Протести на професорите

  • Креатор на темата Креатор на темата leandra
  • Време на започнување Време на започнување

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.565
Што мислите дали се во право за нивните барања или време е некој да ги надгледува? Дали така ќе се подобри системот кој продуцира лоши кадри или ќе отиде се во неповрат заедно со државата?
Прв пат гледам професори на протест,поздрав до нив.
Ве молам без политика.
 
Не сум видел какви барања имаат ама едно знам...штом образованието и здравството се незадоволни тогаш цела држава е отидена у пм :nesum:
 
Дај ако сакаш ископирај од негде какви барања имаат они? веке две недели се кошкаат со министерот ама појма неам што е фората,каков закон сака да им наметне ?


едит:
Студентите на контрапротест во одбрана на реформите
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=133537

„Жалосно е што во Македонија мора да се вметне во законот дека професорите конечно треба да си ја работат онаа работа за што постојат, да држат часови. Секоја чест на професорите кои држат настава, меѓутоа има добар процент кои што се немаат појавено на предавања“, додаде Живковски.


Ако професорите се бунат токму за ова , јас не мислам дека се во право, студент сум и ја знам разликата кога ми предава професор а кога асистентот,претставувањето на матријалот од страна на асистентите е ко без душа,чисто онака нафрлано за разлика од професорот кој знае да ја долови суштината...искуството си го прави своето.
 
По прашањево имам 50-50 став. Многу им се уарни на професориве да праќаат асистенти и демонстратори на предавања додека они се шетаат, си пијат виски во кабинет итн. Значи нека кажат конкретно против која одредба од предложеното се.
Еве на пример она со предлогот за борба против непотизмот, може и да се побие. Читајте тука. Во волку мала држава, треба да бидат забранети крвни врски но до одредено колено. Малку се претерало со тоа кој каде не смее да предава. На крај пошто сме 2 милиони ќе излезе никој нигде нема да смее да предава, зашто има сват што предава таму. Ама затоа пак, синовите и ќерките строго треба да забранат да се бутаат на местото на тато и мама.
 
Оние што најмалку си ја вршат работата (чест на исклучоци) си земаат за право да протестираат? Прв пат гледам вакво нешто.
 
Не се студентите на контрапротести, тоа е СПУКМ.
 
И нормално ќе имаат подршка од студентите кој ќе каже дека тие не се во право дека протестираат.
Спрема мене немаат право професорите да протестираат.
 
Во Македонија ниедна тема неможе да пројде без политика :Р
Демократско право е на секој да може да протестира, инаку кога сме кај системот дека е трул трул е ама рибата смрди од главата :)
треба многу други работи да се сменат за да се спасиме од пропаст не е работата до тоа што се продуцираат лоши кадри, со оглед во какви услови работат најголем дел од факултетите дури излагаат и одлучни кадри , кај нас проблемот е (ова го имам пишано во неколку наврати по форумов) дека никој не си ја врши својата работа како што треба а сите сакаат да се прават паметни и да бистрат политика. ај доста е за сега :)

--- надополнето ---

Не се студентите на контрапротести, тоа е СПУКМ.

со ова се согласувам , со мала допуна не сите членови на СПУКМ тука само тие на кој им наредиле од ШТАБ :)
 
протестираат оти неможат да легачат повеќе, оти им ставаат електронска картичка и треба да се пријават кога влегуваат на работа.
исто протестираат оти треба да објавуваат научни трудови во светски весници, а не политички колумни во весници.
им го стегна јаремот министерот и не им е арно, конечно ќе треба да го спечалат денарот.
Од тоа што гледам министерот го донесе законот(мислам го најави) ректоратот не го бендисаа, отидоа на консултации со него, овој им прифатил голем дел од замерките и го модификувал, сега ректоратов не протестира, протестираат неколку професори, е сеа дали се мрзите професори или партиски професори, нивна работа тоа.
 
протестираат оти неможат да легачат повеќе, оти им ставаат електронска картичка и треба да се пријават кога влегуваат на работа.
исто протестираат оти треба да објавуваат научни трудови во светски весници, а не политички колумни во весници.
им го стегна јаремот министерот и не им е арно, конечно ќе треба да го спечалат денарот.

Тоа е и правата суштина на докторите на науки, а не ко кај нас, ресавска школа.
 
А бе какви научни трудови најголем успех е децата да си ги вработат за да ги заменат на нивните места не е така?

А студентите студираат на факултет затоа што нема што да прават после средно, работа нема и тоа. Научиле што научиле ништо не научиле ама важно се има диплома....
 
А има некаде објавено што донесува законот, и што уствари не им чини !?

А од непотизам, врие во Македонијава. Се согласувам со Rocknrolaa дека не треба до толкави граници,, но кај нас има премногу мамини и татини деца примени по факултетиве.

Врв беше вчера на А1, кога се појавиа 4 професори, ни тие ни новинарката не знаеа што да зборат, испод’ткаа... :pos:
 
Во законот имало нешто од надвор да не тестираат нас студентите? WTF? Афтономијата на факултетот се руши, иначе за другите точки од законот се согласувам.
 
Ги мрзи да работат па протесираат.
Многу добро знам дека не се појавуваа на предавања, дека на таблото ги барав како изгледаат за оценка да си земам, оти само демонстратори и асистенти идеа на предавања. Професорите имаа обврска да одржат 2 часа предавања неделно а останатите 38 часа се за научна работа. Ако не објавиле научни трудови со 38 саата неделно обврски да пишуваат, нека си одат дома. Ми се случувало со возот у 5 и 20 да одам за Скопје да чекам цел ден да се појави професорот и со возот 20 до 11 да се вратам без успех. Професорот не дошол цел ден на работа, а приемен ден му е.

И на крајот на краиштата, што има мене да ме учи демонстратор кој уште не дипломирал??? Плаќаш студии за да ти предава проф.др, ти одат 1200 евра(порано 2500 евра у времето кога не протестираа) и професори НЕМА!!! Ти предава студент со помал просек од твојот, недипломиран, а ти седиш во клупа, дипломиран правник, со положен правосуден испит и 4 годишно работно искуство во темата и слушаш како демонстраторот се обидува да ја убие тремата.

Кој му се работи, нека работи, на кој не.... нека си оди дома. Идат нови генерации што сакаат да работат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom