Се согласувам и не. Увозните добра ќе поскапат затоа што толку се скапи кај што ги прават, но нема да дојдат луксузни добра, затоа што ние вода у очи немаме а не па луксузни добра да купуваме од запад, на пр. Ролекс. Ролекс и да се продава у мк, ќе се продава на иста цена и во Швицарска (лупам). Не гледај ти ако дојде храна од странство, тука ние сме заебани зашто ни е по дефолт скапа храната, истата е ефтина во Германија, па мислиш ете види не рипа. Ете имаше пример за да можат да намалат цена на Нестле, тоа што го пласирале на балкан било со помалку лешници, иначе нема да им се продава ако го пласираа истиот производ што е и во Германија.
А за локално си апсолутно во право, рипнат ли платите, нормално е да рипнат цените, освен на квадратот, таму е извон економска логика, рипаат додека има побарувачка, нема врска плата/млата. Е сеа колку ќе рипнат, збориме за основни работи, треба државата ко у Германија да регулира, да има и за тате и за бате, т.е. и маркетот да печели и да работи но не да го дере народот на работи што мора да се купат, нека пука маргини на лукс стоки.
Ама па ако си мераклија ко мене на шетање извон државата, ќе имаш повисока куповна моќ дур шеташ. Тоа е нуспродуктен бенефит ама сепак го има.