Има разлика од професор до професор, јас знам дека сестра ми плати 100 евра за нова книга да купи за професорот да и се потпише, иако старата книга(исто издание) од прва братучетка која има завршено и стоеше на располагање. Индекс да имаат фрлено досега, на машински полага на другар брат му, полага сам во канцеларија кај професорот, се му кажува, му вика дај ми го индексот, му го дава, го отвара и му вика празен е, и му го фрла низ џам, му вика кога ќе се врати индексов назад тогаш ќе бидеш положен, во исто време под џам го гледа некој го фрла назад, професорот му пишува шеска и го пушта.(се знаеме на фејс, и линк ќе ти дадам до човекот).
Не си сретнал досега, или си немал проблем со некој професор(дај боже да не сретнеш или да имаш проблем) оти може и да не завршиш. се памти и порано кога се барале сексуални услуги за оценка. Татко ми на земјоделски, со шестар професорот го буши купот на тестови, ги крева ги подава кај асистентот и му вика овие се положени, пред цел амфитеатар.
Нека ја тера работава до крај министеров, ама кога ќе заврши нека фане и да го модернизира тоа универзитетот, барем со асални предавални. купуваат лабораторија од 5 М евра за медицински факултет нема кај да ја сместат.
Многу работа има таму, ама браво за министерот оти покажува волја да ја среди!