Провокации

  • Креатор на темата Креатор на темата Il Chino
  • Време на започнување Време на започнување
Не паѓам ич на провокации... мноооооогу ретко... Таков ми е карактерот не се замарам многу. Провоцирам мнооооогу ретко и тоа кога ме вадат од такт со фори ‘леле кој сум јас‘ и такви дигања.. Ако збориме за ремет у друштво на заебанција ок е... ама не сите го сфакаат тоа на заебанција па коа ке видиш.. меч со две острици!
Сакам сарказам забавен е ... :) ама ретко кога лугето го разбираат.
 
Хмммм...дали лесно паѓам на провокации знаат оние кои ме провоцирале.Во принцип мислам дека не.Доколку приметам дека некој намерно ме провоцира нема шанси да потпаднам во никој случај но некогаш несвесно сум падналана провокации толку прости и очигледни и кога ќе се освестиш веќе касно е, си ја остварил некој целта.
Јас не сакам да провоцирам,ретко кога добивам желба за тоа.Понекогаш знам да направам кавга за да си ја олеснам душичката ама ретко тоа кога веќе не се издржува.:kesa:
 
Љубите ли да провоцирате?
Во друштво, на шала или пак на некого на кого му мислите лошо и барате повод за караница. :)

Провоцирам, ама не како повод за караница.. јас никогаш не се карам, јас дискутирам :) Провоцирам само на заебанција, и не мислам лошо со тоа, можеби само да го натерам провоцираниот да се замисли за некои работи.

И уште едно прашање, дали лесно потпаѓате на провокации?
Лесно запаливи материи, кои и на најситна провокација реагираат премногу импулсивно или имате челични нерви и ништо не може да ве испровоцира... и така.

Колку станувам постара, потешко е да ме испровоцираш. Препознавам провокација, ја сечам во корен или ја игнорирам. Јес да има мајстори кои успеваа да ме „запалат“ ал се ретки :)
 
Знам да провоцирам во друштво,онака на шала :)А иначе не потпаѓам лесно на провокации и не се потпалувам брзо на истите (освен ако не се политички):pos::pos:
 
Па зависи
у друштво на пример,со тие шо ги знам,увек провоцирам,али на заебанција нормално,пошо знам дека нема да ми се налути никој,а и ја не се лутам коа ме провоцираат
а со некои непознати исто зависи од ситуација,провоцирам коа треба,а и враќам на тие шо ме провоцираат:salut:
 
Не провоцирам едноставно не сакам да го правам тоа а со оглед на тоа дека избувнувам многу лесно и знаат некои работи да ме извадат од такт знам да подлегнам на провокации.
 
Некогаш преќутувам, ама ако некој ми се качи на глава едноставно нешто ме тера и ја да му вратам. Но никогаш не почнувам провокации, а ги завршувам.
 
У друштво на шала обавезно провоцирам..Посебно провокации паѓаат кога играме кантер...Тој што е "извидник" го умираме од провоцирање..:)..

Извидник е уствари тој шо е последен на напраени убиства(за тие шо не знаат)

Исто така провокации паѓаат кога ќе изгуби Манчестер или Челзи :)
 
Тешко паѓам на провокации,пошто јас лично провоцирам премногу и знам да осетам кога и мене ме провоцираат.Ретко кога паѓам на провокација.Скоро секогаш провокацијата е на зезанција или нешто слично колку да видам реакција, размислување,да поттикнам некаква акција:pipi:
 
Во последно време гледам што помалце да провоцирам, го менувам тоа со кажување на вистината директно и со смирен тон.
Инаку, провоцирам со мерак и со сарказам, иронија. Повеќе за шега, а успатно и за да провоцираниот ја сфати поенатата и да се промени.
Порано паѓав на провокации толку лесно, што сега се смеам на мојата поранешна наивност. Од 1 до 100, шансите да ме испровоцирате сега, ви се 0.
 
Обожавам да провоцирам , тоа ми е во крвфа.Со другарите за фудбал премногу се караме.Се случило да не зборуваме неколку недели само поради некој натпревар.
Братучед ми е најлудиот навивач и навива за Милан и сега кога го зафркавав за со Интер малце се затепавме ама ништо чудно, често се случува тоа.

И да, паѓам на провокации многу лесно.:wub:
 
po priroda sum stalozen ama ednas preku komentari na profil napraviv puzder i dobiv ban...sega sum discipliniran:)

Обожавам да провоцирам , тоа ми е во крвфа.Со другарите за фудбал премногу се караме.Се случило да не зборуваме неколку недели само поради некој натпревар.
Братучед ми е најлудиот навивач и навива за Милан и сега кога го зафркавав за со Интер малце се затепавме ама ништо чудно, често се случува тоа.

И да, паѓам на провокации многу лесно.:wub:

a neli mislis deka poradi tvojata predvidlivost namerno te provociraat?
 
Не провоцирам и не може лесно да ме испровоцираат, под провокација мислам на чиста провокација, а не задевање и поигрување со ситуациите и луѓето во нив.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom