против религиите

  • Креатор на темата Креатор на темата Neemo
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
24 ноември 2008
Мислења
1.035
Поени од реакции
44
Сите докази покажуваат дека она што навистина сме - вистинските битија - е материјално и зависи од работата на нашиот мозок. Тоа значи дека религиските и теистичките доктрини се погрешни.

Верата е несигурна и неприфатлива
Заедничка карактеристика на теизмот и на религиите е што се потпираат на верата: вербата во постоњето на бог и вистинитоста на религиските доктрини не е основано ниту докажано од логиката, резумот, доказот ниту пак науката. Наместо тоа, луѓето би требало да имаат вера - позиција што свесно би требале да ја прифатат здраво за готово. Верата е несигурен и неприфатлив водич низ реалноста и не значи собирање знаење.

Животот е материјален, не натприроден
Најголем дел од религиите тврдат дека животот е многу повеќе отколку месото и материјата што ги гледаме околу нас. Покрај тоа, би требало да постои некој вид духовно или натприродно царство зад сето тоа и дека нашите „вистински битија“ се духовни, не материјални. Сите докази, наспрема тоа, покажуваат дека животот е чисто природен феномен. Сите докази покажуваат дека она што навистина сме - вистинските битија - е материјално и зависи од работата на нашиот мозок. Тоа значи дека религиските и теистичките доктрини се погрешни.
 
Кои докази? Да не мислиш на уште една теорија..како она за еволуцијата..која ако добро размислиш ќе видиш дека се базира на верата..некои толку верувале во себе и нивните глупости што рекле дека Бог не постои...Едниствен феномен овде е отуѓеноста на човекот..
 
Ѓубре! Куп нејасни зборови кои се објаснуваат со помош на други нејасни зборови. Зошто? Затоа што во нив поентата не е да ти стане јасно, туку да ти стане нејасно, да се почувствуваш мал и безвреден, да си речеш „леле колку е голем овој бог“, да се скршиш, да се откажеш од потрага по рационално објаснување. Вистината обично може да се објасни на многу едноставен начин и со едноставни зборови. Дури и за сложените теории како што е дарвиновата постојат објаснувања со прости и секојдневни зборови. Тоа е најдобар показател што е вистина, а што само фрлање прашина в очи. Религијата е за типови што се палат на мистика, на нејасност. Вистината (што ја пишуваат со голема буква) за нив уопште не е потребна. Религијата е бегање од реалноста.
 
Погрешно си ја разбрал религијата....Сосема е едноставна ..само треба да се потруди човек...Бог првин сака вера после отвара "очи"...
Од друга страна многу е потешко некому да објасниш како од една праисториска супа каде веројатноста на созадавање на наједноставните протеини математички се мери со бројки кои достигаат размер од 1: 1 со 158 нули..настанал човекот и се развил со таков интелект(ова кога е Дарвин во прашање) кој инаку не успеал да ја докаже својата толку величана теорија никогаш...
Реалноста ..интересно колку луѓето не се во состојба да ја спознаат..па кршат глава со "рационални" објаснувања
 
Во религиите е грев да се сомневаш. Таму (у)верувањата не се градат врз факти и проверки. Ситна душа си ако бараш факти и ако проверуваш. Сетете се само на она дека „блажени се тие што веруваат а не го виделе бога“ (така некако беше). Тоа не е ништо друго туку интелектуален тоталитаризам. И не само што ти забрануваат некои нешта да ги кажеш, туку ти забрануваат некои нешта и да ги мислиш - нормално, ако сакаш да „го видиш или осознаеш бог“. Со други зборови, те тераат на една самохипноза, самоубедување, кога самиот себеси си се тераш да го отфрлиш разумот и рационалното размислување.:tapp:
 
Дури и да постоел(според тебе)...Тоталитаризмот заврши со појавата на Исус..ама јас и денес гледам "слепи луѓе"...што бидна тогаш со рационалното размислување и размуот?Од топлото да не им се помати умот..
 
Религијата е ментален тоталитаризам

Религијата е догма. Таа не се докажува. Забрането е да се искушува. На верниците им се проповеда дека е слабост да се сомневаш во неа. Со тоа таа станува интелектуален тоталитаризам, ментална блокираност и етичка исклучивост за оној кој ја следи.
 
Религијата е ментален тоталитаризам

Религијата е догма. Таа не се докажува. Забрането е да се искушува. На верниците им се проповеда дека е слабост да се сомневаш во неа. Со тоа таа станува интелектуален тоталитаризам, ментална блокираност и етичка исклучивост за оној кој ја следи.
Не ми одговори на предходното прашање?Еве велиш дека е ментален тоталитаризам..Бог вели дека се објавил преку Исус..го виделе многу луѓе запишале историчари..и?
Проблемот е во луѓето..самобендисани се...
Знаеш потребна е подеднаква иста вера да не веруваш во Бога како и онаа која те тера да веруваш..Инаку спознанието за Бог ослободува не те блокира...
 
А кој го кажа тоа дека бог рекол дека се објавил преку исус??? а абе дај не заебавај:pos2: сигурно бог се симана и на сите им го кажа тоа или вербата ја пронајде во книгите на вечната вистина, кој се пишуваат и препишуваат тоест се бришат делови и додаваат кога како ви одговара :vozbud:
 
А кој го кажа тоа дека бог рекол дека се објавил преку исус??? а абе дај не заебавај:pos2: сигурно бог се симана и на сите им го кажа тоа или вербата ја пронајде во книгите на вечната вистина, кој се пишуваат и препишуваат тоест се бришат делови и додаваат кога како ви одговара :vozbud:
Па да прочиташе дел од Библијата..посебно Стариот Завет каде има толку многу пророштва за Исус кои се оствариле..поинаку мислење ќе имаше..Инаку Тората и најавата за Месијата стои како таква 3000 години..никој ниту додал ниту одзел..списите кои се пронајдени се автентични...потврдени од научниците на кои им веруваш...што е главна човекова мана..верба во луѓето..
 
Хе хе хе делови од стариот завет кој повикуваат на убивање,крвопролевање,етнички чистења за тие ли ми збориш???
 
добро која е поентата на оваа тема? се ова што е кажано тука е кажано милион пати до сеа во милион теми...јас коа го прочитв насловот мислев некој ќе протестира (модерно е во последно време)
 
Хе хе хе делови од стариот завет кој повикуваат на убивање,крвопролевање,етнички чистења за тие ли ми збориш???
Очигледно не знаеш за што ти зборам..или не сакаш да знаеш..
Прочитај ги пророците..Исаја ти е доволен..

добро која е поентата на оваа тема? се ова што е кажано тука е кажано милион пати до сеа во милион теми...јас коа го прочитв насловот мислев некој ќе протестира (модерно е во последно време)
Како што е поентата на темата...И мене ми е доста да објаснувам на секој посебно ама ете...Протестираат луѓето:)
 
Може Може Мојсеј како еден од поголемите .. Авторитети,, ? ај мојсеј “од денес Јас ќе почнам да сеам страв и ужас пред тебе врз народите под целото небо; оние што ќе чујат за тебе, ќе се смутат и ќе се разболат од лицето твое. (Петта книга Мојсеева 2:25)
малку подолу Мојсеј, човекот преку кого бог ги давал своите заповеди, им раскажува на своите со народници, божјиот народ Израилот. Им кажува дека она што горе го цитирав Господ си го извршил:
и го предаде Господ, Бог наш, во рацете наши и ние го разбивме него, синовите негови и целиот народ негов.
Тогаш ги презедовме сите градови негови, ги разоривме сите градови, а и жените и децата не ги оставивме живи;
само добитокот им го зедовме и пленот од градовите, што ги презедовме (Петта книга Мојсеева 2:33,35)
 
И?Законот оддамна е замент со милоста..за која некои нема никогаш да дознаат..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom