Протести низ Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Само да забележам дека сум Ѓорѓи.
Она што ти го коментираш не може да биде „постапка“. Ти реков, и јас можам да сум „аналитичар“ (како еден куп други), ама едно е да си аналитичар дома, пред кооперација... а друго е да се води постапка со законски правила. Повеќе пати сум рекол дека јас имам сомнеж во сите политичари од цел свет дека се „корумпирани“ (расипани), а друго е да поведеш постапка пред суд или сл. Таму треба докази да се прикажат (секако, легални), а од муабети нема ништо. Јас не се бунам, туку само укажувам на ова што го напишав. Џабе некој скока како петел, ако нема легални докази.
Сеисто.

Тоа што го кажувам е легитимизирано со договор, 4те партии се согласни дека ЈО не работело согласно устав и закон, па усвоија закон за формирање на ново тело кое ќе работи согласно законските регулативи. Ептен е лесно ова да се сфати, не треба си гениј некаков. За докази и што е легално што не, не треба да се тегавиш оти не разбираш, далеку си од материјата.

Твојата афекција спрема одредени групи во државата те тера да размислуваш антидржавно и малициозно, ти не би да се решава проблемот, туку да се продлабочи, а тоа е на штета на сите нас Ѓорѓе.
 
вицкед_1, навистина си на многу ниски основи со „кликерот“. Ова е за бисер на месецот: „ легитимизирано со договор, 4те партии се согласни дека ЈО не работело согласно устав и закон“. Демек, партиите се тие кои кажуваат што е легално, а што не? Не биди смешен, испаѓаш глупав. Легалноста се утврдува со закон, со прописи... И јас не сум разбирал!? А ти трескаш детски работи. Ова што го пишуваш, е на ниво од 4-то одделение. Демек, Аљи, Тачи, Заев и Груевски утврдиле дека ЈО не работело согласно устав и закон. Ова е „бисер над бисерите“... стручњаку. „Дал’ да плачам ил’ да пеам“.
Ако четворицава заклучат дека си ти малоумен, ќе го прифатиш ли тоа?
 
Па еурека бе дедо, конечно да се разбереме, ти би бил одличен администрациски правник, штета што не те упишале на факултет. Иначе, целиот труд на форумов низ вц ти отиде, богами за плачење е работава.

Да, партиите како носители на волјата на граѓаните одлучуваат во поглед на државните органи, нивниот статус, промени ингеренции итн.
Е сега ако ти пример не си читав и сметаш дека си некој висок државен орган, тогаш може Аљи да решава за тебе а не соодветна здравствена установа.
 
Нешто е легално и законско ако е согласно законите. Не може тоа поинаку да биде. Ова кога ќе го совладаш, можеш да преминеш во 2-ро одд.
 
Нешто е легално и законско ако е согласно законите. Не може тоа поинаку да биде. Ова кога ќе го совладаш, можеш да преминеш во 2-ро одд.
Во право си ѓорѓе, затоа и СЈО е формирано согласно закон, потпишан во Собрание. Напредуваш.. :icon_lol:
 
Да, испучитувана е процедурата за носење на закон, во Собранието, но законот не е согласно Уставот... па вол да беше ќе разбереше дека не може да постојат 2 јавни обвинителства. Сега се 2. Па на дете од 7 години да му кажеш 20 пати ќе разбереше, а ти не. Туку, ти размислуваш партиски или политички, децата не, па затоа можеби пред тебе ќе разберат.
Ти не напредуваш, заглавен си и немаш никаков прогрес, за жал, на партиско ниво, т.е. ниско.
 
ИспУчитувана а :icon_lol:, си бегал од македонски на времето дедо..

Уставот не е битен во случајов, има закон кој е потпишан во собрание од сите партии, легитимноста на новото тело е апсолутна, не е спорена од никого и е процесуирана низ институционалните филтри.

Им смета само на тебе и тие што ги трчкаат за криминал, малце чудно дури и за неписмен постар човек.:cautious:
 
а што ви пречи СЈО. ако немало криминал, нема ни да има кривични пријави и пресуди
СЈО нема да даде никакви резултати и ќе се распушти како неуспешен обид за уценување на власта
ама ако имало криминал и СЈО успее да најде солидни докази, тогаш ...
 
Искрен да бидам, ама уопште веќе не ми е битно дали ќе има промени или не. Уопште не ми е битно дали државава ќе опстане или не. Што ја глуп сум да се смарам со тоа, а 25 години тој што е платен за тоа упорно ме убедува со мои пари дека од ова парче проклето земја држава не бидува. Одамна го остаив патриотизмот и национализмот на тие што им треба, ене ги, status quo се уште во својот развој. И така ќе цркнат, исто како и земјава.
 
