем целосно непочитувајќи ја Кармата како измислена движечка сила,не значи дека немам страв.Ацтеките не загинаа од Конквистадорска пушка.загинаа од чума,дело на природата,увезено само за нивно suffering pleasure.Трпеливоста на природата е огромна во еден свет кој ја уништува и гази,во свет полн луѓе кои целосно себично се плашат за себеси од сила која може да ја повреди нивната субјективна причинска-последичност,патем заборавајќи на вистинскиот господар на овој свет,а тоа сепак не сме ние и нашата испрдочна измишљотина наречена Карма.

I do fear and respect Mother Nature.But in this world of Yes-a-lots,i will be a Deviant and a Libertine and a Ghast......and a challenger of all your ever pathetic fears.
Untill....Nature takes me back from whence i came.


 
pinkma11.jpg

Љубовен Коктел:


Come and save me… From me… Кој пат да го одберам? По која патека да тргнам? Збунет сум! Во глава нонстоп ми се вртат зборовите од една песна: Come and save me… From me… При првото слушање на овие зборови, целосно потонувам во нивната смисла... Да, се замислувам себеси како маченик, но не маченик кој обожава да ги уништува другите, туку себеси. А ти, нормално, во сето тоа, си мојата принцеза, мојот спасител, мојата заспана убавица, единствената, совршената, чии усни можат да ги залечат раните настанати во ова срце, да ме спаси од самиот себеси, како што говори текстот од песната. Повторно одекнуваат истите зборови, и повторно со себе ја носат истата тажна, носталгична порака... Но овојпат, побудуваат поинакви чуства во мене. Побудуваат чуства на несигурност, болка, горчлива љубов. Станувам свесен дека дури и ти, принцезо, имаш свои темни страни, кои љубоморно ги криеше од мене речиси две години, но кои на крај го совладаа твојот разум. Зборовите од песната одекнуваат и третпат. Толку малку зборови, толку проста реченица, а во мене создаваат цела бура од емоции, чуства, болка и љубов, сето тоа измешано како во некој горчлив коктел. А пак јас, против својата волја и како по навика, уживам во тој коктел, иако сум свесен за тоа што ми го носи секоја горчлива голтка, се до последната... И еве сум, на крајот од овој текст, и би сакал да го завршам на ист начин на кој што го почнав: со текстче од песна, повторно кратко и јасно, а со толку длабока, смислена порака:
Научили смо нешто ваљда
Из везе прошле
Сад чувај се ти
Па, видимо се после
 
Херметистичка градина

Ве замолувам, замислете си стаклена градина, преполна со виолетови пеперутки и малечки самовили со светло жолти крилца, посипуваат месечева прашина врз сите луѓе на светот.
Зарем не се мили и прекрасни?

Додека танцував на врвот од ѕвездите, ја видов клучалката во просторот без иронија, малечката, минијатурна топка на крајот од полицата.Веројатно мислите дека не може да се пронајде клучалка во топка, но ова беше приметлива клучалка, со карактер и сопствена волја.Светкаше доволно силно за да биде приметена.

Никогаш не помислив дека треба да пронајдам клуч за да можам да ги дознаам тајните начини на механизмите со кои што овие суштества функционираат.
Која сум јас да ја откривам тајната на херметистичкото постоење, лично верувам дека тоа е такво, скоро неутрално, можеби дури и археписко, а чистите идеи само прелетуваат во главите на малечките и слатки крилести вили и тие ја посипуваат прашината.
Зарем таа филозофија не е убава?
Зарем не не теши кога бараме утеха дури и во Бога?

Она што било, она што е и она што ќе биде.Заклучено во позлатена клучалка.

Сите умови се преплетуваат во еден, како Борг на трансформацијата која што секојдневно не тера да напредуваме по пат кој што можеби и не е наш, туку туѓ, на оној што не поседувал пред ние да се поседуваме себеси.Но тоа е сосема друга приказна рекоа Браќата Грим.

Јас само сакам да ви посочам да се откажете од откривањето на машината и нејзините ќошеви, индивидуалниот пат е оној што е битен, стаклената градина не го пушта никој внатре.
Статична е и херметички затворена, ако има убава клучалка како замка.Се што ни треба е алатот на главните желби, не автоматски пилот, мои драги пријатели.
 
Беше застаната на верандата која долго време ја бранеше од сите инсекти.Незнам зошто се плашеше толку многу од нив,сепак беа немоќни да му се радуваат на тоа старо дрво како што таа умееше.
Тргнувајќи да го фати комарецот и остана белиот ракав на жицата која гордо беше исправена како да заштитува се што не сакаше таа да има во нејзина близина.Го сфати знакот и се навали на столчето кое го плетеше минатата недела чекајќи една драга личност да ја посети.Седна во сопствената потреба да ја одмори Другата во себе,да и даде нектар,да и поклони цвет од жалфија за да го осети мирисот на кожата кој беше собрана во една точка и полека се брануваше кон прстите...копнеж за сопствените прсти,копнеж за познат допир.Продолжи да се навалува не чувствувајќи дека столчето одамна не е под нејзиното тело,дека одамна седи на ткаенината осамена и фрлена на тие изморени даски.
Легна и ја чувствуваше вијулицата од прашина над нејзината главата како полека се спушта околу целото нејзино тело и почнува да стегна со секоја честичка полна со страст за нешто човечко,нешто недопрено.Ја притисна целата моќ на невидливото ,целата моќ на тишината и почна да ја милува нејзината обвивка од страв,нејзината сласт насобрана во сите пори од кожата...тој мирис на непознатото ја воздигнуваше до светилката која беше одамна без светлина и ја враќаше до секој бран на дрвото...ја креваше до облакот од желби и ја враќаше до просторот исполнет со цимeт.
Го осети допирот на градите како секоја капка вино во орман кој одамна е затворен,ја осети воздишката на невидливото и крикна од болка.

