Целата галама што се крена околу ова има 99 % политички карактер а 1 % само религиозен кој од моја страна е оправдан.Правењето сеир на нечија религија резултира со грев кај верниците, било христијани, будисти, муслимани, хиндиусти и ред други работи. Само некогаш се сфаќа пре-сериозно истото тоа. Морам да напоменам дека моменталната состојба на ниво на национална нетрпеливост е веќе зовриена, па ништо чудно да се појават и инциденти, од поголеми размери.
Нетрпеливоста меѓу албанците и македонците, не била никогаш толку голема, откако се доселија косовските албанци во македонија. Претходно, со староседелските албанци, македонците имаат перфектен однос, како луѓе со луѓе, но од друга етничка припадност и никому тоа не му сметаше ниту го интересираше. И немало, пред 20 тина години, верска и национална нетрпеливост, како што кажав се додека не почна балканот да биде полека, но сигурно испран низ националната перална за мозоци.
Е сега идат времињата, кога веќе се менува цела онаа слика што ја имаше народот стекнато за соживот од југословенско време, гледаме како во сопствена држава, која е под македонско ропство, успева да биде и нападната од други страни, и ја имаме најчудната власт која абер нема што се случува ниту пак планира нешто да стори, исто како 2001, исто сега и 2012 изгледа ќе биди, ама апсолутно никој од фотелја не ти мрднува туку ќе иштампа некое писмо секретарката и тоа е све.
Е па, драги македонци, верските водичи наречени ОЏИ знаат да соберат и по цели СЕЛА И ГРАДОВИ на дерс за некој празник, за некое учење, и да ги поучат истите, знаат да соберат 5000 граѓани за еден ден, и да одат на протести (во струга за карневалот) и ред други работи.
Ја браните црквата, се нервирате за црквата, океј, ајде ете и јас да речеме не го оправдувам не сум христијанин ама сепак објектот ни крив ни должен, посебно ако е културно-историско богатство нема потреба да биди запален.
МПЦ, знае да одржи една литургија на старословенски јазик и да собере добар кеш од граѓаните, да вози џипови и да ужива а кога ќе дојди нешто, знае да ве благослови со лап топите да бидат во вашите глави и срца, морам да признаам, апдејтирање на религијата, можеби утре нема да биди :Да ни даде господ разум, можеби ќе биде, да ви најача господ рам меморија, да ви зголеми хард диск за да учите подобро, на слепите да им даде по една Џи-Форс графичка, и тие да прогледаат малце, на глувите по едни ЛЏ сараунд...итн..
Значи, почнувајќи од пастирите, кој се главни за тоа, каде ќе пасат овците, така и во случајот, верските и политичките водичи се тие кои треба да го упатат народот на добро и да го поучат, и да му дадат еден правец, како во југославија што ги учеа, за мир и братство и единство, каде кога врнеше кај сите врнеше под еднакво, кога грееше сонце кај сите грееше, и така натака., значи каде е тука МПЦ да си го собере стадото и поучи, а не да го дели, каде е власта да го собере стадото и поучи на единство меѓу себе...ама нешто ми вика одвнатре : Раздели па владеј! Ете тоа е денес што го убива сето она убаво и замислено сценарио: СОЖИВОТ И ЕДИНСТВО!
Значи, сепак проблемот лежи кај нас. До некаде, затоа што упорно се дозволува. Македончето, кога протестираше за грозјето валјда беше во св. николе, тетка од 60 години ни крива ни должна, која си ги бараше парите кои не и ги исплатија, си го однесе на најдрзок начин, со пендракот во чело. Зошто? Сепак гледаме дека македончето не се цени, затоа што е македонче туку парите играат голема улога. И протестите од страна на тутунарите беа политички организирани, едната партија тутунари оди на протест, додека другите се пратени да протестираат ПРОТИВ НИВ.
И така се до недоглед, е па истото ни се случува во моментов со протести, со палење со глупирање. Како што напоменав погоре, целиот протест има политичка основа, а само 1 % е религиозна основа. Доколку беше религиозна основата, и стварно толку се креваше галама, мислам дека досега по форуми само голем број членови изнатрескаа зелени за исламот.
Исто така еве како што објавија претходно некои членови видео од јутуб, типот упорно сере против куранот:
http://www.youtube.com/watch?v=Ugws...xt=C3bad037UDOEgsToPDskLDlCHbMrvm8mF5aBtpFxRV.
Саут парк и други цртани и комичари успеваат да најдат смешно во исламот и да го исмеваат. Сепак тука не видов бунење, но во македонија ова се крена на голема нога. Затоа, нема ни потреба да се фаќаме како слеп за сламка, убаво се гледа која е причината овде и дека се чека само една искра, за бурето-барут повторно да експлодира, но овој пат во поголеми размери.Случајот е политички исцениран, и полека, оттргнете ги верските обичаи и причини за кавги и освртете се на тоа што политиката прави. Тука е клучниот момент.
Сепак, ќе препорачам мир и соживот, ама звучам ко стара баба , па затоа ќе речам: Добро бе да му ебам белјата, толку ви се пука, ви се вика, ви се лудува, еднаш не можите да седните мирно?