Не би рекол. Во 2011 Сдсм изгуби со 69к гласови на теза ,,се е како подмачкано во Македонија со 100 % медиумска застапеност мед и млеко течи на чело со овај режим"
Денес 2016 објавена целосната вистина , обелоденети сите матни зделки сите овие години, избркани министри поради добро познати причини, размрдани сите институции кој сите овие години работат под директива. Пронајдени 30/40к лажни л.к, 30+ илљади гласачи не пријавени и префрлени на друг список, придонесување на скоро сите коалициони партнери кои, ако се земе просек на гласови ни малце не е бројка за замајување. Ако се обрне внимание на сите овие работи, ќе видиш дека не е така едноставно како што мислеш.
-Од пос инфр. во Сдсм е создадена клима за избори, спремни се и програмски за влез во предизборна кампања.
Не би гледал причина да се одложат како што напиша ти, единствено во ваква состојба одложување би можело само ако го укинат СЈО на помалце од 3 месеци до избр.. Ако се случи тоа на корак до избори тогаш јасно и гласно ќе се виде кој бега од избори. Друга причина негледам.

А тебе Друже те читам подолго време на форумов, од авион се гледа дека и ти не си задоволен од досегашната 10годишна политика, ти пишав и поназад, ќе ти пишам и сега. Со ваков пристап на изнесување на мислење посебно во предизборен период, ништо не придонесуваш за нешто да се смени.
Со сегашниот лидер на сдсм таа разлика ќе биде 690.000 гласови. На следните избори сдсм има тотално да бидат срозени, после избори нема со месеци во јавност да се појавуваат заев и шеќеринска. А може и ќе заминат некаде да си ги лечат траумите.
Конечно ќе има мир на политичката сцена и ќе се нормализира состојбата во државава.
 
Туку Муки Зекири се одзва ли на вчерашното исвиркување на химната на Македонија и на сите знамиња на македонски градови со албански превод ?

Оној Муки што во први редови им го зема славјето на шарените револуционери ;)
 
По ова што те читам Мафо, промената значи освежување на банкарските сметки на други луѓе кои по заслуга а на по план и идеја како да ми го подобрат животот, ќе се седнат на тие позиции. Фала ама не фала. Политичките партии кај нас се најголемите работодавци, бидејќи без тоа тие нема да постојат. Истото важи и за СДС и за ВМРО. И едните и другите немаат никаков квалитет во себе освен да крадат на најбезобразен и сељачки начин.

Друга работа, кои се тие нови фаци во СДС и што тие до сега сработиле во животот и што ќе понудат? Дали се спремни од службеничка плата да живеат? Зошто активистите кои ги водеа протестите под мотото НИЕ НЕ СМЕ ПАРТИЈА земаат активно учество во работата на СДС и дури се најавуваат по изборни листи? Кој ќе ги гласа нив, јас сигурно не пошто излажаа маса на народ што киснеше со нив дека нема да имаат никакви врски со СДС. Зошто во раководство влага човек кој е отворен поддржувач на разни муслимански режими, кој ќе го гласа него? Јас сигурно не.
 
ИспУчитувана а :icon_lol:, си бегал од македонски на времето дедо..

Уставот не е битен во случајов, има закон кој е потпишан во собрание од сите партии, легитимноста на новото тело е апсолутна, не е спорена од никого и е процесуирана низ институционалните филтри.

Им смета само на тебе и тие што ги трчкаат за криминал, малце чудно дури и за неписмен постар човек.:cautious:
Јас сум за тебе „Блаже Конески“ за македонскиот јазик. Јас сум ревносен „чувател“ на јазикот, акцент, што помалку користење на странски зборови... А тоа е грешка при пишување и нема врска со знаење на јазикот.
ОК, ако мислиш дека уставот не е битен, јасно е, нема што повеќе да се дискутира. Така кажи, дека не е битен, јас мислев дека сакаш да го докажеш неможното, дека законот е согласно уставот.
Тоа што зборуваш за нечие „сметање“ (во македонскиот јазик се вели „пречи“, а во Србија да.. смета е исто што и пречи кај нас), учен човеку кој зборува уличарски, кој нема поим од правни норми, кој смета дека партиите што ќе кажат, тоа е над уставот и законите... Еееејјј... колку дебилни мали луѓе се сметаат за учени... За жал, многу дебилни луѓе надоаѓаат од младите.. Ние постарите (45 г.) сме доктори за наука и со средни школи за денешните со магистерски, а за пообразованите да не зборуваме.[DOUBLEPOST=1473163219][/DOUBLEPOST]
а што ви пречи СЈО. ако немало криминал, нема ни да има кривични пријави и пресуди
СЈО нема да даде никакви резултати и ќе се распушти како неуспешен обид за уценување на власта
ама ако имало криминал и СЈО успее да најде солидни докази, тогаш ...
Не е тоа тема на разговорот. Темата е дека според уставот, таква институција не смее да постои. А дали е некој виновен или не, тоа јас не го разговарам овде. Ниту пак знам дали и кој е виновен.
 
Кој го одобри тоа СЈО, зошто воопшто е дозволено негово формирање? Ако е против уставот, зошто никој не го брани уставот и дозволува негово кршење?
Не владее законот и правото во оваа држава?
 
Туку Муки Зекири се одзва ли на вчерашното исвиркување на химната на Македонија и на сите знамиња на македонски градови со албански превод ?
Оној Муки што во први редови им го зема славјето на шарените револуционери ;)
Фрустрирачки е вака, кога некој кој веројатно не бил ни член на партијата, влегува директно во највисоките тела. А некои кои „скапале“ по активности, митинзи, задачи... ќе си гледаат подзинати..
Имало и кај други партии слични моменти, не е само Зекири.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom