- Член од
- 4 април 2006
- Мислења
- 9.179
- Поени од реакции
- 3.073
- Возраст
- 41
- Локација
- кај дримон
- Веб-сајт
- www.facebook.com
Над илјада ученици-Македонци од двете средни училишта во Струга денес наместо на настава излегоа на протести притоа барајки воведување на етнички смени во Гимназијата Ибрахим Темо и стручното училиште Нико Нестор.Протестите започнаа пред влезот на двете училишта каде на учениците од првата им се приклучија и учениците од втората смена.Протестите се преселија на струшките улици и пред зградата на општината.-Бараме да се почитува одлуката донесена од страна на раководните структури на двете училишта и градоначалникот од десетти Март да се учи во етнички смени-вели Јовче Дјутески,ученик во втора година.Тој додава дека етничките тепачки се секогаш можни со оглед дека околу 2800 ученици од двете училишта делат заеднички двор.Матурантката, во струшкта Гимназија Светлана Т.вели дека за надминување на проблемите барале помошод професорите и од локалната власт-Етничките смени нема долгорочно да ги решат проблемите но барем ке ги натераат надлежните поодговорно да се однесуваат кон овој проблем.
Директорката на Нико Нестор,Мирјана Докоска смета дека не се создадени услови за воведување на етнички смени-Ние правиме се за надминување на проблемите со тепачките.исклучивме еден ученик директно инволвиран во тепачките а друг доби опомена пред искулучување.Работиме на создавање на технички услови за побезбедна настава,како отварање на нови влезови,засилена контрола и слично.
Таа додава дека е потребна поголема соработка медју двете училишта бидејки проблемите биле заеднички.
Претседателот на Советот на родители во Ибарахим Темо,Берат Села смета дека родителите се најмногу оптоварени со етничките тепачки меѓу учениците-Одговорноста треба да ја понесеме сите,родителите,наставниците и локалната власт-вели Села.Тој додава дека и условите во двете училишта не соодветствуваат на потребите на околу 2800 ученици.
Извадено од утрешниот весник