Застана позади вратата и остана да му зборува на крикот .
 
My Valentine

Тие се уште беа живи кога ми проговореа
КОООЈ???!!!!!-авторитативно
------------------------------------------
Зарем е воопшто важно.
My Valentine не ми пиша
Но без разлика на тоа енергијата се ширеше со подеднакво брза енергија. Таа се најде себеси толку доле, што веќе и беше нормално, нозете и гореа брзо. Беше подготвена да се врати во земјата-таму каде што припаѓаше или таму од каде што доаѓаше...како што реков веќе не е важно.
My Valentine заборави да ми пише
Таа ја скрши маската на мојата емпатија. Јас сакав да побегнам, да не го чуствувам тоа таму воопшто. Исто така се надевам дека ти, ја чуствуваш земјата како се врти во тебе. Тие императорски очи...се толку блиску до мене, толку блиску хх!
 
Милион и една пустинска бура низ порите на човек кој што се научил на живот во вода, комплетно неприфатливо.Додека сите мириси на темјан се заменуваат со оној препознатлив прав лаванда и неколку нишки на крин.
Темјанушка.
Сите гробови умираат и пропаѓаат во земја, сите нечисти и чисти мисли се спојуваат и се враќаат во генераторот на величенствената матка.И останува само подемот на она што си го сметал за лудо и неприфатливо.
Моќта на „ние“.

Ајде оди победи ја да те видам!
Па ќе му признаам на било кој дека го победил светот, како против тоа, како против себе?
Како против ... силата поголема од егоцентризмот.
Љубов.
 
Ме прашуваш дали чувствувам како твоите раце треперат додека полека ја вадиш шнолата од мојата коса. Ме прашуваш дали ми се допаѓа што ми ги отплеткуваш локните и нурнуваш со твоето лице во нив, вдишувајќи ја миризбата на диви рози. На вратот чувствувам топлина која излегува од твоите дишни патишта и ме тера да се стресам пред искушението во кое ти ме ставаш. Ја гледам сликата на ѕидот и се обидувам за момент да се најдам во неа, во рамките на тој прекрасен пејзаж. Додека ти ми го бакнуваш грбот, јас да размислувам за виталната сила на истите диви рози кои ја исполнуваат мојата коса. За нивниот кревок изглед, но издржлива градба. Сфаќам дека и јас сум дива роза. Дека и јас сум преживеала грмотевици, дождови и сонце, дека сум виреела покрај сите нив, станувајќи се поцврста личност. Задоволна со тоа што станав таква, замижувам и се предавам на твоите нагони и ти дозволувам да ме љубиш со целото твое битие.
 
Полека ги отворив очите. Таа исчезна... Зар мораше пак да се повтори? Нов ден, а иста ноќ. Исти сништа... Ноќни мори кои ме дробат штом ги отворам очите. А прекрасни се на почетокот...
Паѓам длабоко додека не ја удрам земјата како чекан. Светлината сеуште не е присутна. Мрак... Само некои тивки звуци на воздишки. Но веќе познати. Сум ги слушнал некаде. Веќе по не знам кој пат. Чекорам, не стапнувајќи на земјата. Чувствувам мирис на среќа. Светлината полека се појавува и ме милува по телото. Не сум невидлив. Желбата гори во мене да ја видам. А таа ми се смешка не појавувајќи се. Кикотење... слатки извици на имиња кои никогаш не сум ги чул, а ги познавам. Тие имиња ми припаѓаат. Лебдам низ шумата, трагајќи по тој таинсвен глас. Но далеку е... и се подалеку. Или потивко ми шепотии. Ме вика да ја барам. Обземен од неа талкам низ воздухот, чувствувајќи ја радоста во срцето мое...
- Дали си тука - шепотам тивко нурнувајќи се во водата. Вдишувам длабоко чувствувајќи лесен страв.
- Исчезнуваш? - довикувам без глас. Го слушам истиот џагор. Ова не е вода. Пак сум на исто место... И таа е тука некаде. Слатка болка во срцето ме обвива. Го чувствувам нејзиното присуство додека ме допира со нејзиниот здив одзади. Се вртам...
....полека ги отварам очите.
 
Пеколен Бал-каде што ќе присуствува неговото височество Принцот!

Женски парфем ја облеа занданата.
Неговите сетила инстантно се разбудија, и покрај трулоста на вољата што владееше во неговиот стомак.
Време е-рече таа, со мил глас
Тој само цинично се насмеа и стана.
Покрај сите човечки дела тој сепак мораше да го посети тој вампирски бал, кој што цел живот го презираше. Веќе беше нафиксан на апатија, апсолутно ниту еден крик не можеше да го крене.
---------------------------------------------------------------------
Оргијата како да немаше крај, телесни ужаси на сите страни. Фокусот беше на готскиот ентерирер-невидената мрачна убавина-што во овој момент беше рај.
Тука сите немаа маски, тука сите беа со лузни, тука сите беа корен.
Измачувањето почна кога ја здогледа неа, веѓе не можејќи да ја издржи својата болкаа не сакаше ни да помисли на нјезината. Не ни мораше, тој со очи ја чуствуваше.
Почна да се дере на цел глас, кога почуствува оштра болка на грбот. Сега ни камшикот не можеше да му ги одтргне мислите, беше решен да побегне со неа од таму.
Но...Гадаф само слатко се смешкаше, затоа што синџирите беа направена од коските на луцифер самиот, обичен човек не можеше да се ослободи од нив.

Можеби некогаш и нему ќе му дојде редот да го почуствува гревот над гревовите...до тогаш, само вино и тишина.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom