Протести на средношколците во Струга

  • Креатор на темата Креатор на темата G e G o
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Возраст
41
Локација
кај дримон
Веб-сајт
www.facebook.com
Над илјада ученици-Македонци од двете средни училишта во Струга денес наместо на настава излегоа на протести притоа барајки воведување на етнички смени во Гимназијата Ибрахим Темо и стручното училиште Нико Нестор.Протестите започнаа пред влезот на двете училишта каде на учениците од првата им се приклучија и учениците од втората смена.Протестите се преселија на струшките улици и пред зградата на општината.-Бараме да се почитува одлуката донесена од страна на раководните структури на двете училишта и градоначалникот од десетти Март да се учи во етнички смени-вели Јовче Дјутески,ученик во втора година.Тој додава дека етничките тепачки се секогаш можни со оглед дека околу 2800 ученици од двете училишта делат заеднички двор.Матурантката, во струшкта Гимназија Светлана Т.вели дека за надминување на проблемите барале помошод професорите и од локалната власт-Етничките смени нема долгорочно да ги решат проблемите но барем ке ги натераат надлежните поодговорно да се однесуваат кон овој проблем.
Директорката на Нико Нестор,Мирјана Докоска смета дека не се создадени услови за воведување на етнички смени-Ние правиме се за надминување на проблемите со тепачките.исклучивме еден ученик директно инволвиран во тепачките а друг доби опомена пред искулучување.Работиме на создавање на технички услови за побезбедна настава,како отварање на нови влезови,засилена контрола и слично.
Таа додава дека е потребна поголема соработка медју двете училишта бидејки проблемите биле заеднички.
Претседателот на Советот на родители во Ибарахим Темо,Берат Села смета дека родителите се најмногу оптоварени со етничките тепачки меѓу учениците-Одговорноста треба да ја понесеме сите,родителите,наставниците и локалната власт-вели Села.Тој додава дека и условите во двете училишта не соодветствуваат на потребите на околу 2800 ученици.

Извадено од утрешниот весник
 
Абе гледате шо се случува.......
Која иднина ја има оваа држава кога македонските ученици се плашат да одат во иста смена со албанските?
И ги оправдувам.....И јас не би сакал моето дете да оди во исто училиште со некој шо застанал на одредено ниво од еволуцијата........
Не знам шо сакаат нашиве сограѓани....ама може и од глава да им се удри......
 
Oва нечини...

Ми мириса на нешто многу лошо...
 
Изгледа сум грешка еве "закон" било :tapp:

Не ми е јасно што има тука закон ако неодиш еден два во школо.

Ама ајде ти си бил таму, таму живееш сигурно ти си знаеш подобро, што чини а што не.
 
абе другар... тензија е голема... сфакаш.... сепак би било боље да сме во различни смени... секој ден после тепачките по 30 полицајци , 5-6 алфи и куп обезбедување... неможе тоа зесекогаш така ... а иначе рамиз мерко нашиот поштован градоначалник излезе да даде изјава ( пошо бевме пред зградата на општина) и си излезе си помафта и вика ке биде за 1 месец 2.... ние сите wtf.... :S ! па после одитовме нашкола па после протеситарвме на раскирсинацата на афтопатот... но сепак без резултат...сега беше свикан совет со сите претседали на класовите така да ако не се најде решение утре пак ! :0 pozz:smir:
 
За вакви фонтови итн итн...користете конвертор


Над илјада ученици-Македонци од двете средни училишта во Струга денес наместо на настава излегоа на протести притоа барајки воведување на етнички смени во Гимназијата Ибрахим Темо и стручното училиште Нико Нестор.Протестите започнаа пред влезот на двете училишта каде на учениците од првата им се приклучија и учениците од втората смена.Протестите се преселија на струшките улици и пред зградата на општината.-Бараме да се почитува одлуката донесена од страна на раководните структури на двете училишта и градоначалникот од десетти Март да се учи во етнички смени-вели Јовче Дјутески,ученик во втора година.Тој додава дека етничките тепачки се секогаш можни со оглед дека околу 2800 ученици од двете училишта делат заеднички двор.Матурантката, во струшкта Гимназија Светлана Т.вели дека за надминување на проблемите барале помошод професорите и од локалната власт-Етничките смени нема долгорочно да ги решат проблемите но барем ке ги натераат надлежните поодговорно да се однесуваат кон овој проблем.
Директорката на Нико Нестор,Мирјана Докоска смета дека не се создадени услови за воведување на етнички смени-Ние правиме се за надминување на проблемите со тепачките.исклучивме еден ученик директно инволвиран во тепачките а друг доби опомена пред искулучување.Работиме на создавање на технички услови за побезбедна настава,како отварање на нови влезови,засилена контрола и слично.
Таа додава дека е потребна поголема соработка медју двете училишта бидејки проблемите биле заеднички.
Претседателот на Советот на родители во Ибарахим Темо,Берат Села смета дека родителите се најмногу оптоварени со етничките тепачки медју учениците-Одговорноста треба да ја понесеме сите,родителите,наставниците и локалната власт-вели Села.Тој додава дека и условите во двете училишта не соодветствуваат на потребите на околу 2800 ученици.
 
абе другар... тензија е голема... сфакаш.... сепак би било боље да сме во различни смени... секој ден после тепачките по 30 полицајци , 5-6 алфи и куп обезбедување... неможе тоа зесекогаш така ... а иначе рамиз мерко нашиот поштован градоначалник излезе да даде изјава ( пошо бевме пред зградата на општина) и си излезе си помафта и вика ке биде за 1 месец 2.... ние сите wtf.... :S ! па после одитовме нашкола па после протеситарвме на раскирсинацата на афтопатот... но сепак без резултат...сега беше свикан совет со сите претседали на класовите така да ако не се најде решение утре пак ! :0 pozz:smir:

Од неодамнешната историjа. Октомври 2006:

По завчерашните многубројни тепачки на млади луѓе во различни делови на главниот град

Полицијата ги смирува меѓуетничките тензии на скопските средношколци

Жаклина Ѓорѓевиќ

3848.jpg


Полицијата на скопските улици за време на средношколските протести


Скопје вчера навидум се смири, откако во изминатите три дена жителите на овој град беа вчудовидени и вознемирени поради многубројните тепачки меѓу средношколците - Албанци и Македонци. Полицијата, во униформа и во цивилка, во текот на вчерашниот ден патролираше во критичните места, посебно на Бит-пазар, во Автокоманда и во близина на комплексот факултети. Од Јавното сообраќајно претпријатие потврдуваат дека полициско обезбедување има и на неколку постојки, но и во автобусите. Вчера проструи веста за нова тепачка што, наводно, се случила на автобуската линија број "два", каде што едно дете било претепано, а можеа да се слушнат и шпекулации дека дури било и прободено. МВР не ја потврди оваа информација, но затоа излезе со ново соопштение за пет инциденти, кои се случиле завчера, со образложение дека целосната слика за тепачките ќе ја имаат дури в понеделник.

Лидерот на Унијата на средношколци-Албанци на Македонија, Фатон Круези, вчера изјави дека како средношколец жали за смртта на матурантот од Тетово, Ванчо Јосифовски и дека целосно го осудуваат инцидентот доколку тој е убиен само затоа што е средношколец - Македонец. Од друга страна, тој додаде дека како Унија целосен став ќе заземат дури откако МВР ќе ги открие вистинските мотиви за убиството. Лидерот на Средношколската унија на Македонија, Александар Николовски, вчера се сретна со претставници на ОБСЕ, кои му ветиле дека ќе извршат притисок кај Трајковски, Поповски и Црвенковски за да се сретнат со него. Во некои средни училишта вчера немаше настава поради стравот на родителите кои не ги пуштија нивните деца од безбедносни причини, но и поради отворената поддршка од некои директори и професори за протести во кругот на училиштата.

Од Градската општа болница вчера потврдија дека пред два дена примиле уште еден случај, покрај претепаниот Македонец-муслиман Арун Алимовски. Станува збор за седумнаесетгодишниот В.Ј. од Скопје, кој со куршуми бил погоден во двете нозе. Неговата мајка вели дека заедно со сопругот го зеле порано синот од болница, бидејќи тој бил преплашен од инцидентот. "Пукаа врз мојот син без никаква причина. Тоа се случи завчера по 16 часот, во близина на албанската амбасада. Тој одел кај едно од своите другарчиња во Бутел 2 кога од голема близина е пукано во него. Но, мојот син не видел од каде е пукано и кој го погодил. Повреден е во прстите од десната нога и во потколеницата од левата нога", раскажува мајката на седуманесетгодишниот В.Ј, видно исплашена од инцидентот. Таа тврди дека немало никаква конкретна причина за напад врз нејзиниот син.

Полицијата го потврди овој инцидент, но и уште четири други од истиот ден. Според нив, на 24 октомври околу 11 часот, на булеварот "Крсте Мисирков", на еден од паркинзите кај Универзитетскиот кампус, околу 10 Албанци физички го нападнале дваесет и едногодишниот З.Ј. од Скопје, при што му нанеле повреди на главата и телото. Истиот ден, околу 14,30 часот, на булеварот "Никола Карев", во автобусот на ЈСП со број "65", 20-ина Албанци се качиле во автобусот, ги прашувале патниците како се викаат, по што физички го нападнале седуманесетгодишниот ученик од ЕМУЦ В.И., при што му нанеле повреди по главата и телото. Во исто време, во автобус на ЈСП, што сообраќа на релација Хиподром - Државна болница, поголема група ученици-Албанци од АСУЦ и од ЕМУЦ се качиле во автобусот и со тврди предмети го нападнале дваесет и едногодишниот А.Д., при што му нанеле повреди по телото. МВР известува и дека околу 18,45 часот, на автобуската постојка во населбата Нерези во Скопје, околу 10 Албанци во автобус на ЈСП што сообраќа на релација Скопје - Сарај, му се обратиле на шеснаесетгодишниот М.Б. на албански јазик. Откако тој не ги разбрал, Албанците го нападнале физички, нанесувајќи му повреди на главата и телото.

Во ЈСП не ја потврдија информацијата дека вчера имало нов инцидент во автобуската линија "2", иако потенцираат дека имало многу инциденти претходните два дена. Според раководителот на внатрешната контрола во ЈСП, Доне Макриевски, најголемите инциденти се случиле кај Бит-пазар, кај училиштето "Коце Металец", и тоа најмногу со автобусите кои сообраќаат кон Стајковци, Арачиново и Страчинци. Тој потврди инцидент кај "Коце Металец", кога во автобус број "65" влегла поголема група деца Македонци и им се нафрлиле на пет Албанци. Според него, кај зградата на "Светлост" завчера бил повреден еден ученик - Македонец во тепачка со поголема група Албанци, по што тој е пренесен в болница. По овој инцидент, имало уште еден инцидент на истото место кога повторно бил сопрен автобус, овој пат број "63", но полицијата го спречила навреме овој инцидент. Макриевски вели дека поради безбедносни причини ја укинале линијата "65", но повторно ја пуштиле вчера. Макриевски објасни дека пред пет дена имало и пукање што го слушнале патниците што се возат кон село Моране.

http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=1003&stID=4972&pR=2
 
па после одитовме нашкола па после протеситарвме на раскирсинацата на афтопатот...

Za tebe treba da ima nastava i vo sabota+nedela(katastrofa pisuvas) ;)


a za temata, ovie tepacki vece stanaa dosadni..zarem tolku tesko e da se najde edno resenije ?
 
Не е прв пат да има тепачки меѓу средношколци во струга

Ова не сакам да се повтори :( тогаш беше хаос по цел град не само во нико нестор

Година: 3 Број:714 Сабота 11/23/2002



[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Тепачките меѓу младите Македонци и Албанци, што започнаа пред три дена во ЦСО "Нико Нестор" во Струга, вчера попладне ескалираа и се проширија и по централните градски улици и по чаршијата. Во уличните пресметки биле повредени повеќе ученици кои биле пренесени во струшката болница. На еден ученик му е исечено увото, а друг добил посекотина на главата, која му е сошиена со десет конци. Во болницата бил донесен и ученик со скршена рака. Оштетени се и многу возила. Во доцните попладневни часови ситуацијата се смирила. Полицијата била присутна и не дозволила насилството да се омасови.[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Според кажувањата на родители, чии деца учат во ЦСО "Нико Нестор" во Струга, вчера поради меѓусебните пресметки на средношколците, наставата била прекината, а учениците предвреме биле испратени дома. Меѓу стружани владее напнатост и страв овие пресметки меѓу средношколците да не се изродат во поголеми инциденти. Неофицијално дознаваме дека кон Струга попладнево заминала и една група средношколци од Охрид.[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Тепачките меѓу младите Македонци и Албанци започнаа уште во средата во ЦСО "Нико Нестор" во Струга, продолжија следниот ден по струшките улици, а вчера настаните добија пошироки размери.[/FONT]
 
За тие што не знаат, Штрајк не е исто со тепачка, така да се си помина во најдобар ред. Со штрајкот се бара македонците да се оделат од албанците, т.е. да не поделат во етнички смени. Иначе, многу масовно беше. :)
 
мала шега... btw утре пак на истото место во 9..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom