Ги мрзи да работат па протесираат.
Многу добро знам дека не се појавуваа на предавања, дека на таблото ги барав како изгледаат за оценка да си земам, оти само демонстратори и асистенти идеа на предавања. Професорите имаа обврска да одржат 2 часа предавања неделно а останатите 38 часа се за научна работа. Ако не објавиле научни трудови со 38 саата неделно обврски да пишуваат, нека си одат дома. Ми се случувало со возот у 5 и 20 да одам за Скопје да чекам цел ден да се појави професорот и со возот 20 до 11 да се вратам без успех. Професорот не дошол цел ден на работа, а приемен ден му е.
И на крајот на краиштата, што има мене да ме учи демонстратор кој уште не дипломирал??? Плаќаш студии за да ти предава проф.др, ти одат 1200 евра(порано 2500 евра у времето кога не протестираа) и професори НЕМА!!! Ти предава студент со помал просек од твојот, недипломиран, а ти седиш во клупа, дипломиран правник, со положен правосуден испит и 4 годишно работно искуство во темата и слушаш како демонстраторот се обидува да ја убие тремата.
Кој му се работи, нека работи, на кој не.... нека си оди дома. Идат нови генерации што сакаат да работат.