не праќаа организирано да чекаме штафета, еднаш пешки од Охис до раскрсница кај Цементара, во работно време ама задолжително, само некој ескивираа... и тоа дрвената штафета, неколку години по смртта на Тито.. А имаше и масовни напуштања од работа да се следи на ТВ утакмица на репрезентација на Југославија против Грција, па и други такви случки...па не смее. Додека си работел си излегувал кога ќе ти текнело?
едноставно е, без дозвола на работодавецот, ти не смееш да напуштиш работно место, без разлика дали си во државна или приватна фирма. Ако се најавува штрајк, синдикатот мора да го извести работодавачот...ама ова не е штрајк. Од јавните и државните селективно групи вработени напуштале работно место за политички да контрапротестираат. Најди еден член во закон каде ова е дозволено.
Но да се вратиме на проблемот, тоа што 300 или 500 луѓе ( нивните работни саати) е еден проблем, друг поголем проблем е што тие вработени луѓе или пак невработени платеници, ќе го блокираат градот и ќе одземат многу повеќе работни саати, потрошено гориво, загадување а и нервози, попречени одења на доктори и други важни работи.
Останувам на тоа да се забрани законски секаква манифестација во работен ден и на место кое ги блокира граѓаните и им нанесува и на нив и на државата матерјални штети, има Недела, има Градски парк и други погодни места.
Во спротивно би имале нелојална политичка борба, тие што би добивале пари од надвор, да плаќаат невработени платеници би биле форсирани наспрема партиите што немаат таква подршка.[DOUBLEPOST=1476554460][/DOUBLEPOST]
ова што го напишав е ноторен Факт, затоа и сдсм се бори да го урне буџетот и да ја дестабилизира државата, нивните подржувачи и аналитичари перманентно го кажуваат и советуваат тоа.Нема на форумов тема кај што можи да се смести вакво мислење, ваква глупост ни со 2 кила ракија испиена нормален човек тешко да кажи
Не може да се игра на 2 столчиња, нормално е секаде дека новата власт ја чисти главнината од државната администрација а таа пак секогаш гласа за статус кво...
од друга страна сите партиски активисти очекуваат сместување на добро и сигурно работно место, никој не трчкара за ку*ово здравје... Но и победа на партијата не значи дека 100% си обезбеден, има конкуренција и внатре во партијата...
Ветување на старата државна администрација дека ќе остане е несериозно од аспект што веќе е преголема и нема простор за двојна државна администрација
Последно уредено: