B. Boop
Princ: Најозбилна...
- Член од
- 19 мај 2006
- Мислења
- 1.302
- Поени од реакции
- 263
Зошто целиот муабет го вртите околу циганите и каде одат парите што ги просат? Ако сакаш да помогнеш некому што ти бара, дај и не прашувај за што му се. Ако не, помини го со свртена глава на другата страна. Кога давам на луѓе кои бараат милост, само ставам на рака парите и заминувам, ама ич не ме интересира дали ќе купи храна, шампон или пак тампони. Моето е завршено.
Сепак да застанеш на улица и да молиш за 5 денари не верувам дека тоа го прават од што дома татко им вози мерцедес или пак ги чека голема патка добро испечена на маса + десерт.
Нате, проблем е што тие дечиња што се цел ден на улица не ги користат парите туку им ги зема родителот. На многу раскрсници сум го видела примеров. Родителите лежат на трева, а децата просат на улица, на сонце, по цел ден, голи и боси, меѓу сообраќај и коли. Нели родителот требаше да работи за детето, а не обратно. Тоа е моментот. Инаку не верувам дека нема да му дадеш на дете пари за храна ако стварно нема во моментот што да јаде.