- Член од
- 6 февруари 2005
- Мислења
- 9.722
- Поени од реакции
- 248
Врачен протест на амбасадорката на Грција за антимакедонските скандирања од грчки војници
Во Министерството за надворешни работи на Република Македонија денеска беше повикана на разговор Теодора Гросоманиду, амбасадор и шеф на Канцеларијата за врски на Република Грција.
Повод за средбата, како што е наведено во соопштението од МНР, беа видео снимките од воена парада организирана на 28 октомври 2005 година, во Солун, чија веродостојност беше потврдена денеска.
- Со незадоволство беше истакнато дека на снимките се прикажани грчки воени единици, кои извикуваат пароли со навредлива содржина за Република Македонија. За време на разговорот, дополнително, беше укажано дека тие појави не се во духот на декларираните заложби за добрососедство и пријателство и дека негативно се одразуваат на односите меѓу двете држави и народи, се наведува во соопштението.
Од МНР истакнуваат дека е побарано овој протест најитно да биде пренесен на надлежните институции во Грција, со очекување официјална Атина да се огради и да ги осуди овие појави.
Извор : Влада
Скопје, 15 март